Author: dino

Во последните 24-часа се откриени тројца нови заболени од Ковид-19 на ЛОИ во Токио, соопштија организаторите. Сега бројот на заразени спортисти на Игрите во главниот град на Јапонија се зголеми на 20 во последните две недели а вкупниот број на заразени во олимпиското село е 23-ри вклучувајќи и дел од персоналот. Бројот на заразени со КОВИД-19 околу Игрите се зголеми на 198 од почетокот на месецов. Вкупно 39.209 акредитирани странски државјани пристигнаа во земјата за Игрите до 27 јули, соопштија локалните власти.

Read More

Светските шампиони од Ирска, Финтон Мекарти и Пол О’Донован, очекувано ја освоија олимписката титула во дисциплина веслање во парови на Игрите во Токио. Џонатан Ромелман и Мејсон Озборн од Германија останаа со сребрените медали додека бронзените ги освоија, Стефано Опо и Пјетро Рута од Италија. Ирците, светски шампиони од 2019 година, го донесоа првото злато за нивната земја на Игрите во Токио и воопшто првото за Ирска во историјата на веслањето.

Read More

Јуфеи Чанг од Кина стана олимписка шампионка на патеката 200 метри пеперутка на пливачкиот турнир на Игрите во Токио. 23-годишната натпреварувачка  постигна време од 2: 03,86 минути, што е нов олимписки рекорд. Таа во еден ден освои вкупно три медали откако заврши втора на 100 метри пеперутка а победи и во штафетата 4 и 200 метри слободно. 19-годишната Реган Смит од САД го освои среброто а нејзината сонародничка Хали Фликер дојде до бронзата.

Read More

Нашиот таеквондист, Дејан Георгиевски, кој не израдува со сребрен медал на Игрите во Токио, се огласи преку видео-порака пред неговото враќање во татковината. „Голем поздрав до сите во Македонија. Ви благодарам за поддршката и енергијата која ми ја дававте на мене и мојот тим. Од ОИ во Токио доаѓам со сребрен медал со златен отсјај. Ве повикувам утре, четврток, заедно да го прославиме медалот на плоштадот пред триумфалната порта во 19:30 минути. Ве очекувам во што поголем број, со цело срце за Македонија“ – вели Георгиевски. До крајот на Олимпијадата во Токио боите на нашава земја ќе ги бранат уште:…

Read More

Англискиот фудбалски состав Евертон може да го продаде во текот на летово, Ричардсон, кој влегува на радарот на Реал Мадрид, објавија неколку медиуми во Шпанија. „Кралевите“ сакаат да го донесат 24-годишниот фудбалер на „Сантијаго Бернабе“ иако Евертон одреди висока трансферна цена од 90 милиони евра. Ричардсон одигра прилично слаба сезона со скромни 13 гола на 40 мечеви  во сите конкуренции. Напаѓачот на Бразил деновиве настапува на Олимписките игри во Токио.

Read More

Фудбалскиот состав Челзи сака да го испрати дефанзивецот Курт Зума во Севилја за да го ангажира играчот на шпанскиот состав, Жил Кунде. Понудата на европскиот клупски шампон е 30-35 милиони евра плус 26-годишниот Французин. Според најавите, пак, Кунде ги прецизирал личните барања со „сините“ и ќе добие  договор до 2026-та. 22-годишниот интернационалец од Франција во претходната сезона забележа 49 натпревари со 4 погодоци и 1 асистенција.

Read More

Тениските мечеви на Олимписките игри во Токио од утре ќе бидат преместени во попладневните часови со цел да се заштитат играчите од високите температури. Тие ќе започнуваат од 15 часот по јапонско време или од осум часот по средноевропско време.Како главна причини за оваа одлкука се наведени високите температури и големата влажност на воздухот кои го загрозуваат здравјето на тенисерите и тенисерките. Жијонг Ши во категоријата до 73 килограми во кревање тегови го освои златниот медал со подигнати 364 килограми со што го поправи сопствениот светски рекорд . Сребрениот медал го освои натпреварувачот од Венецуела, Перни Мајора а бронзениот  Рахмат Абдулах од Индонезија Најдобрата…

Read More

Дејан Георгиевски, со големи букви ќе биде запишан во македонскиот спортски алманах откако  обезбеди сребрен медал на Олимпијадата во Токио. Тој во финалето во таеквондо во плус 80 килограми загуби на поени со 15:9 од светскиот шампион Русинот, Владислав Ларин. 22-годишниот Георгиевски со денешните победи против Алба Кастилјо (Куба), Седу Гбане (Брег Слонова Коска), Кјо Дон Ин (Кореја), успеа да го надмине остварувањето на натурализираниот борач, Могомед Ибрагимов, кој на Игрите во Сиднеј во 2000 година освои бронзен медал што досега беше и единствениот за мак-спортот по осамостојувањето на Олимписките Игри. Еве ги сите македонски спортисти кои обезбедиле медал…

Read More

Кариса Мур (САД) која е родена на Хаваи, ја освои  првата олимписка титула во женско сурфање откако во финалето на плажата – Цуригасаки, ја победи Бјанка Бутендаг од Јужна Африка. Американката го освои златото во првиот бран со резултат 7,60, на што додаде уште 7,33 во вториот за вкупно 14,93 поени. Бутендаг го заврши финалето со 8,46 поени. Титулата на Кариса Мур лесно можеше да се предвиди.Таа е четирикратен светски шампион во сурфање. Јоланда Неф, стана олимписки шампион во планински велосипедизам на игрите во Токио. 28-годишната Швајцарка која има пет златни и два сребрени медала од светски шампионати, ја помина…

Read More

Германскиот фудбалски клуб Херта (Берлин), објави, дека потпишал договор со Стеван Јоветиќ. 31-годишниот Црногорец кој треба да остане во клубот до 2023 година, има опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Поранешниот играч на Партизан, Фиорентина, Манчестер Сити, Интер и Севилја, во текот на летово како слободен играч го напушти тимот на Монако. Напаѓачот во сезоната 2020/21 на одиграни 33 натпревари за французите во сите конкуренции, постигна 7 голови и направи 1 асистенција.

Read More