Author: dino

Напаѓачот на фудбалскиот состав Ајндрахт (Франкфурт), Анте Ребиќ, поради повреда ќе мора да биде надвор од терените во наредните четири недели, соопшти клубот кој настапува во Бундеслигата. Хрватскиот стрелец на неделниот меч со Вердер (Бремен) заработи посериозна повреда на мускулот. Отсуството на Ребиќ ќе биде сериозен удар за тимот на Франкфурт кој е на шесто место во Бундеслигата и има реални шанси да обезбеди евро-виза за наредната сезона.

Read More

Бразилецот, Марсело, ги именуваше најдобрите фудбалери со кои имал можност да настапува во досегашната кариера. Дефанзивецот на Реал Мадрид свесно го пропушти легендарниот голман на „кралевите“, Икер Касиљас, иако работеше со него извесен период. За најдобар тренер тој го посочи Зинедин Зидан а Французинот исто така беше избран и во идеалниот тим иако двајцата никогаш не играле во исто време и во иста екипа. Идеалниот состав од сегашни и поранешен соиграчи на Марсело e следниов: Жулио Цезар, Даниел Алвеш, Тиаго Силва, Серхио Рамос, Роберто Карлос, Каземиро, Лука Модриќ, Месут Озил, Зинедин Зидан, Роналдо и Нејмар.

Read More

„SIGAL-UNIQUE“ – Балканската кошаркарска лига го покажа официјалното лого на завршниот фајнал-фор турнир. Завршницата на јубилејната десетта сезона ќе биде во Бугарија во арената во Самоков или токму на местото на кое беа реализирани првите мечеви за вредните трофеи кога стартуваше регионалната конкуренција. Полуфиналните мечеви ќе бидат на 14 април а таму сигурно ќе учествуваат домаќинот  Рилски спортист и нашиот состав Блoкотехна . Другите два полуфиналиста ќе ги дознаеме по мечевите: Левски Лукоил – Тирана и Академик – Башкими.

Read More

Фернандо Алонсо е воодушевен од соработката на неговиот нов тим Мекларен и францускиот производител на моторни возила – Рено. Според двократниот светски шампион, Британците почнуваат да кројат планови како побрзо да го заземат местото на Ред Бул. Алонсо на Гран При трката во Австралија дури успеа да финишира меѓу пилотите на австрискиот тим – Даниел Рикардо и Макс Верстапен иако таквиот епилог повеќе се должеше на проблемите на Верстапен отколку на реална брзина на болидот на Алонсо. „Мекларен ќе биде подобар. Во наредните неколку трки ќе видите голем напредок бидејќи во болидот има уште многу потенцијал. Во првиот старт од…

Read More

Дефанзивецот на Јувентус и на „аѕурите“, Џорџо Киелини, го заборавил инцидентот со Луис Суарез од Мундијалот во 2014 година кога напаѓачот го гризна на натпреварот меѓу Италија и Уругвај. Играчот на Барселона за тој инцидент беше драстично казнет со забрана за настап во период од четири месеци. „По таа случка сме се сретнале на теренот и на мене ми беше интересно бидејќи Суарез е одличен напаѓач и секогаш е огромен предизвик да се игра против него. Јас ќе го разменам дресот со него. Тогашната казна беше премногу ригорозна и му забрануваше да влегува на стадионите. Мислам дека тоа требаше да…

Read More