Германскиот фудбалски состав, Борусија Дортмунд, успеа да го купи крилниот офанзивец на холандскиот ПСВ Ајндховен, Дони Мален. „Милионерите“ за неговите услуги платија скромни 30 милиони евра. Тој треба да биде замена за Џејдон Санчо кој се упати во редовите на Манчестер Јунајтед. Младиот играч во текот на денов треба да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот до 2025 година.
Author: dino
Нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат ракометното дерби Шпанија – Норвешка во рамките на второто коло на машкиот турнир на Олимпијадата во Токио. Натпреварот ќе биде одигран утре од 09.15 часот. Во првата рунда „Црвената Фурија“ ја совлада минимално Германија додека Скандинавците беа подобри од Бразил. Македонските судии беа активни и на стартот на ракометните возбудувања и го водеа мечот Египет- Португалија во кој победија „фараоните“ со 37:31.
Фудбалскиот состав на ПСЖ е заинтересиран да го ангажира дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, кој треба да одработи уште две години од договорот со италијанскиот состав. Наводно, претставниците на францускиот клуб имале состанок со агентот на играчот, Фали Рамадани, за да откријат под какви услови може да го привлечат на „Паркот на принцовите“. Во исто време и тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, призна дека Кулибали може да биде продаден иако се надева дека тоа нема да се случи.
Кошаркарите на Франција го совладаа така наречениот „дрим-тим“ на САД со 83:76 и го направија првото големо изненадување на Олимписките игри во Токио. Фурние со 28 поени беше најдобар на натпреварот додека Нандо де Коло имаше 13 поени. Кај Американците се издвои Холидеј со 18. Во другите мечеви, Австралија ја совлада Нигерија со 84:67. Италија ја победи Германија со 92:82 додека Чешка славеше против домаќинот Јапонија со 84:78.
Дистрија Красниќи му донесе голема радост на Косово откако во џудо го освои златниот медал во категоријата до 48 килограми. Таа во финалето успеа да ја победи Јапонката, Фуку Тонаки, со минимални 1-0. Красниќи со денешниот успех стана неприкосновена шампионка бидејќи ги обедини титулите од олимписките, светските и европските шампионати.
Ахмед Хафнуи го приреди првото големо изненадување на ЛОИ во Токио откако го освои златниот медал на патеката 400 метри слободно. Тој иако во текот на целата трка доцнеше зад најдобрите, успеа со пеколен финиш да се пробие до првото место. 18-годишен претставник на Тунис ја доби битката со главните фаворити Џек Меклафлин од Австралија и Киран Смит од Соединетие Американски Држави кои завршија на второто и третото место.
Македонската џудистка, Арбреша Реџепи, доживеа елиминација во првото коло на Летните Олимписки Игри во Токио. Таа во категоријата до 52 килограма загуби од Британката, Челзи Жил, за нешто помалку од една минута. Од нашите претставници досега настапија, Борјан Бранковски и Филип Деркоски а нареден што ќе се појави во арените ќе биде Дејан Георгиевски во таеквондо во категоријата до 80 килограми. Неговата прва борба ќе биде на 27 јули во 03:15 часот.
Македонската олимписка делегација предводена од знаменосците, Дејан Георгиевски (таеквондо) и Арбреша Реџепи (џудо), продефилира на свеченото отворање на Летните Олимписки игри во Токио. Во нашата експедиција влегуваат и борачот Могамедгаџи Нуров, пливачите Филип Деркоски и Миа Блажевска-Еминова, атлетичарот Јован Стојоски, потоа Борјан Бранковски во стрелаштво и каратистката Јована Пулексенија. Прв во арените ќе влезе Борјан Бранковски утре во 06.00 часот по наше време апоследен борачот Нуров на 6-ти август.
Џудистката, Арбреша Реџепи, откако имаше серија на негативни тестови за Ковид-19, доби дозвола да се појави на церемонијата на свеченото отворање на Летните олимписки игри во Токио. Македонската џудистка заедно со таеквондистот, Дејан Георгиевски, ќе го носи нашето знаме. Ќе потсетиме дека Арбреша Реџепи беше упатена во 24 часовен карантин поради контакт со лице позитивно на корона-вирус. „Во последен момент по интервенција на Канцеларијата на МОК, Арбреша Реџепи ќе може да присуствува на отварањето на ОИ и ќе го носи македонското знаме. Таа со одлука на Организациониот комитет не е повеќе под надзор заради близок контакт со заразен од КОВИД-19…
Стадионите во Италија може да бидат исполнети само до 50 проценти од вкупниот капацитет и тоа само со гледачи кои имаат така наречен – „Зелен пасош“. Одлуката на Владата која се однесува за спортски настани на отворено во услови на пандемија ќе стапи на сила на 6 август. Тоа значи дека ако нема промени, новата сезона во Калчо ќе започне со такви ограничувања. „Зелен пасош“ во Италија значи т.н. Европски сертификат КОВИД, кој се дава на вакцинирани лица што имале негативен тест за корона-вирус во последните 48 часа или за лица кои ја прележале болеста во последните 6 месеци. „Зелен…
