Author: dino

Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер, не ја исклучува можноста да го напушти клубот во текот на летово откако се појавија информации дека лондончани ќе го стават фудбалерот на трансфер-листата. 25-годишниот Германец кој беше донесен од германскиот РБ Лајпциг како големо засилување на „Стемфорд Бриџ“,  постигна сккромни 12 погодоци и направи 15 асистенции на 52 меча одиграни во сите конкуренции. Според одредени најави, за неговиот потпис се заинтересирани екипи од Германија и Италија.

Read More

Арсенал стави крај на шпекулациите околу евентуалното заминување на големиот фудбалски талент, Емил Смит, потврдувајќи дека играчот го продолжил договорот. Во информацијата објавена од страна на „топчиите“ се вели дека Смит потпишал долгорочна соработка без да бидат прецизирани други детали. Во исто време,  Арсенал, се откажа од намерата да го купи крилото на Баер (Леверкузен), Леон Бејли.

Read More

Фудбалерот, Килијан Мбапе, одлучи да го прекине одморот и многу порано од очекуваното да се појави во тренинг базата на ПСЖ. Францускиот репрезентативец откако позираше во тренинг комплексот ги помина и задолжителните медицинските прегледи. Според медиумите, напаѓачот им соопштил на челниците на ПСЖ дека ќе ја одработи последната година од договорот а потоа како слободен играч ќе замине во Реал Мадрид.

Read More

Бидејќи ситуацијата во Токио од ден на ден се влошува со драстично зголемување на бројката на заразени со Ковид-19, селекциите на Северна Кореја и на Гвинеја донесоа одлука да се повлечат од Игрите. Повеќето врвни спортски работници, како и луѓе од организацијата се скептични дека најголемиот спортски светски настан во услови на пандемија може да помине без проблеми. Од Меѓународниот олимписки комитет се децидни дека Игрите ќе се реализираат според планот.

Read More
NBA

Медиумите во САД објавија дека кошаркарската супер-ѕвезда, Леброн Џејмс стана шестиот спортист кој заработил повеќе од милијарда долари. Тој до таквиот приход стигна благодарение и на улогата во филмот – „Space Jam“ кој започна да се прикажува во кината. Големата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс за 18 сезони во НБА заработил 330 милиони долари додека 700-ни инкасирал од разни спонзорства.

Read More

Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, кој во текот на летово седна на кормилото на Рома, најверојатно ќе успее да го ангажира играчот на Арсенал, Гранит Џака. „Скај Италија“ објави дека швајцарскиот репрезентативец набрзо ќе пристигне на „Олимпико откако успеал да ги договори личните услови со „волчицата“. Тој ќе има договор до 2025 година и ќе заработува по 2.5 милиони евра по сезона. Се претпоставува дека два тима лесно ќе се договорат за висината на обештетувањето.

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Тотенхем, Даниел Леви, му дозволил на напаѓачот Хари Кејн, да се пресели во редовите на Манчестер Сити, објави весникот – „Сан“ повикувајќи се на извори од клубот. Тоа значи дека „граѓаните“ ќе треба да платат огромни 187 милиони евра за англискиот репрезентативец а самиот играч ќе инкасира 470.000 евра неделна плата. Според наведеното, договорот на Кејн ќе биде валиден во наредните 4 години со можност за продолжување за уште една сезона.

Read More

Одложувањето на Игрите во Токио ги зголеми трошоците за 2,8 милијарди долари со што вкупната сума достигна 15,4 милијарди долари. Со тоа Олимпијадата во Јапонија ќе биде најскапа во историјата. Во Токио ќе има 33 спортови со 339 дисциплини а натпреварите ќе се одржуваат во 42 борилишта, од кои осум се новоизградени. На Олимпијадата која ќе трае до 8 август се очекува да учествуваат околу 12.500 натпреварувачи.

Read More

По најавата дека фудбалерот, Пол Погба ,може да си замине од Манчестер Јунајтед и да се пресели во ПСЖ, се огласи летното засилување на „светците“, Џини Вајналдум. „Би сакал да го имаме со нас Погба. Тој е фантастичен. Неколку пати играв против него“ – вели поранешниот играч на Њукасл и Ливерпул. „Погба е извонреден фудбалер. Тој е еден од најдобрите играчи за врска во светот“ -истакна Холанѓанецот.

Read More

На „Националниот стадион“ во Токио, денеска со почеток во 13 часот  ќе започне Свеченото отворање на Летните олимписки игри 2020. На трибините ќе има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Најавено е присуство на 15 шефови на држави и меѓународни организации. Македонската експедиција ќе има осум натпреварувачи: Знаменосецот, Дејан Георгиевски, кој ќе настапи во таеквондо Арбреша Реџепи – џудо Миа Блажевска Еминова – пливање Филип Деркоски – пливање Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 метри Јованоска Пулексенија – карате, кати Стојоски Јован – атлетика Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил

Read More