Author: dino

Жозе Мурињо имаше успешен старт на кормилото на Рома откако „волчицата“ вчера славеше на теренот на Трабзон со 2:1 во рамките на елиминацискиот дел во Конференциската лига на УЕФА. „Тоа не беше противник на ниво на Конференциската лига, повеќе беше како плеј-оф за Лигата на шампионите. Не беше лесно, тие имаат многу искусни фудбалери. Навивачите исто така создадоа одлична атмосфера“ – вели Португалецот. „Ми се допадна начинот на кој игравме. Треба уште да напредуваме“ – потенцираше новиот тренер на италијанскиот состав.

Read More

Ракометниот состав на Еурофарм Пелистер информира дека навивачите ќе може да бидат присутни на саботниот натпревар од СЕХА-лигата против белорускиот, Мешков Брест, во согласност со протoколите за заштита од Ковид-19. Според новите насоки од Владата, на натпреварот ќе може да присуствуваат фановите кои ќе приложат потврда за извршена ЦЕЛОСНА КОВИД-ВАКЦИНАЦИЈА. Билетите  по цена од 200 денари ќе може да се купат исклучиво преку платформата  (https://kartieurofarm.mk/#). Продажбата на билети ќе започне утре во 18:00 часот.

Read More

Фудбалерот, Емерик Лапорте, дефинитивно сака да си замине од редовите на Манчестер Сити. 27-годишниот дефанзивец кој има договор за уште четири сезони, главно седи на клупата за резерви откако Џон Стоунс и Рубен Диас се зациментираа во првата постава. Емерик сака да се врати во Шпанија бидејќи за неговите услуги се заинтересирани: Барселона, Реал и Атлетико Мадрид. Наводно, Лапорте влегува и во радарот на Јувентус, но, неговата висока плата од 160.000 фунти, претставува голем проблем за „старата дама“.

Read More

Кевин де Бруин (Белгија) од  Манчестер Сити и играчите од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте (Франција) и Жоржињо (Италија), се номинирани од стана на УЕФА за наградата најдобар фудбалер. Победникот ќе биде објавен на 26 август во Истанбул. Номинираните беа избрани по гласањето на жирито составено од тренерите на 24 земји кои учествуваа на ЕП 2020, плус 80 тренери на тимовите што играа во групните фази на Лигата на шампионите и Лига Европа. За наградата кај тренерите конкурираат: Шпанецот, Пеп Гвардиола од Манчестер Сити,  европскиот шампион Роберто Манчини (Италија) и освојувачот на трофејот во Лигата на шампионите, Германецот, Томас…

Read More

Ливерпул се обидува да го направи Мохамед Салах најплатен фудбалер во историјата на Премиер лигата. Интернационалецот од Египет добива 200.000 фунти неделно а клубот ќе му понуди нова соработка за четири сезони со зголемени примања на 230.000 фунти. Актуелниот договор на 29-годишниот напаѓач истекува во 2023 година. Во моментов најголема плата на „Енфилд“ има Холанѓанецот, Вирџил Ван Дајк, кој добива 220.000 фунти. Мохамед Салах на 204 натпревари во дресот на „црвените“ има постигнато 126 голови и направено 49 асистенции.

Read More

Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија на 31 август од 12 часот ќе ги дознае противниците за квалификацискиот дел за пласман на Светското првенство во 2023 година. Ние заедно со Словачка, Црна Гора, Исланд, Белорусија, Летонија, Португалија и Шведска, последни обезбедивме место во квалификациите во кои директно ќе се приклучат: Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Белгија, Бугарија, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Израел, Италија, Литванија, Полска, Холандија, Русија, Шпанија, Турција и Украина. Почетокот на квалификациите за Мундијалот во 2023 година ќе биде во ноември.

Read More

Нашиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев, во последното интервју наведе кој бил клучниот фактор за продолжување на соработката со италијанскиот состав Џенова. „Сакам да му заблагодарам на претседателот на клубот, тренерот и стручниот штаб, моите тимски колеги и сите навивачи на клубот. Поради вашата поддршка, ме убедивте да останам уште една сезона. Со нетрпение ја чекам новата сезона на „Луиџи Ферарис“, напред Џенова“ – порача Горан Пандев. Ќе потсетиме дека популарниот, Гоче, по настапот на ЕУРО 2020 најави дека ќе се прости со репрезентативниот дрес.

Read More

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец, Лео Меси, кој во текот на летово ја напушти Барселона, верува дека ќе му помогне на ПСЖ да ја оствари главната цел во новата сезона. Французите не кријат дека го направија така наречениот „дрим-тим“ само за да дојдат до пехарот во Лигата на шампионите. „Го имам истиот сон и желба да освојам уште една титула во Лига на шампиони. Се надевам дека можеме да ја постигнеме таа цел. Тоа би значело многу за клубот, за мене и за навивачите“ – вели Меси.

Read More

Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, кој се лекуваше подолг период по скршеницата на черепот, проговори за тоа што го преживеал во изминатиот период. „Лекарите детално ме информираа за ризиците. Тоа не се работи што сакам да ги слушнам, но, тие си ја вршат работата. Ми рекоа дека е чудо што сум тука“ – вели Хименез. „Секогаш мислев дека по рехабилитацијата ќе се вратам на теренот, не сум помислил да се повлечам од фудбалот“  – потенцираше фудбалерот на „волците“ кој неодамна се врати во игра.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Марко Розе, верува дека напаѓачот, Ерлинг Халанд, кој е трансферна цел на големите клубови низ Европа може да остане подолг период во германскиот состав. Првиот стрелец на „милионерите“ кој има откупна клаузула од 75 милиони евра, има тeковен договор до 30 јуни во 2024 година. „Ерлинг треба сам да одлучи што ќе прави. Ние сме среќни што игра за нас. Се надевам заедно ќе имаме убава приказна“ – потенцираше тренерот на Борусија Дортмунд.

Read More