Ромелу Лукаку кој во текот на летово го напушти Интер за 115 милиони евра и се врати во редовите на Челзи, вели дека со нетрпение го очекува дербито со Арсенал во рамките на новото коло во Премиер-лигата. „Ќе се обидам на тренинзите да бидам активен 100 проценти. Моите лични цели се совпаѓаат со тие на клубот. Сакам Челзи да победува и да освојува трофеи“ – потенцираше Белгиецот во интервју за официјалната веб -страница на лондончани. „Ми се допаѓа шемата. Можам да дејствувам сам во напад но, исто така можам да бидам во тандем со друг напаѓач“ – вели корпулентниот голгетер.
Author: dino
Голманот на фудбалскиот тим Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ќе остане на стадионот – „Сантијаго Бернабе“ до 30 јуни во 2026 година, објави во текот на денов шпанскиот елитен состав. Белгискиот репрезентативец кој пристигна кај „кралевите“ во 2018 година од редовите на англискиот состав Челзи, денеска го продолжи договорот за уште пет сезони. Куртоа во моментов се вбројува меѓу Топ-5 голманите во европскиот и светскиот фудбал.
Џенова го привлече мексиканскиот дефанзивец, Јохан Васкез, објави официјалната веб -страница на италијанскиот фудбалски состав. Според неофицијалните информации, калчо-тимот платил околу 3,5 милиони евра за да го ангажира репрезентативецот на Мексико кој досега ги бранеше боите на Унам Пумас. Васкез кој во октомври ќе наполни 23 години, игра на позицијата централен дефанзивец, но, одлично се претставува и како лев бек. Васкез кој има одиграно 2 меча за сенироскиот состав на Мексико, во текот на летово на Игрите во Токио се израдува на бронзениот медал.
Италијанскиот фудбалски состав Милан утре ќе ги пушти во продажба влезниците за првиот домашен натпревар во новата сезона. „Росонерите“ на 29 август на стартот на калчо-лигата ќе му бидат домаќини на Калјари. Седумкратниот европски шампион објави дека стадионот – „Сан Сиро“ ќе биде отворен со 50% од капацитетот. Милан најави дека во новата сезона ќе бидат пуштени во продажба дополнително влезници само за одредени натпревари.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе добие плата од ПСЖ во висина од 600.000 евра неделно доколку се согласи догодина да се пресели на „Паркот на принцовите“ откако ќе му истече договорот со англичаните. Францускиот гигант планираше да го привлече играчот од средниот ред во текот на летово, но, трансферот на Лионел Меси ја промени ситуацијата. Според одредени шпекулации, за Французинот се заинтересирани Јувентус и Реал Мадрид.
Првиот човек на фудбалскиот состав Барселона, Хуан Лапорта, посочи дека долгот на Каталонците е 1,35 милијарди евра и дека ситуацијата е критична. „Кога пристигнавме во клубот побаравме заем од 80 милиони евра за да го покриеме платниот список. Инвестиравме и 1,8 милиони евра во стадионот“ – рече Лапорта. Барселона за плати троши од 20 до 25 проценти повеќе од другите клубови и затоа е во континуитет во долгови.
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе стартува од првата позиција на утрешната трката за Големата Награда за Унгарија. Британецот на патеката – „Хунгароринг“ обезбеди најдобро време од 1:15.419 минути пред клупскиот колега, Валтери Ботас. На третата позиција се најде Макс Верстапен од екипата на Ред Бул пред неговиот клупски колега, Серхио Перез. Натаму се наредија: Пјер Гасли, Нандо Лорис, Чарлс Леклерк, Естебан Окон, Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел. По досегашните 10-ет трки, Верстапен има 185 бодови, Хамилтон 177 а Британецот Ландо Норис со болидот на Мекларен собра 113.Кај конструкторите води Ред Бул со 289 поени пред Мерцедес со 285 и…
Фудбалерот на Вулверхемптон, Адама Траоре, кој на 41 натпревар постигна 3 гола и направи 3 асистенции, ќе има шанса да го облече дресот на Лидс, најавија денеска медиумите во Англија. Шефовите на Марсело Биелса започнале преговори со „волците“ за трансфер на 25-годишниот Шпанец. Тие нудат 30 милиони евра a играчот треба да добие договор до крајот на јуни во 2026 година.
Фудбалерот, Гранит Џака. може да остане во Арсенал откако клубот ја одбил понудата од Рома во висина од 12 милиони евра и дополнителни три во форма на бонуси, објави италијанскиот новинар, Фабрицио Романо. „Топчиите“ откако испаднаа од трката за потпсиот на Мануел Локатели, сега ќе се обидат да го убедат Швајцарецот да остане во клубот. Затоа ќе му понудат поголема плата. Во исто време, 28-годишниот играч кој ја имаше капитенската лента, изјави дека сака да ја промени средината.
Фудбалерот на Милан, Исмаел Бенасер, ќе мора да оди во изолација откако добил позитивен тест на Ковид-19. Другите играчи на италијанскиот тим ќе продолжат со редовни активности бидејќи немале контакти со него од претходниот викенд и пријателскиот натпревар со Модена. Во моментов нема прецизна најава до кога играчот на „росонерите“ ќе биде во карантин. Милан денеска ќе игра пријателски меч со Ница.
