Author: riste

Тренерот на Еурофарм Пелистер Бранислав Ангеловски, и покрај новиот пораз на неговата екипа од ПИК Сегед, испрати низа позитивни критики до своите ракометари. Привременото решение на клупата на македонскиот шампион им за заблагодари на ракометарите што верувале во она што го работат на тренинзите и најави дека ако се продолжи во овој ритам, победите ќе дојдат наскоро. „Сакам да им се заблагодарам на играчите кои веруваат во тоа што го работиме на тренинг. Веруваат дека сме блиску до победа и за краток рок ќе дојдеме до неа. Победата ја заслужуваат сите, првенствено навачите и сите битолчани кои се осми играч. Мора да…

Read More

Maкедонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер не успеа да дојде до првите бодови во Лигата на шампини и ќе чека нова шанса за тоа. Е.Пелистер  го забележаа осмиот пораз од исто толку натпревари во групата А, откако во Битола долго време се држеа против ПИК Сегед, но фаворизираниот противник во финишот успеа да постигне гол и да дојде до победа од 27:28. Тренерот Бранислав Ангеловски, во својот ростер за првпат го имаше последното засилување, Филип Кузмановски, додека во тимот се врати и голманот Калифа Гедбан, кој го пропушти гостувањето во Унгарија пред една недела. Првиот дел помина во знакот на гостинската екипа…

Read More

Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос има повреда на тетивата, потврди тој по натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина. Ова е причината поради која дефанзивецот беше заменет на паузата. По средбата самиот фудбалер призна дека е под сериозен знак прашалник за претстојниот натпревар против Монако во петок навечер. „Ќе биде тешко (да се игра против Монако во петок). Се надевам дека ќе се вратам што е можно побрзо“, изјави самиот тој по средбата за „Л‘Екип“. Надежите на тренерскиот тим на ПСЖ е дека повредата на играчот нема да биде сериозна и тој ќе биде во ред за дуелот со Њукасл во…

Read More

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров денес го добија својот следен пртивник во осминафиналето на Европскиоѕ куп на ЕХФ. По убедливиот двомеч против Еупен , ЖРК Ѓорче Петров во осминафиналето во Европскиот куп на ЕХФ ќе огра против екипата на Хазена Кинзварт од Чешка.  Досега Ѓорче Петров ги исфрли Тиват и Еупен, додека чешките ракометарки беа подобри од Винтертур и Вестфриесланд. Натпреварите од осминафиналето се играат на 13 и 20 јануари.

Read More

Англискиот напаѓач Хари Кејн го сумираше настапот на неговата репрезентација во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Македонија (1:1). „Знаевме дека ќе биде тежок натпревар против пристоен тим кој игра на терен на кој е тешко да се игра нашиот стил на игра. Во дел од натпреварот губевме со 0:1 поради досудениот пенал. Беше убаво да се биде на теренот бидејќи секогаш се трудам да му помогнам на тимот, без разлика дали играм 90 минути или 10 минути. Нам ни беше важно да израмниме – штета што не можевме да постигнеме втор гол. Мислам дека тоа беше автогол, прилично сум…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е лидер по бројот на упатени удари, вклучувајќи ги и блокираните, меѓу сите играчи во англиската Премиер лига во сезоната 2023/2024. Норвежанецот има 46 удари, осум повеќе од напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах. Во првата тројка се најде и играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш (36 шута). Халанд дојде во Манчестер Сити во летото 2022 година од Борусија Дортмунд. Минатата сезона норвешкиот напаѓач постигна 36 гола на 35 натпревари во англиската Премиер лига и постигна осум асистенции. На 12 натпревари оваа сезона, 22-годишниот фудбалер постигна 13 голови. По 12 кола во…

Read More

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети зборуваше по ремито 0:0 на неговиот тим во последниот квалификациски натпревар против Украина, со кој „аѕурите“ се квалификуваа на ЕП 2024 во Германија. Селекторот ја изрази својата радост за успехот, но не пропушти да изрази некои критики: „Генерално, ништо не може да се земе здраво за готово. Одигравме добар натпревар, во првото полувреме имаше многу шанси за гол. Откако не го сторивме тоа, играта стана пофизичка и во таа фаза веќе не се играше фудбал. Моравме да продолжиме да напаѓаме, но Украина се покажа како многу добар тим, што ни направи многу проблеми“, изјави Спалети…

Read More

Македонија остане непоразена против големата Англија во последниот натпревар од циклусот квалификации за Европското првенство. Иако мечот немаше резултатско значење, сепак овој резултат е за подобрување на самодовербата кај нашите фудбалери за иднината. По крајот на натпреварот, нашите репрезентативци беа добро расположени, а свој коментар даде капитенот Енис Барди. Тој смета дека тимот покажал обединетост и ова е вистинскиот начин како треба да се игра кога се носи дресот на Македонија. „Знаевме дека не чека еден тежок натпревар против Англија, затоа што знаевме кој е ривалот. Последниот меч за оваа година бевме заедно и ја дадовме целата сила. Вака треба…

Read More

Македонија одигра уште еден одличен натпревар и остана непоразена од уште еден светски фудбалски великан како што е Англија. Пред неполни два месеци на истото место во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ремизираше со Италија, а сега и со Англија. Момците на Благоја Милевски на новиот тревник на Арената „Тодор Проески“ одиграа 1:1 против најскапата светска селекција, на крајот на овие квалификации. Македонија го заврши циклусот квалификации на четвртото место зад Англија, Италија и Украина. На прес-конференцијата по натпреварот селекторот Благоја Милевски рече: „Не би сакал да ги коментирам спорните моменти, тука се судиите и ние треба да ги прифатиме нивните…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер официјално се пофали со големо засилување во бековската линија. Нов играч на битолчани е репрезентативниот бек Филип Кузмановски, кој доаѓа директно од Бундеслигата, каде што настапуваше за Вецлар. Само што се појави информација дека Кузмановски го раскина договорот со бундеслигашот, клубот од Битола го официјализираше потписот. Пелистерци се пофалија со ангажирањето на еден од најдобрите македонски ракометари, кој потекнува од Битола и веќе се врати во Македонија и потпиша договор со екипата на Еурофарм Пелистер. На промоцијата беше присутен и тренерот Бранислав Ангеловски кој му посака добредојде назад во клубот на популарниот „Фитиљ“. 27-годишниот Кузмановски е дете на…

Read More