Нов Зеланд ја победи Франција со 26:12 (19: 5) и освои злато на женскиот олимписки турнир во рагби. Селекцијата на Фиџи го освои бронзениот медал откако победи против Велика Британија со 21:12. Швајцарката, Нина Кристен, со нов олимписки рекорд го освои златото во стрелаштво во дисциплината пушка на 50 метри Таа оствари 463,9 поени. Зад неа завршија две Русинки. Јулија Зикова е втора 461,9 поени а Јулија Каримова со 450,3 поени ја освои бронзата. Мете Газоз го освои првото злато за Турција на Олимписките игри откако во финалето во стрелаштво го победи Италијанецот, Мауро Несполи со 6:4 .Во мечот за…
Author: dino
Македонскиот теквондист, Дејан Георгиевски, кој се врати со сребрен медал од ЛОИ во Токио, имаш прием кај Премиерот, Зоран Заев. „За време на разговорот премиерот Заев рече дека успехот на Георгиевски е поттик за Агенцијата за млади и спорт да ги унапреди условите за развој на теквондото и другите олимписки дисциплини за кои се заинтересирани младите“ – стои во соопштението од Владата. Дејан Георгиевски кој направи историски успех за мак-спортот на Олимпијдата во Јапонија, ќе биде парично награден од Владата со вкупни 2 милиони и 600.000 денари.
Лидерот на тениската АТП листа, Новак Ѓоковиќ остана без медал на ЛОИ во Токио откако во битката за бронза загуби од Пабло Карено-Буста со 2:1 во сетови (6:4, 6:7 и 6:3). На стартот на третиот сет Србинот пропушти шанса за брејк и во афектна состојба го фрли рекетот на трибините. Ѓоковиќ по поразот се повлече од мечот за бронза во мешани двојки. Тој и неговата партнерка Нина Стојановиќ требаше да играат со Ешли Барти и Џон Пирс од Австралија. Хрватска ја доби дерби пресметката со Србија во претпоследното коло од групната фаза на олимпискиот турнир во ватерполо. „Коцекестите“ славеа со…
По седмиот натпреварувачки дена на Игрите во Токио, селекцијата на Кина го има првото место според бројот на освоени медали. Кинезите имаат 19-ет златни, 10-ет сребрени и 11 бронзени или вкупно -40-ет. На второто место е домаќинот на Олимпијадата, Јапонија со 17 –ет златни, 2-ве сребрени и 7 бронзени или вкупно 28. САД имаат 41-ен медал и тоа 14-ет најсјајни, 16-ет сребрени и 11-ет бронзени. Во топ 5 влегуваат и Руски олимписки комитет со 10-ет златни, 14-ет сребрени и 10-ет бронзени или вкупно 34 како и Олимпијците на Австралија кои 9-ет пати се искачија на највисокото место на пиедесталот, два…
„Локатели сака да замине во Јувентус“ – објави спортскиот директор на Сасуоло, Џовани Карневали, по сите шпекулации околу можен трансфер на напаѓачот во редовите на „старата дама“. „Ќе треба да се договориме со Јувентус бидејќи Локатели има понуда и од англиски клубови“ – објaсни како стојат работите Карневали. Според него, Сасуло ќе продава играчи само до 8 август а потоа ќе ги прекине сите преговори за можни трансфери.
21-годишниот Селемон Барега од Етиопија, го освои златниот медал во трката на 10-ет километри или првата финална атлетска дисциплина на ЛОИ во Токио. Второто место му припадна на Џошуа Џептеги од Кенија додека бронзата заврши на градите на Џејкоб Киплимо. Другите атлетски возбудувања ќе бидат во текот на викендот. Македонија во така наречената -„кралица на спортовите„ ќе го има Јован Стојоски, кој треба да се појави во квалификациите на патеката од 400 метри.
Рафаел Варан кој пред неколку денови го напушти Реал Мадрид и се пресели во англискиот фудбалски гигант, Манчестер Јунајтед, испрати емотивна порака до неговиот претходен клуб. „По 10 неверојатни години во Реал Мадрид, клуб кој секогаш ќе го носам во срцето, дојде време да се разделиме. Сакам да им се заблагодарам на сите. Голема благодарност и до сите навивачи. Имав голема чест да ја делам соблекувалната со најдобрите играчи во светот“ – напиша дефанзивецот. Варан и Хари Мегваер, ќе ја сочинуваат главната стоперска двојка во одбраната на „црвените ѓаволи“.
Шампионот на Премиер-лигата, Манчестер Сити, испрати рекордна понуда од 100 милиони фунти до играчот за Астон Вила, Џек Грилиш, пренесуваат англиските медиуми. Во исто време екипата од „Вила Парк“ подготвува нов договор за нејзиниопт фудбалер со неделна плата од дури 200.000 фунти. Рекордот за најголем трансфер во Англија го има Манчестер Јунајтед кој во 2016 година плати 89 милиони фунти за Французинот, Пол Погба.
Бранителот на златниот медал на олимпискиот турнир во Токио, репрезентацијата на Данска, ја запиша и четвртата победа на дуелот против Португалија (28-34).Микел Хансен запиша историски рекорд и се искачи на врвот на листата најдобри стрелци на Олимписките игри. Данскиот лидер го надмина Јон Кјунг-Шин и сега стои сам на врвот на вечната листа. Јапонската влада денеска одлучи да ја продолжи вонредната состојба до 31 август во три префектури кои се блиску до градот домаќин на Олимпијадата – Токио како и во западната префектура Осака, бидејќи случаите на СОВИД се искачуваат на рекордно ниво. Вчера за прв пат на дневна основа…
Челниците на Шкендија соочени со револтот на навивачката група „балисти“ и слабите резултати во Евро-куповите, се определија да ја прекинат соработката со тренерот, Ернест Ѓока, стои во објавата на официјалниот сајт на тетовскиот клуб. „Шкендија ја раскина соработката со тренерот Ернест Ѓока. Постигната е взаемна согласност за раскин на договорот “ – стои во соопштението на нашиот фудбалски клуб. Македонскиот шампион со двата пораза од Мура беше елиминиран во 1-то квалификациско коло во Лигата на шампионите а синоќа го заврши и настапот во квалификациите за место во Конференциската лига на Европа. Тетовци беа елиминирани од Рига.
