Author: dino

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, се осврна на трансферот на Лео Меси кој ја напушти Барса и се пресели во редовите на ПСЖ. „Ќе видиме како ќе функционира. Нашиот најголем конкурент го загуби најдобриот играч. Можеби уште подобри работи ќе излезат од тоа“ – вели Крос со надеж дека Мбапе ќе ги напушти „светците“ и ќе се пресели на „Сантијаго Бернабе“. Французинот треба да одработи уште една сезона на „Паркот на принцовите“ а потоа ќе биде слободен играч.

Read More

Агенцијата за млади и спорт како долгогодишен поддржувач го најави меморијалниот турнир – „Бранко Хаџииљоски-Чајка“. Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, ја потенцираше нагорната линија на одбојкарските успеси благодарение на успешната работа на федерацијата. Годинава покрај македонската репрезентација ќе учествуваат и селекциите на Црна Гора, Словачка и Израел.Натпреварите ќе се одржат во спортската сала „Борис Трајковски” од 19-21 август со почеток од 20.00 часот. Претседателот на одбојкарската федерација Петар Јовановски и организаторот, Ивица Хаџииљоски, ги повикаа љубителите на одбојката да го проследат настанот.

Read More

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска организираше прием за нашите најдобри ракометни судии,  Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои беа дел од големото финале на ЛОИ во Токио. Мојсовски со одбрани зборови им се заблагодари за целиот придонес во спортот и афирмација на нашава земја надвор од границите. Начевски и Николов кои високо котираат на листата на ЕХФ, покрај посебните признанија што ги примија  од АМС, добија и ветување дека ќе влезат и во конкуренција за државна пензија како заслужни спортисти.

Read More

Тренерот, Оле Гунар Солскјер, побарал од раководството на Манчестер Јунајтед во најбрз можен рок да им бидат продолжени договорите на пет фудбалери. Примарна цел е Бруно Фернандеш кој заработува 100.000 фунти неделно што е речиси четири пати помалку од платата која ја добива Давид Де Геа. Слична е ситуацијата со Хари Мегваер, Лук Шо и Маркус Рашфорд кои добиваат под 200.000 фунти неделно. Клубот континуирано преговара со Пол Погба за неделна плата од 300.000 фунти. Французинот има отворена понуда да замине во ПСЖ.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Јулијан Дрекслер, е блиску до враќање во Бундес-лигата. За него е заинтересиран Баер Леверкузен, пренесува „Кикер“. Германскиот клуб започна преговори за трансфер на Дракслер и понуди 20 милиони евра. 27-годишниот играч за врска неодамна го обнови договорот до 2024 година и се уште не е познато дали ќе се согласи да им се приклучи на „аспирините“. Дрекслер игра за францускиот тим од јануари во 2017. Германецот во претходната сезона забележа 34 натпревари, постигна 4 голови и направи 7 асистенции.

Read More

Тотенхем се вклучи во битката за напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње. Фудбалерот уште не го обновил договорот со клубот кој му истекува во летото во 2022 година. Тоа значи дека Наполитанците можат да се разделат со крилото само за да не го загубат без обештетување, пишува – „La Gazzetta dello Sport“. 30-годишниот Италијанец е на радарот и на Интер. Порталот, Трансфермаркт, го проценува фудбалерот на 48 милиони евра. Инсиње во претходната сезона одигра 48 мечеви во сите натпреварувања, постигна 19 голови и направи 11 асистенции. Инсиње со „аѕурите“ ја освои титулата на Евро 2020.

Read More

 Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џовани Рејна, верува дека неговиот соиграч, Ерлинг Халанд, кој имаше блескава партија на мечот со Ајнтрахт , може да биде еден од најдобрите на сите времиња. „Тој постојано напредува и секој ден додава нешто ново во неговиот репертоар. Може да биде неверојатен“ – вели Рејна кој се осврна и на атмосферата кај „милионерите“ кои се меѓу фаворитите за титулата во Бундес-лигата. „Хемијата во нашиот тим е најдобра откако сум во Дортмунд“ – објасни како размислува Рејна.  

Read More

Поранешниот фудбалер на Монако, Јувентус, Барселона и Арсенал, Тјери Анри, се осврна на трансферот на Лео Меси во францускиот гигант, ПСЖ. Поранешниот напаѓач на „триколорите“ не е убеден дека „светците“  со така наречениот дрим-тим, ќе ја освојат Лигата на шампионите. „ПСЖ не ги реши проблемите со ангажманот на Меси.  Играв со него,  луѓето забораваат дека тогаш не примавме многу голови. ПСЖ и натаму го има тој проблем во одбраната“ – вели Анри. „Тие мора да го поправат тој сегмент. Донесоа неколку засилувања и мора да направат баланс со играта во одбраната“ – нагласи поранешниот голгетер.

Read More

Некогашниот фудбалер на Порто, Челзи, Реал Мадрид и Монако, Рикардо Карвалјо, се обиде да објасни зошто Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе се вбројуваат меѓу најдобрите играчи на светов. „ Кристијано е перфекционист. Тој е најголемиот симбол на Португалија и секогаш е мотивиран да победи“ – истакна Карвалјо кој проговори и за Килијан Мбапе кој му беше соиграч во Монако. „Беше неверојатно да се види како се појавува талент како него. Секогаш сакаше да направи повеќе и чувствуваше дека може“ – вели Карвалјо.

Read More

Македонските кошаркари со денешната победа против Швајцарија од 67 спрема 61 си обезбедија место во квалификациите за Мундијалот во 2023 година. На мечот одигран во рамките на 3 коло во групата „Ф“ во СЦ Јане Сандански, нашите репрезентативци им се реваншираа на Швајцарците за стартниот пораз и воедно успеаа да направат и подобра кош-разлика во меѓусебните пресметки. Во редовите на Македонија се издвоија Мекиќ со 16 и Трајковски со 15 кошеви додека кај противникот Казади застана на 15-ет поени. Утре во 4 коло Швајцарија ќе игра со Словачка додека на 18-ти ние ќе излеземе на мегдан со Словаците. На табелата,…

Read More