Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, одбил понуда да седне на кромилото, на Тотенхем по отказот на Жозе Мурињо во месец април, тврди –„ Газета дело Спорт“. Според информациите, 55-годишниот специјалист сака да ја продолжи соработката со италијанскиот тим бидејќи е задоволен од условите. Весникот додава дека искусниот стратег со 2 милиона евра по сезона, има најмала плата меѓу неговите колеги во врвните екипи во Серија А. Пиоли кој ги презеде „росонерите“ во октомври во 2019 година, по цели седум сезони успеа да го однесе тимот во Лигата на шампионите.

Read More

Хидилин Дијаз, која победи во кревање тегови на Игрите во Токио, го донесе првото злато за Филипини кога станува збор за Летните Олимпијади. Таа со подигнати 127 килограми постави и олимписки рекорд во нејзината категорија. Нејзината земја за сензационалниот успех ќе и подари нов дом и парична награда од 660.000 долари. Бермуда со популација од само 63.000 жители, стана најмалата нација или територија која освоила олимписко злато откако Флора Дафи славеше во триатлонот на Олимписките игри во Токио. Среброто го освои Британката, Џорџија Тејлор-Браун а бронзата, Кејти Заферес од САД. Рикарда Функ од Германија го освои златото во кајак за…

Read More

Бразилскиот фудбалски талент, Кајо Хорхе, потпиша прелиминарен договор со италијанскиот гигант Јувентус, тврди денеска весникот – „Еспорте“. Договорот ќе стапи на сила на 1 јануари во 2022 година а младиот напаѓач ќе и се приклучи на Старата дама со слободен трансфер. Актуелниот договор на Кајо Хорхе со неговиот матичен клуб, Сантош, ќе истече годинава на 31 декември.

Read More

Фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Един Џеко, проговори за неговата иднина во дресот на Рома. Напаѓачот кој треба да ја одработи последната година од договорот со екипата од „Олимпико“, постојано се поврзува со одредени шпекулации дека може да го напушти италијaнскиот состав. „Уморен сум од сите шпекулации поврзани со моето име. Сега размислувам само за Рома и за ништо друго“ – истакна Џеко за – „Скај Спорт Италија“.

Read More

Македонскиот олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски ќе се бори за златниот медал во категоријата плус 80 кг на Летните олимписки игри во Токио. Тој досега забележа три победи против светскиот шампион, Кубанецот Кастиња, (11:8) натпреварувачот од Брег Слонова Коска, Сејду Гбане (9:4) и во полу-финалето против  Кјо Ин од Кореја со 12:6 на поени. Георгиевски со влезот во големото финале си обезбеди во најмала рака сребрен медал. Таму го очекува битка со Русинот, Ларин.

Read More

Првиот човек на светската атлетика, Себастијан Коу, по скандалот со ШаКари Ричардсон од САД, најави дека треба да се разговара за правилата за употреба на канабисот во спортот. Познато е дека Американката која се вбројуваше меѓу фаворитите на спринтот на 100 метри, мораше да ги пропушти Олимписките игри во Токио поради позитивен тест. Ричардсон која беше осудена на еден месец, рече дека пушела марихуана под влијание на емоциите по смртта на нејзината мајка. „Треба повторно да ги разгледаме правилата. Жал ми е за ШаКари. Олимпијадата изгуби еден од најголемите таленти. Сигурен сум дека таа ќе го надмине тоа што се…

Read More

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба, не прифатил намалување на платата и затоа ќе биде ставен на трансфер-листата, објавија извори блиски до каталонскиот фудбалски клуб. Откако ветеранот не се согласил со предлогот на управата се со цел да се намали финансиската криза, многу членови сакаат шпанскиот репрезентативец да биде продаден. Доколку Алба навистина го напушти „Камп Ноу“, тогаш Барса ќе се обиде да го ангажира Хозе Гаја од Валенсија.

Read More

Шпанскиот дефанзивец, Серхио Рамос, нема да дебитири за ПСЖ на  пријателскиот натпревар против Севилја откако тренерот, Маурицио Покетино, го изостави од списокот на пријавени фудбалери. Корпулентниот стопер кој во текот на летово дојде како големо засилување од Реал Мадрид, не работеше на тренинзите во последниве денови поради болка во мускулот. ПСЖ првиот официјален меч во новата сезона ќе го одигра в недела против Лил во Супер-купот на Франција. Новата сезона во Лига 1 ќе стартува на 7 август a „светците“ во првото коло ќе играат со Троа.

Read More

Нашиот натпреварувач во таеквондо, Дејан Георгиевски, го совлада Сејду Гбане од Брег Слонова Коска на поени со 9-4 и влезе меѓу најдобрите 4-ца во категоријата плус 80 килограми на Летните Олимписки Игри во Токио. Македонскиот олимпиец уште на стартот на денот беше фантастичен и забалежа победа против актуелниот светски шампион Кубанецот, Рафаел Кастиљо Алба со 11-8 на поени. Георгиевски сега го очекува битка со Ин од Кореја.

Read More

Властите во Токио објавија дека преку 270.000 тестови за Ковид-19 биле направени од 1 јули, од кои преку 120.000 на спортистите кои се дел од ЛОИ. Во олимпиското село во последните 24 часа има 7 нови заразени што значи дека бројката меѓу Олимпијците се искачи на 18-ет. Тука се вклучени и пет позитивни примероци на спортисти кои се подгтвувале надвор од главниот град на Јапонија пред почетокот на игрите.  

Read More