Author: dino

Новото засилување на Еурофарм Пелистер, Реиние Табоада, потенцира дека Битолчани напредуваат континуирано и дека сака да му помогне на клубот да освојува титули. „Сакам да  играм  еден на еден,  ја користам физичката сила. Интелегентен сум и ја „читам“ играта, го „читам“ натпреварот. Исто така шутирам од далечина“ – вели црномурестиот играч. „Гледав европски натпревари на Еурофарм Пелистер, како и дерби мечеви против Вардар 1961 во домашната Супер-лига. Ми остави добар впечаток и тоа е добар проект за мене. Ми се допаѓа екипата“ – потенцираше Кубанецот.

Read More

Арсенал беше принуден да ја откаже претсезонската турнеја низ Соединетите Американски Држави поради неколку инфицирани со Ковид-19 во групата од 80-ет лица кои требаше да патуваат преку океанот. Планот беше лондончани да полетаат денеска и да одиграат два меча во Орландо против италијанскиот шампион Интер (недела) а потоа и против Евертон или колумбискиот Милионарс. Досега не е откриено кои се со позитивните тестови, но, од клубот уверуваат дека болеста е асимптоматска. Инфицираните ќе бидат изолирани а другите ќе продолжат да тренираат во нивната клупска база.

Read More

Италијанската Фудбалска Федерација планира да го направи задолжително вакцинирањето на фудбалерите в пресрет на наредната сезона се со цел да се спречи ширење на заразата што би можела да доведе до одложување на натпревари. Специја ги почна подготовките со десет фудбалери позитивни на корона-вирус, по што целиот тим замина во изолација. Фиорентина Рома и Сампдорија уште пред почетокот на ЕВРО 2020 ги вакцинираа фудбалерите. Новата сезона во Калчо-лигата започнува на 23 август.

Read More

Португалскиот фудбалски репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Диого Далот, откако ќе заврши со неговиот одмор по настапот на Европското првенство, ќе мора да се врати на стадионот – „Олд Трафорд“. Медиумите во Англија наведуваат дека тоа ќе биде само времено бидејќи младиот играч набрзо ќе добие понуда од Милан и дека ќе се пресели во Серија „А“ како позајмен играч. Според проценките,  „црвените ѓаволи“ ќе го ангажираат Кјеран Трипие на бековската позиција а Далот таму ќе биде вишок.

Read More
NBA

Кошаркарите на Милвоки по 50-години успеаја да се вратат на тронот во НБА лигата и да ја освојат шампионската титула. Бакси во текот на ноќта го совладаа составот на Феникс со 105 спрема 98 и ја добија финалната серија со 4-2. Прва ѕвезда во победничкиот состав беше грчкиот интернационалец, Јанис Адетокумбо со 50 кошеви и 14 скока. Веднаш до него застана Мидлтон со 17 поени и Портис со 16-ет. Во составот на Феникс единствена светла точка беше Крис Пол кој мечот го заврши со 26 поени.

Read More

Фудбалскиот репрезентативец на Франција, Антоан Гризман, во текот на летово ќе продолжи да работи на тренинзите на Барселона додека да се реши неговата судбина. Медиумите денеска тврдат, дека напаѓачот е лут бидејќи Каталонците сакаат да се ослободат од неговите услуги и пред се од обврските да му даваат висока плата. Деновиве  имаше одредени најави дека Гризман може да се врати во Атлетико Мадрид.

Read More

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, се повреди синоќа во мечот од второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите против Омонија одигран во Хрватска. Нашиот репрезентативец излезе во 42-та минута а според првите проценки има болки во бутниот мускул и најверојатно повреда на задната ложа. Тоа го потврди и тренерот на Динамо, Дамир Крзнар. „Кај Адеми настрада бутниот мускул, можеби и задната ложа. Не сакам ништо да прогнозирам и се надевам дека сѐ ќе биде во ред“ – рече Крзнар. Адеми денеска ќе оди на лекарски прегелди по што ќе биде утврден степенот на неговата повреда и периодот за…

Read More

Фудбалерот, Герет Бејл, ќе остане во Реал Мадрид и ќе ја одработи последната сезона од договорот, најавија извори блиски до репрезентативецот на Велс. Новиот тренер на „белите“, Карло Анчелоти, неодамна изјави, дека брзоногиот фудбалер ќе ја добие вистинската улога на теренот и дека нема потреба да го напушти стадионот – „Сантијаго Бернебе“. Двајцата имаа одлична соработка во минатото кога Италијанецот беше кормилар на Реал Мадрид. Во изминатите неколку дена, се погласни беа шпекулациите дека Велшанецот ќе заврши во МЛС лигата, но, сега ситуацијата драстично се менува.

Read More

Фудбалерот на Сасуоло, Мануел Локатели, кој успеа да стане европски шампион со репрезентацијата на Италија, може да добие понуда да се пресели во екипата на Арсенал. Наводно, „топчиите“ понудиле околу 40. милиони евра со надеж дека големиот талент на „аѕурите“ ќе ја напушти „Чизмата“ и дека ќе се пресели во Англија. Таа сума треба да ги задоволи и апетитите на челниците на Сасуло, кои во неколку наврати ја одбија понудата од Јувентус во висина од 30-ет милиони евра.

Read More

Англискиот фудбалски состав Тотенхем ќе го испрати Ерик Ламела во Севилја а за возврат ќе го ангажира младиот шпански репрезентативец, Брајан Хил. Екипата од Шпанија ќе добие и додатни 25 милиони евра за да се комплетира целиот трансфер. 20-годишниот Хил набрзо ќе се појави во дресот на Шпанија на ЛОИ во Токио. Тој во претходната сезона беше позајмен во екипата на Еибар. „Спарси“, пак, се определија на размена со доплата бидејќи на Аргентинскиот играч му остана да одработи само уште една сезона од договорот.

Read More