Младата тенисерка од САД, Коко Гоф, објави дека ќе ги пропушти Олимписките игри во Токио бидејќи е заразена со корона-вирус. -Разочарана сум што ја споделувам веста дека сум позитивна на КОВИД-19 и нема да можам да се натпреварувам на Олимписките игри во Токио“ – напиша 17-годишната Гоф на социјалната мрежа –„Твитер“. Тоа значи дека 25-та тенисерка на ВТА листата нема да има можност да дебитира на Олимписките игри во Токио кои започнуваат в петок.
Author: dino
Младиот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој треба да ја одработи последната година од договорот, сака да си замине од клубот бидејќи не верува дека „светците“ може да ја освојат Лигата на шампионите. Иако французите во текот на летово го засилија ѕвездениот состави со голманот, Џанлуиџи Донарума и искусниот стопер, Серхио Рамос, весникот- „Л’Екип“ наведува дека Мбапе е категоричен во одлуката дека сака да ги напушти. Според одредени шпекулации, репрезентативецот на „триколорите“ има намера да замине во Реал Мадрид.
Андреј Магдевски кој во изминатата сезона се израдува на шампионската титула со МЗТ Скопје и беше прогласен за МВП во финалната серија, кариерата ќе ја продолжи во ЦСМ Плоешти во Романија. Нашиот репрезентативец кој претходно играше за шпанскиот состав Реал Мадрид и за белградски Партизан, сега се соочува со нов интернационален предизвик. Досегашниот играч на „штрковите“ во домашното првенство има настапувано и за Фени Индустри и составот на Гостивар.
Холанѓанецот, Макс Верстапен, доминантен на патеката –„Сиверстон“ и успеа да победи на првата историска спринт-трка во рамките на шампионатот во Формула 1. Tрката која е новитет, ги замени стандардните квалификациите и ќе биде користена уште два пати до крајот на сезоната. Таа ќе се вози во Монца и во Бразил. Што се однесува до денешните активности, возачот на Ред Бул откако го помина Луис Хамилтон без проблеми го задржа првото место во сите 17 кругови и си ја обезбеди пол-позиција за утрешната главна трка за Големата награда на Велика Британија. Место во првата десетка ќе имаат и Ботас, Леклер, Норис,…
Во Олимпиското село во Токио на шест денови пред отворањето на Игрите е откриен првиот заразен со корона-вирус. Тоа го изјави извршниот директор на организацискиот комитет на Олимпијадата 2020, Тоширо Муто. Еден од членовите на странска делегација доби позитивен тест, но националноста и другите лични податоци не беа обелоденети. Според „NHK“, заразеното лице не било спортист. Бројот на заразени од Корона вирусот во Јапонија во изминатата седмица е најголем во последните шест месеци. Олимпијадата во Токио треба да биде свечено отворена на 23 јули и ќе трае до 8 август.
Ракометниот состав на Еурофарм Пелистер 2 објави дека ангажирал четири засилувања за новата натпреварувачка сезона. Битолчани информираа дека за втората екипа ќе настапат: Благојче Трајковски, Цветан Кузманоски, Милан Ѓукиќ и Андре Буторац. Голманот Трајковски и крилата Кузманоски и Ѓукуќ се прекомандувани од сениорскиот состав на Еурофарм. Буторац кој дојде од Голден Арт КЛ7, всушност се врати во средината во која дебитираше во сениорскиот ракомет.
Нашите ракометни јуниорки ќе се борат за петтото место на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Скопје. Тие денеска во меч за пласман од 5 до 8 место славеа победа против Финска со 31-25- (полувреме 11:11). Најефикасни со седум голови беа Ангела Јанкуловска и Ана Марија Коларовска додека Андреа Седлоска постигна пет. Македонија утре на последниот ден на шампионатот ќе излезе на мегдан против селекцијата на Исланд во битка за 5-то место.
Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа, заедно со нејзината партнерска во игра на двојки, Валерија Страхава, го освоија првото место на фјучерсот кој се реализираше во Грузија. Тие финалето ја совладаа аргентинско-италијанската комбинација, Викторија Босио – Анџелика Моратели со 2 спрема 1 по сетови: 4:6, 6:4,10:5. Македонската тенисерка која претходно беше елиминирана во синг, според очекувањата успеа да направи одличен резултат во двојки.
Главниот стопер на Брајтон, Бен Вајт, ја прифати поканата да се пресели во екипата на Арсенал, објавија дел од медиумите во Англија. 23-годишниот фудбалер треба да ја засили одбраната на „топчиите“ кој се покажа како најслабата алка во изминатата сезона. Трансферот е вреден 55 милиони евра со што е соборен рекорд кога станува збор за дефанзивен играч кој бил купен од Арсенал. Вајт потекнува од школата на Саутемптон а во екипата на Брајтон се активираше во 2014 година.
Олимписката фудбалска репрезентација на Германија го напушти теренот на пет минути пред крајот на дуелот со Хондурас поради расистички навреди. Станува збор за пријателски натпревар како дел од подготовките пред настапот на Олимписките игри во Токио. Мета на расистички навреди се најде 23-годишниот фудбалер на на Херта, Џордан Торунарига по што неговите соиграчи во знак на солидарност веднаш го напуштија теренот.
