Author: riste

Роберто Манчини и официјално е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Италија. Тренерот кој пред неколку дена се раздели од кормилото на рускиот клуб Зенит, и официјално синоќа беше назначен за нов предводник на „азурите“. Манчини ќе има задача да ја врати Италија на големите натпреварувања, откако неговиот претходник Џампјеро Вентура не успеа да обезбеди пласман на СП во Русија. 53-годишниот стратег, својата тренерска кариера ја започна во Фиорентина, а ги има предводено и екипите на Лацио, Интер, Манчестер Сити  и Галатасарај. Неговото официјално претставување треба да се случи денес на прес-конференција која треба да се одржи во тренинг базата…

Read More

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, доби добри вести од лекарскиот тим на Лацио. Напаѓачот Чиро Имобиле се очекува да биде подготвен да игра за решавачкиот натпревар против Интер во последното коло во Серија А. На овој натпревар треба да се покаже кој од овие два тима ќе го освои четвртото место и со тоа ќе го обезбеди учество во Лигата на шампионите следната година. Овој играч е надвор од игра од 29 април, кога заработи повреда на бутниот мускул на натпреварот во Торино. Првичните прогнози беа дека тој нема да игра повеќе до крајот на сезоната, но сега се чини…

Read More

Кошаркарите на Работнички обезбедија пласман во финалето од кошаркарското првенство на Македонија. Работнички и по трет пат беше подобар од Куманово, вечерва славеше со 81:65 и на тој начин со вкупни 3-0 обезбеди настап во финалето каде ќе може да се бори за титулата. Кошаркарите предводени ид Марин Докузовски уште во првиот период кој го добија со 24:9 покажаа дека се решени се да решат уште вечерва и да не пропуштат ништо на случајноста, односно да си обезбедат финале на домашен терен. Најефикасни во редовите на Работнички беа Маркус Гинјард и Шон Еванс со по 17 поени, а кај Куманово, најдобар…

Read More

Францускиот шампион ПСЖ официјално го објави името на германскиот стручњак Томас Тухел како нов тренер на нивната екипа. Поранешниот тренер на Борусија (Дортмунд) добива договор за две сезони и ќе го замени Шпанецот Унаи Емери, кој го напушта клубот. Тухел вчера пристигна во француската престолнина и дури разговараше со големата ѕвезда на тимот на Нејмар. Се очекува дека парижаните ќе го престават Томас Тухел пред медиумите за неколку недели. Германецот во моментов посетува интензивен курс по француски јазик.

Read More

Играчот на Ливерпул Алекс Окслејд-Чембрлен ќе биде надвор од игра најмалку уште шест месеци, откако претрпе операција на коленото. Англискиот репрезентативец се повреди за време на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите против Рома (5:2), а по прегледот на скенер стана јасно дека лигаментите на десното колено на играчот се оштетени и тој ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната, како и претстојното СП во Русија. Тогаш од клубот не посочија поконкретен рок за санирање на повредата на Окслејд-Чемберлен, но денесмедиумите во Ливерпул објавија непријатна вест за навивачите дека поранешниот фудбалер на Арсенал нема да игра пред…

Read More

Статистичката веб страна „whoscored.com“ го прогласи Хамес Родригез од Баерн (Минхен) за играч на сезоната во Бундеслигата. Колумбискиот играч добивал највисока просечна оценка за настапите во сезоната  – 7.63. Играчот кој е на позајмица од Реал Мадрид заврши со 7 гола и 11 асистенции. Тој реализирал по 79.3 додавања по натпревар, од кои 3,5 биле клучни. Имал во просек по 2.2 удари на гол по натпревар. Во Топ 5 според „whoscored“ се уште Даниел Калиџури (Шалке – 7.57), Роберт Левандовски (Баерн – 7.49), Артуро Видал (Баерн – 7.49) и Серж Гнабри (Хофенхајм – 7.41). Во листата на Kicker пак над…

Read More

Ракометарките на Вардар втора година по ред ќе бидат дел од финалето на Лигата на шампионите.„Вардарки“ во полуфиналето ја совладаа екипата на Ростов Дон со 25:19 и на тој начин обезбедија уште еден настап во големото финале. Противник на Вардар во утрешното финале ќе им биде ланскиот противник и должник, домашната екипа на Ѓер. Вардар одлично го започна натпреварот и уште во првите минути направи предност од 4:2, резултат кој стоеше на семафорот неколку минута, а потоа со серија на погодоци дојдоа до предност од 7:4, за на крајот на првиот дел на одмор заминат со резултат 10:7. Во второто…

Read More

Македонскиот каратист Емил Павлов по втор пат во својата кариера стана европски првак во категоријата до 60 килограми. Овој пат на Европското првенство кое се одржува ви Нови Сад. Тој успеа во финалната борба да го совлада италијанскиот каратист Анџело Крешченцо со 3:1 на поени, и на тој начин да направи уште еден голем успех за македонското карате. Во неговата категорија се појавија 33 натпреварувачи,а Павлов на патот до финалето ги совлада Доминик Имрих (Словачка), Јасин Ал Атар (Холандија), Ненад Дуловиќ (Црна Гора) и Калвинс Калинс (Летонија). Во денешното финале повторно го потврди својот квалитет совладувајќи го својот противник од…

Read More

Спортскиот директор на Баерн Минхен  Хасан Салихамиџиќ продолжува со својата работа и објави потпишување на уште два нови договори во неговата екипа. Поранешниот дефанзивец на клубот објави дека Ариен Робен и Рафиња ги продолжуваат своите договори за уште една сезона и ќе бидат во тимот следната година. „Ариен и Рафиња се дел од нашите планови за следната сезона и имаат важна улога”, изјави Салихамиџиќ. 34-годишниот Робен игра за Баерн од 2009 година. Холанѓанецот има 21 натпревар, 6 асистенции и 5 гола во Бундеслигата во текот на оваа сезона. Рафиња, кој ќе наполни 33 години во септември, пристигна во Минхен две…

Read More

Агенцијата за млади и спорт го најави одржувањето на најголемиот Македонски интернационален турнир во борење „Македонски бисер” кој по 42-ти пат ќе се одржи во Македонија. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски потенцираше дека традицијата продолжува благодарение на вредните спортски работници од Боречката федерација, а Агенцијата за млади и спорт е секогаш тука да даде поддршка за развој на борењето. „Борењето е најтрофејниот спорт во Република Македонија, и иако во изминативе години изостанаа големи резултати, интересот кај младите за борење е зголемен, а очигледно со ангажман на раководните луѓе на федерацијата, борењето се враќа на македонската сцена на…

Read More