Украинската триатлонка, Јулија Елистратова, е суспендирана од Олимпијадата под сомнение за допинг, соопштија организаторите. Во примерокот на 33-годишната олимпијка земен на 5 јуни, била пронајдена забранета супстанца, информираше Светската унија на триатлон. Писмото пристигна пред три дена во ИОК. Елистратова има право да побара отворање на нејзиниот Б примерок и да ја оспори казната за времено суспендирање пред Спортскиот суд. Таа денеска требаше да се натпреварува на Олимпијадата.
Author: dino
17-годишната тинејџерка од Алјаска (САД), Лидија Јакоби, направи изненадување во финалето на 100 метри градно и ја освои Олимписката титула во Токио. Јужноафриканката, Татјана Шенмакер, го освои сребрениот медал додека олимписката шампионка од Рио де Жанеиро 2016, Лили Кинг (САД), мораше да се задоволи со бронзениот медал. Пливачот од Тунис, Ахмед Хафнауи, сензационално го освои златниот медал на трката на 400 метри слободно иако имаше најслабо време меѓу финалистите. – Кога го допрев базенот и видов дека сум првиот, бев толку изненаден. Кога влегов во вода, не размислував за времето, само за медалот“ – рече Хафнауи. Кина ја освои титулата…
Табела на освојувачите на медали на Олимписките игри во Токио кога станува збор за Топ-5 репрезентации. 1. Јапонија – 8 златни, 2 сребрени, 3 бронзени, вкупно 13 2 САД – 7 златни, 3 сребрени, 4 бронзени, вкупно 14 3 Кина – 6 златни, 5 сребрени, 7 бронзени, вкупно 18 4 Руски олимписки комитет – 4 златни, 5 сребрени, 3 бронзени, вкупно 12 5. Велика Британија – 3 златни, 3 сребрени, 1 бронзени, вкупно 7. Вкупно 22 комплети медали ќе бидат доделени утре на Игрите: гимнастика: женски тим кајак на брза вода: слалом за жени планински велосипедизам: мажи крос-кантри нуркање: синхроно…
Олимпиецот од Хонг Конг, Чун-Ка Лун, направи вистинска сензација освојувајќи ја олимписката титула во дисциплината мечување на ЛОИ во Токио. 24-годишниот Лун го победи Италијанецот, Даниеле Гароцо, со 15-11, со што го спречи да ја одбрани титулата од Игрите во Рио де Жанеиро. Тоа е историски прв медал за Хонг Конг во мечување или вкупно гледано само второ олимписко злато во историјата на земјата. Чун-Ка Лун беше носител на знамето за неговата земја на церемонијата на отворање на Олимписките игри. Досега тој немаше освоено индивидуална награда на голем турнир.
Фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шаќири, откри дека е подготвен за нови предизвици откако деновиве се појавија шпекулации дека за неговиот потпис е заинтересиран италијанскиот состав Лацио. „Фудбалот ми помогна да реализирам многу соништа. Имав среќа да играм во големи тимови и да освојам многу награди. Мојот договор со Ливерпул истекува во 2022 година“ – изјави Шакири за „Кориере дело Спорт“.„ „Го следам Лацио подолго време. Би сакал да играм повеќе напаѓачки фудбал а Маурицио Сари го практикува тоа “ – рече репрезентативецот на Швајцарија.
Матеја Јелиќ и го донесе првото злато на Хрватска на ЛОИ во Токио откако ја победи Лорен Вилијамс со 25:22 во финалето до 67 килограми на турнирот во таеквондо. За Јелиќ тоа беше втора последователна победа против Британката по нивниот меч на Европското првенство во Софија. Бронзениот медал го освоија Рут Гбаги (Брег Слонова Коска) и Хедаја Малак (Египет)
Кошаркарите на Србија забележаа уште две победи и обезбедија пласман во полуфиналето на машкиот турнир во 3х3. Србите најпрво ја елиминираа Јапонија со 21:11 а потоа ја совладаа Летонија со 22:16. Нашите соседи ќе одморат едно коло и ќе го чекаат противникот во полуфиналето. Олимписките женски хокеарски репрезентации на Холандија и Германија остануваат на врвот во групата А, во која се вклучени сите медалисти од Игрите во Рио пред пет години. Двете земји се изедначени со шест бодови додека олимпискиот шампион Велика Британија е на третото место по поразот од Германија. Максим Храмцов го победи Салех Ал-Шарабати (Јордан) со 20-9…
Фудбалскиот состав Келн го потрошил речиси целиот капитал поради огромните загуби за време на пандемијата со корона-вирусите, изјави директорот на клубот, Александар Верле. „Имавме загуба од 66 милиони евра од март 2020 година до јуни 2021 година. Акционерскиот капитал од 38,6 милиони евра, кој со голем напор го собравме со текот на годините е речиси потрошен“, рече Верле. Тој нагласи дека клубот морал да обезбеди заем од 20 милиони евра од владата на Северна Рајна-Вестфалија.
Островските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед сака да го ангажира плејмејкерот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез, кој пак, претходно го известил раководството дека има желба да направи трансфер уште во текот на летово. „Црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со агентот на фудбалерот и набрзо ќе испратат понуда до шпанскиот состав. Токму Нигез треба да биде замена за Погба доколку се остварат прогнозите и Французинот го напушти клубот. Медиумите на Пиринеите пренесуваат дека целиот процес може да биде комплетиран за сума од 50 милиони евра.
Тенисерот, Енди Мареј, нема да го брани златниот медал од ЛОИ во Рио во 2016 откако во последен момент се откажа од настапот на тековните Игри во Токио. „Медицинскиот тим ме советуваше дека не можам во исто време да играм во сингл и во двојки. Донесов тешка одлука и сега ќе се фокусирам на турнирот во двојки“ – изјави Британецот. Претходно неколку тениски ѕвезди најавија дека нема да играат во Токио од различни причини.
