Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан мирно го прифати поразот со 2:3 од Севиља во последниот дуел од 34-то коло во Ла Лига. „Кралскиот клуб” излезе со доста променет состав на „Рамон Санчез Писхуан”, бидејќи Зидан даде одмор на седум главни играчи, со што јасно покажа дека дава приоритет на финалето во Лигата на Шампионите, а не домашниот шампионат, бидејќи Барселона веќе ја обезбеди титулата. „Не ми е жал за ротациите. Имаме повеќе натпревари и на играчите им треба пауза. Јас сум тренер и јас сум одговорен за составот. Во второто полувреме моите играчи направија максимални напори да се вратат…
Author: riste
Неуспехот во националниот тим на Италија по поразот од Шведска во баражот за пласман на Светското првенство во Русија ја принуди Италијанската фудбалска федерација да направи неколку промени, со кои сакаат да им дадат повеќе шанса на младите фудбалери и усовршување на младите таленти. Од следната сезона секој тим кој учествува во Серија „А”, ќе може да има својот втор тим во шампионатот од Серија „Ц”, пополнувајќи ги испразнетите местата во групата. Овие тимови ќе се состојат од играчи до 21 година и двајца играчи до 23 години. Со настапот на вториот тим ќе може се подогне на квалитетот на…
Поранешната ѕвезда на Реал (Мадрид) и актуелен фудбалер на ПСЖ Анхел Ди Марија може да се врати во шпанската престолнина и да заигра во дресот на Атлетико Мадрид, објавија шпанските медиуми. Според истите извори адвокатот на аргентинскиот репрезентативец се сретнал со спортскиот директор на Атлетико Мадрид Андреа Берт пред неколку недели. Тренерот на Атлетико Диего Симеоне одамна сака неговиот сонародникот да дојде во екипата која ја предводи. Овој трансфер може лесно да се реализира доколку францускиот репрезентативец Антоан Гризман го напушти клубот и замине во Барселона. Договорот на Ди Марија со ПСЖ е до летото 2019 година, а според различни…
Играчот од средниот ред на Стоук Сити Џо Ален може да се пресели во Севиља. Според информациите кој ги објави весникот „Сан”, шпанскиот клуб е заинтересиран за 28-годишниот играч од средниот ред на оваа екипа од Англија. Другите кандидати за потпис на играчот се Вест Хем, Свонси и Њукасл. Од екипата на Стоук најавиле дека ќе бараат околу 20 милиони фунти за Алан. Оваа сезона Џо Ален играше 35 натпревари, постигна 2 гола имаше и 6 асистенции.
Италијанскиот гигант Милан доби дозвола од УЕФА да учествува во новата сезона на европските клупски натпреварувања. Како што стојат работите на табелата Милан ќе ја претставува Серијата „А” во Лига Европа. Лиценцата е добра вест за клубот и навивачите, бидејќи имаше вести во ноември дека УЕФА нема да им дозволи да се натпреваруваат поради непочитување на финансискиот фер плеј. Самата комисија за лиценцирање на УЕФА првично одби да склучи договор со Милан за да ги презакаже нивните исплати на финансиски фер плеј. Менаџментот на клубот потоа почна да склучува договори и успеа да го забрза решавањето на проблемот. УЕФА денеска…
Играчот од средниот ред на Атлетик Билбао, Раул Гарсија имал проблеми со срцето, објавија шпанските медиуми. 31-годишниот фудбалер страда од срцева аритмија, која барала хируршка интервенција. Операцијата поминала добро и Гарсија се очекува да биде пуштен дома денес. Тој сигурно ќе ги пропушти останатите два натпревари од сезоната во Ла Лига. Поранешниот играч на Атлетико Мадрид имаше проблеми со срцето прв пат за време на летните подготовки во 2016 година. Лекарите потоа одлучија дека може да продолжи да игра, а играчот од средниот ред потоа одигра 48 натпревари и постигна 14 гола во текот на оваа сезоната.
Дефанзивниот играч на Арсенал, Лорен Кошчиелни, ќе мора да се опоравува шест месеци од повредата што ја доби за време на полуфиналето на Лигата на Европа против Атлетико Мадрид. 32-годишниот фудбалер заработи повреда на ахиловата тетива на почетокот на натпреварот со Атлетико Мадрид минатата недела и ќе го пропушти Светското првенство во Русија. “Кошчиелни е уништен, тој е подложен на операција и ќе биде вратен за шест месеци, во најдобар случај може да се врати на фудбалскиот терен околу декември”, изјави менаџерот на Арсенал Арсен Венгер, кој на крајот на оваа сезона си заминува од клубот.
Сопствениците на Арсенал сепак го намалиле кругот на кандидати за избор на нов менаџер на тимот кој ќе треба да го замени Арсен Венгер. Во моментов постојат две опции за тоа кој ќе застане на чело на клубот, информираше денеска „Скај Спортс”. Во последните две недели не престануваа шпекулациите за тоа кој ќе биде човекот на чело на „топџиите” од следната сезона, а раководството на клубот сака ова прашање да го реши пред почетокот на Светското првенство. Масимилиано Алегри, кој е на пат да го однесе Јувентус до четвртата последователна титула на Италија, е сметан за фаворит, иако има уште…
Тимот на Интер повторно ја има својата судбина во свои раце. „Нероазурите” имаат голема шанса да се вратат во Лигата на Шампионите по долго отсуство, последен пат тоа беше во 1/4-финалето против Олимпик Марсеј. Интер тогаш отпадна по една победа и еден пораз и вкупен резултат од 2:2 во двата натпревари. Тоа се случи во веќе далечната 2012-та година, а оттогаш тифозите на гиганти сонуваат за враќање во елитниот европско клупско натпреварување. За да го направат тоа, фудбалерите на Лучијано Спалети мора да ги добијат своите два натпревари до крајот на сезоната. Во сабота вечер, екипата на Интер ќе биде…
Алекс Фергусон излезе од кома и покажува ветувачки рани знаци на опоравување по итната хируршка интервенција на мозокот. Најуспешниот менаџер во британскиот фудбал останува во интензивна нега, но од синоќа седи и веќе разговарал со семејството и пријателите во Кралската болница во Салфорд, каде што беше примен во саботата, пишува „Дејли Меил”. Хируршката интервенција помина многу добро, а реакцијата на 76-годишниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед даде надеж и оптимизам на неговите блиски. Сепак, тие признаваат дека постои долг и бавен пат до целосно закрепнување на Сер Алекс Фергусон. Веста за состојбата на Фергусон го потресе фудбалскиот свет кој се…
