Author: dino

Португалскиот стратег на клупата на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, обелодени дека планира да купи уште двајца фудбалери во текот на летниот трансфер период. „Црвените ѓаволи“ досега потрошија 70 милиони фунти за услугите на напаѓачот Фред кој дојде од Шахтјор и дефанзивецот, Далот, кој беше купен од Порто. Искусниот тренер сака да направи конкурентен тим за новата сезона и затоа нема намера да престане со ангажирање на нови фудбалери. Мурињо иако најави дека ќе обезбеди засилувања, не сакаше да ги открие нивните имиња.

Read More

Фудбалските интернационалци од Србија, Марко Грујиќ и Лазар Марковиќ, добиле дозвола од тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, да си побараат друга средина. Според наведеното во информацијата, за Грујиќ кој има трансферна вредност од 22 милиони евра бил заинтересиран составот на Кардиф додека Марковиќ, влегувал во плановите на неколку екипи од Италија и Шпанија. Не е тајна дека Клоп сака да го намали ростерот и дека покрај Грујиќ и Марковиќ, планира да продаде уште неколку фудбалери. Од претходно се споменуваа имињата на Мињоле, Ингс, Ориги.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги негираше шпекулациите низ медиумите дека е заинтересиран за играчот на Јувентус, Миралем Пјаниќ. „Никогаш не сум размислувал за Пјаниќ, тој е добар играч. На неговата позиција имам квалитетни фудбалери и затоа немам намера да испратам понуда за него. Ќе видиме дали ќе купиме уште нови играчи во текот на летово“ – вели шпанскиот стратег кој успеа да го ангажира Ријад Марез. Што се однесува до Пјаниќ, челниците на Јувентус се расположени да го ослободат од обврските доколку некој плати 100 милиони евра.

Read More

Бразилецот, Малком, кој во последен миг ја „извиси“ италијанската Рома и се определи да стави потпис на договорот со Барселона, изјави, дека полека му се исполнува сонот да заигра во голем состав. Тој во последното интервју посочи дека ќе даде се од себе за да ја оправда довербата. „Ова е уникатно искуство и многу сум среќен. Дојдов во најдобриот клуб на светот и се надевам дека ќе ги направам среќни нашите навивачи. Среќен сум и ќе направам се за да им помогнам на соиграчите“ вели Малком. „Тешко може да се опише како се чувствувам. Ми се исполни сонот од детството“…

Read More

Англискиот фудбалски состав, Вулверхемптон, го претстави новото засилување, Жоао Мутињо, кој за скромни 5 милиони фунти го напушти тимот на Монако и се пресели во екипата која ќе игра во Премиер лигата. Одличниот креатор од средината на теренот сега ќе работи под диригентската палка на неговиот сонародник, Еспирито Санто, кој на времето седеше на клупата на Порто. 31-годишниот Мутињо беше еден од најдобрите во редовите на Монако кога пред две сезони се израдува на шампионската титула во Франција.

Read More

Фудбалерите на Шкендија доколку го поминат тимот на Шериф од Молдавија ќе треба да се соочат со Салцбург од Австрија во третото елиминациско коло во Лигата на шампионите. Така сакаше денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Македонскиот првак утре на Арената во Скопје ќе го одигра првиот меч со Шериф а реваншот ќе биде по седум денови на теренот во Молдавија. Доколку Шкендија излезе како вкупен победник од тој двомеч, тогаш четата на Османи ќе има навистина тешка задача против австрискиот состав кој има богата традиција во европските купови.

Read More

Шведскиот голман, Робин Олсен, од екипата на Копенхаген, ќе биде замена за Алисон на голот на Рома. Спортскиот директор на „волчицата”, Мончи, се согласил да му исплати на данскиот тим 11,5 милиони евра иако првичните побарувања беа 16 милиони. 28-годишниот голман уште денеска ќе пристигне во Рим за да ги направи задолжителните медицински прегледи и потоа да  потпише со Рома. Швеѓанецот имаше блескави партии во дресот на „викинзите“ на СП 2018 во Русија кога неговата селекција влезе во 1/4 финалето. Олсен има одиграно 23 натпревари за шведскиот национален тим како и 99-ет за Копенхаген. Тој во 2016 година го напушти…

Read More
NBA

Тренерот на кошаркарите на Сан Антонио, Грег Поповиќ, се надева дека ќе најде ефикасен начин за паралелно да ги извршува обврски кај „Спарси“ и во репрезентацијата на САД. Искусниот стратег го наследи Мајк Кжижевски а неговото деби ќе биде догодина на Светското во Кина. „Кога ќе достигнете одредена возраст, луѓето се прашуваат колку ќе можете да направите. Кжижевски најде начин да ја комбинира работата во Дјук со таа во репрезентацијата. Работеше на двете места. Се надевам дека ќе можам да го повторам неговиот успех ” – рече Поповиќ. 69-годишниот тренер седи на клупата на Сан Антонио од 1996 година. Неговиот…

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јуве, изјави, дека ќе направи се што е можно за да обезбеди големо име во летниот трансфер период. „Ние ги ангажиравме Одриозола и Жуниор, кој не освои со магија и одличните дриблинзи. Тоа е патот на Реал, да купува млади играчи и од нив да направи големи ѕвезди“ – вели Перез. Засега прва опција за „кралевите“ е играчот на Челзи и на селекцијата на Белгија, Еден Азар, иако се споменуваат и имињата на: Роберт Левандовски, Пауло Дибала, Хари Кејн или Деле Али.

Read More

Шпанецот, Рафаел Надал, сo 9.310 поени останува на челната позиција на АТП листата. Веднаш зад него е Роџер Федерер од Швајцарија со 7.080 додека Александар Зверев (Русија) има 5.665 поени. Во Топ 10 влегуваат и : Хуан Мартин дел Потро со 5.395 поени, Кевин Андерсон со 4.655, Григор Димитров со 4.610, Марин Чилиќ со 3.905, Доминик Тим со 3.665, Џон Иснер со 3.490 и Новак Ѓоковиќ со 3.355 поени. Во првите десет единствена промена е прогресот на Доминик Тим кој се проби на осмото место додека Американецот, Џон Иснер, се спушти на деветото.

Read More