Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, денеска на аеродромот – „Никола Тесла“ пред заминувањето за Токио, имаше средба со новинарите. „Нема поголема чест од играњето за сопствената земја. Тоа се најубавите моменти што може да ги доживее еден спортист. Имав среќа да го освојам Девис купот, но, се уште нема олимписко злато“ – потенцирал Србинот и се насочил кон конкуренцијата на ЛОИ. „Ќе биде тешко да се дојде до финалето. Игрите секогаш носат притисок и многу емоции. Се и сешто може да се случи. Таков турнир многу се разликува од другите во сезоната“- изјавил првиот фаворит за златото на…
Author: dino
Фудбалерите на Шкендија ако ја елиминираат летонската Рига во 2 коло во конференциската Лига, тогаш ќе играат со подобриот од пресметката меѓу Фолгоре од Сан Марино и Хибернианс од Малта. Споредено со квалитетите на тие два тима, македонскиот шампион би требало да има полесен пат да стигне и до групната фаза во новото европско натпреварување. Нашиот втор учесник Шкупи доколку ја „скокне“ Санта Клара од Португалија, тогаш во третото ќе игра со победникот од пресметките меѓу Олимпија Љубљана (Словенија) и Биркиркара од Малта.
Ракометните состави на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 во текот на денов ќе ги започнат подготовките за наредната сезона. Клубот од Битола најави дека ќе ја претстави екипата и новите дресови на посебна церемонија пред првиот официјален натпревар на 21 август. Претходно Еурофарм Пелистер и сестринскиот состав ќе имаат богата подготвителна програма. Воедно, Еурофарм Пелистер преку веб-порталот и социјалните мрежи го најави сениорскиот тим со кој ќе се атакува на пехари како на домашната така и на меѓународната сцена. Битолчани имаат ростер од вкупно 20 играчи.
Медиумите во Англија објавија дека фудбалскиот состав Ливерпул може да бара купувачи за капитенот, Џордан Хендерсон, бидејќи преговорите за продолжување на соработката засега се во ќорсокак. Актуелниот договор на Хендерсон трае до летото 2023 година, што сепак им дава надеж на двете страни дека ќе најдат заеднички јазик. Играчот од средниот ред цели десет сезони е дел од „црвените“ а од 2015 година по заминувањето на Стивен Жерард, ја презеде капитенската лента. 31-годишниот фудбалер кој дејствува во средниот ред, во последната година имаше континуирано проблеми со повредите.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, вели дека мора да се стартува со серија на добри резултати во новата сезона и на тој начин да се задржат шансите за освојување на титулата во Премиер-лигата. „Мора да бидеме многу подобри од изминатата сезона во првите неколку кола. Само така нема да ја загубиме шансата да се бориме за пехарот“ – потенцираше Норвеженецот. Составот од „Олд Трафорд“ во првите седум кола ќе игра со Лидс, Саутемптон, Вулверхемптон, Њукасл, Вест Хем, Астон Вила и Евертон. „Црвените ѓаволи“ последен пат беа шампиони на Англија во 2013 година.
Првите луѓе на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, доставиле понуда до дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, пишува денеска –„Газета Дело Спорт“. Агентот на играчот, Фали Рамадани, го известил раководството на калчо-лигашот за понудата на „црвените ѓаволи“ во износ од 30 милиони евра по што претседателот, Аурелио Де Лаурентис, изјавил, дека сумата не е доволна. 30-годишниот дефанзивец од Сенегал кој е најплатениот играч во тимот со 6 милиони евра по сезона, има договор за уште две години.
Фудбалерот, Клемент Ленгле, кој доби многу критики во Барселона, можеби нема да остане во тимот за наредната сезона. Шпанските медиуми открија дека Евертон и Вест Хем започнале преговори за трансфер на дефанзивецот. Двата клуба од Премиер-лигата сакаат да го ангажираат како позајмен играч. Ленгле во претходната сезона одигра 48 натпревари за Барса. Каталонците пред три години го купија Французинот од Севилја за 36 милиони евра.
Италијанскиот новинар, Фабрицио Романо, напиша на социјалната мрежа – „Твитер“ дека Евертон може да го купи напаѓачот на Баер Леверкузен, Демараj Греј. Според наведеното, новиот тренер на „карамелите“, Рафаел Бенитез, ќе инсистира да се засили нападот а како главна трансферна цел го посочил токму 25-годишниот Англичанец кој во изминатата сезона одигра 12 натпревари и постигна еден гол. Неговиот договор со германскиот состав истекува догодина на 30 јуни.
Аргентинецот, Габриел Хајнце, е отпуштен од тренерското место во Атланта Јунајтед, објави клубот од фудбалската лига во САД. 43-годишниот поранеше играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, беше на кормилото на само 13 натпревари во кои оствари две победи. Сега тренерските должности ќе ги преземе 35-годишниот, Роб Валентино, кој во последните три сезони беше помошник-тренер во клубот.
Англиските медиуми наведуваат дека Рахим Стерлинг, Ријад Марез, Габриел Жесус, Бернардо Силва и Емерик Лапорте, добиле известување од челниците на Манчестер Сити дека може да си бараат нови клубови. „Граѓаните“ се надеваат дека барем дел од фудбалерите ќе бидат продадени во текот на летово со што ќе се отвори простор за евентуален ангажман на Хари Кејн (Тотенхем) и Џек Грилиш ( Астон Вила). Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, нагласи, дека мора да се пронајде соодветна замена за напаѓачот, Серхио Агуеро, кој си замина во Барселона.
