Фудбалерите на Шкендија продолжуваат со лошите настапи во фудбалска Европа. Тетовци денеска загубија на теренот на Рига со 2:0 во првиот меч од 2-то елиминациско коло во новата Конференциска лига на УЕФА. На теренот на Летонците головите за домаќинот ги реализираа Весли Ната во 13-та минута и Вакулко во 52-та. Реваншот ќе биде одигран по седум денови во Скопје. Ќе потсетиме дека Шкендија патувањето низ Европа го започна во квалификациите за Лигата на шампионите, но, беше елиминирана уште во првото коло од Мура од Словенија.
Author: dino
Македонската џудистка, Арбреша Реџепи, нема да може да присуствува на церемонијата на отворањето на Олимписките игри Токио 2020 и нема да го носи нашето знаме бидејќи имала контакт со лице заразено со Ковид -19. Од МОК објаснуваат дека нашата олимпијка според правилата на ИОК ќе може да оди на тренинг со посебен транспорт и ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир. Реџепи според распоредот во првото коло ќе се сретне со натпреварувачката од Велика Британија, Жил Челзи.
„Знам дека сите очекуваат да освојам златен медал во Токио“ – изјави српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, пред утрешното отворање на Игрите во Јапонија.Првиот светски рекет на АТП листата го очекува меч со Уго Далијан од Боливија (139 АТП). „Одам ден по ден, фокусиран сум на новиот ривал. Не знам многу за него, но, кога имаш противник послабо рангиран од тебе, тогаш тој нема што да загуби“ – вели Ѓоковиќ. Тенисерот од Србија кој по четврти пат ќе биде дел од Олимписките игри, има освоено бронза во Пекинг во 2008 година.
Екипата на Вест Хем која ќе настапи во Лига Европа, се обидува да ја засили дефанзивата со Хрватот, Дује Чалета-Цар. Фудбалерот на Марсеј имаше одлична сезона во француското првенство а одигра добро и во Лигата на Шампионите. Репрезентативецот на „коцкестите“ пристигна во францускиот прволигаш од редовите на Салзбург во 2018 година за 19 милиони евра. Сега Трансфермаркт го проценува на 25 милиони евра.
Италијанскиот весник – „Газета дело спорт“, објави, дека екипата на Јувентус во текот на летово ќе испрати понуда за фудбалерот на Манчестер Сити, Габриел Жезус. Бразилецот кој не е стартер во тимот на Гвардиола останува примарна трансферна цел на екипата од Торино. Тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, има желба да го засили нападот а негов избор е брзоногиот фудбалер кој не успеа да се наметне во редовите на „граѓаните“.
Францускиот фудбалски гигант, ПСЖ, испратил понуда од 50 милиони евра за левиот бек на Милан, Тео Хернандес, но, „росонерите“ веднаш ја одбиле. Според наводите на италијанските медиуми, екипата од Милано деновиве започнала преговори со 23-годишниот дефанзивец за продолжување на соработката со чително зголемување на платата. Младиот фудбалер кој сега добива по 2 милиона евра по сезона, со новиот договор ќе добие 4,5 годишно.
Лидери на 15 држави ќе присуствуваат на свечената церемонија на отворање на Олимписките игри во Токио. Меѓу нив ќе бидат Претседателот на Франција, Емануел Макрон и првата дама на САД, Џил Бајден. Севкупно, бројката ќе биде е драстично помала во однос на претходните игри во Рио де Жанеиро во 2016 година поради пандемијата со Ковид-19 и строгите протоколи. Високиот претставник на јапонската влада, Кацунобу Като, изјави дека се очекува и доаѓање на 70 високи официјални лица додека бројката на ВИП гостите кои ќе присуствуваат на свечената церемонија ќе остане непозната до последен момент.
Ракометниот состав на Металург на официјалниот веб-сајт го промовираше најновото засилување, Улисис Рибеиро, кој во изминатата сезона играше за Хари Ап од Холандија. Таму на 13 настапи постигнал 33 голови. Португалецот кој претходно го носел дресот на Мадеира и Сао Бернардо, може да игра како лево крило и како среден бек. Тој потпиша двегодишна соработка и стана шесто летно засилување за екипата од Автокоманда. Металурзите претходно ги договорија браќата Њокас кои играат на бековските позиции, пикерот, Костадин Петров, голманот, Димитар Бардаковски и средниот бек, Бобан Каковски.
Австралискиот град Бризбејн ја доби организацијата на Олимписките игри во 2032 година, објави Интернационалниот олимписки комитет. „Им благодарам на членовите на ИОК на довербата. Игрите ќе бидат во вредни и ентузијастички раце. Им гарантирам на сите спортисти дека тоа за нив ќе биде незаборавно искуство“ – изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Австралија, Џон Котс. Градот Квинсленд беше единствениот кандидат за домаќин. Тоа ќе биде по трет пат Олимписките игри да се реализираат на петтиот континент. Претходно домаќини беа Мелбурн во 1956 година и Сиднеј во 2000 година. Ќе потсетиме дека претходно ЛОИ ќе се одржат во Париз 2024 година и…
Холандската олимпијка во скејтборд, Кенди Јакобс, објави на „Инстаграм“ дека ќе мора да ги пропушти Олимписките игри во Јапонија поради позитивниот тест за корона-вирус. „За жал, моето олимписко патување завршува тука. Се чувствувам здраво и дадов сè од мене за да спречам такво сценарио, ги презедов сите мерки на претпазливост“ – напиша Jакобс. Таа е петата спортистка од Олимпиското село што има позитивен тест. Претходно на списокот влегоа: чешкиот одбојкар на плажа, Андреј Перушиќ, двајца јужноафрикански фудбалери, Табисо Мониане и Камолехо Малхаци како и таеквондо натпреварувачката од Чиле, Фернанда Агире.
