Убави вести пристигнуваат од Германија! Нашата гимнастичарка Илина Соколовска освои три сребра во натпреварите во Бундес лигата! Овие три медали ќе ја красат витрината и на Илина и на нејзиниот клуб со останатите злата, сребра и бронзи што таа ги освои колку што се занимава со ритмичка гимнастика дома и во странство. Последните три натпревари од Бундес се одржаа во Дизелдорф, Берлин, а финалето во Бремен. „Се натпреварував екипно, како дел одмојот тим Гутерсло-Билефелд, каде што сум еден од лидерите на тимот, тоа го кажаа и тренерите,а пред извесно време беше објавено во германските весници. Тоа значи дека од мене…
Author: riste
Нашата фудбалска репрезентација ќе има максимална поддршка од трибините на националната Арена „Тодор Проески“ на утрешниот натпревар со Англија. Од страна на ФФМ денес потврдија дека влезниците се оддамна продадени и очекуваат полни трибина, па затоа ги информираат навивачите кои ќе дојдат на стадионот, тоа да го направат најмалку 1 час пред почетокот на натпреварот затоа што 30 минути пред почетокот на мечот , вратите ќе бидат затворени. Се надеваме дека организациски ќе се покажеме како добри домаќини на репрезентацијата на Англија, а резултатски ќе успееме да и парираме на една од најдобрите селекции во Европа. Натпреварот започнува во 20.45…
Македонија ја очекува последниот натпревар во квалификациската група за Европското првенство. На „Тодор Проески“ гостува селекцијата на Англија, која е меѓу најдобрите на светот. На средбата со новинарите во пресрет на натпреварот, освен селекторот Милевски зборуваше и Столе Димитриевски. „Натпреварот на „Олд Трафорд“ беше доста тежок. Резултатот според нашите квалитети не е реален, ама тоа може да му се случи секому. Имаме нов натпревар за докажување, да покажеме дека тоа не беше вистинската слика за нас. Мора да покажеме подобра игра, во најдобро светло. Се надевам на тензичен натпревар за двете селекции, со вистинско темпо. Треба да дадеме максимум, да…
Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува последниот натпревар од квалификациите за ЕП и тоа против силната селекција на Англија. По поразот од Италија во Рим со 5:2, сега на гости доаѓа немотивиран ривал кој сепак е од светскиот „крем“ и за нив сè освен победа во Скопје е неуспех. На прес-конференцијата пред натпреварот, своите очекувања ги изнесе селекторот Благоја Милевски. „Веќе направивме доста измени и во составот и во начинот на функционирање по дуелот во Манчестер. Веќе имаме нова физиономија на тимот, со доста млади играчи, со добра перспектива според она што го гледаме во последните пет натпревари. Нормално…
Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт откри на кои играчи ќе им се даде предност при составувањето на селекцијата за претстојното Европско првенство. „Се враќаме на пријавувањето од 23 лица (УЕФА го намали пријавувањето на репрезентациите за ЕП 2024 од 26 на 23 лица). Тоа го менува размислувањето затоа што на последните два турнира имавме таква слобода во однос на изборот на составот што можевме да земеме играчи кои не беа баш соодветни за тимот или кои може или не беа подеднакво подготвени. Овој пат физичката кондиција на играчите, нивната способност да учествуваат на шест или седум натпревари ќе биде навистина важен фактор. Ќе треба…
Фудбалската федерација на Камерун информираше дека голманот на нивната селекција и на Манчестер Јунајтед, Андре Онана заработил повреда на препоните на последниот африкански квалификациски натпревар за СП 2026 со Маурициус (3:0). „Фудбалската федерација на Камерун ја информира јавноста дека голманот Андре Онана, кој се повреди на натпреварот против Маурициус на 17 ноември 2023 година, не беше вклучен во тимот кој моментално е во Бенгази. Лекарскиот преглед направен од лекарите на репрезентацијата открија дека играчот има повреда во пределот на препоните. Фудбалската федерација на Камерун му посакува брзо закрепнување на Онана“, напишаа во соопштението на федерација на својот официјален профил на социјалната мрежа X…
Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп по натпреваро со Гибралтар зборуваше за повредата што ја заработи играчот на Франција и средниот ред на ПСЖ, Ворен Заир-Емери на мечот кој го доби Франција со 14:0. „Ова беше совршена вечер, освен повредата на Заир-Емери. Таа не е многу сериозна. Од информациите што ги имам, се изгледа ветувачко. Тој нема скршеница, но, очигледно, има истегнување на зглобот“, изјави Дешамп. Во моментов, периодот за опоравување на фудбалерот се уште не се одредени. Да потсетиме, во 20. минута од натпреварот со репрезентацијата на Гибралтар, 17-годишниот Французин се повреди и беше заменет. Три минути претходно го постигна деби голот за националниот тим. Самиот натпревар со…
Вечерва ќе биде одигран последниот голем меч во 2023 година на тениските терени, барем на индивидуален план. Италијанскиот тенисер Јаник Синер ќе го предизвика најдобриот и во оваа година Новак Ѓоковиќ за трофејот на завршниот Мастерс кој се игра во Торино. Во 18:00 часот во „Пала Алпитур“ ќе започне финалниот натпревар, во кој домашниот тенисер со помош на публиката ќе се обиде вторпат да го изненади најдобриот на светот. Италијанецот во групната фаза успеа да го добие маратонот со Ѓоковиќ во три сета. Два од нив се играа во тај-брејк, а првиот беше во дванаесеттиот гем, меѓутоа уште тогаш Синер покажа…
Трката од Формула 1 шампионатот во Лас Вегас ги оправда очекувањата, како на трибините, така и на самата патека каде имаше одлични битки за секоја позиција. Што се однесува до прашањето на победникот, повторни немаше дилеми, Макс Верстапен ја запиша 18 сезонска победа. Со тоа Холанѓанецот се израмни и со Себастијан Фетел со 53 пласмани на највисокото место на подиумот. Верстапен стартуваше од втората позиција, меѓутоа веднаш го презеде водството на Леклер. Сепак, за тоа заработи казна, а уште пред влегувањето во бокс возачот на Ферари се врати во водство. Изгледаше сè идеално за Шарл Леклер, но со второто влегување…
Македонија загуби од Италија на гостувањето во Рим на „Олимпико“ со 5:2, а со тоа ја прекина серијата на добри резултати против оваа репрезентација. Одигравме многу лошо прво полувреме во кое губевме со 3:0 и сосема солидно второ полувреме во кое ја вративме неизвесноста се до пред самиот крај на натпреварот. Првите сериозни возбудувања беа пред голот на нашата репрезентација, во 13.минута Распадори доби топка во празно успеа да постигне гол, но главниот судија го поништи оправдано поради офсајд позиција. Ова како да беше најава на водството на Италија кое дојде во 17.минута по изведениот корнер, Матео Дармиан беше сам…
