Во градот Котија, ноќта на 7 ноември, напаѓачи се обиделе даги киднапираат девојката и новородената ќерка на бразилскиот напаѓач на саудискиот Ал-Хилал Нејмар. Ова го објави „О Глобо“. Според изворот, околу три часот по полноќ по локално време, разбојници упаднале во куќата на мајката на девојката на поранешниот напаѓач на ПСЖ и Барселона. Крадците украле скапоцени предмети, дизајнерски чанти и часовници во вкупна вредност од околу 120 илјади долари, а прашале и каде се наоѓаат девојката на Нејмар, Бруна Бјанкарди и нивната новородена ќерка. Еден од криминалците, 19-годишен локален жител, подоцна бил приведен. Нејмар и Бјанкарди на социјалните мрежи објавија дека се е во ред…
Author: riste
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Џон Стоунс заработи нова повреда на вчерашниот натпревар со Јанг Бојс (3:0). Англискиот репрезентативец ги пропушти првите седум натпревари сезонава поради повреда на бутот, а вчера заработи повреда на мускулот која според Пеп Гвардиола ќе го оддалечи извесно време. На натпреварот против Јанг Бојс повреда заработи и Мануел Аканжи. „Ману има проблем со грбот. Се надеваме дека проблемот не е премногу голем и дека ќе биде подготвен за недела. Жал ми е за Џон Стоунс бидејќи тој е неверојатен професионалец и неговото отсуство ќе биде голема загуба. Тој е многу важен, но ќе се опорави и…
По вчерашниот натпревар кој Шахтјор го одигра против Барселона и го доби со 1:0, екипата од Украина успеа да ја прекине серијата од 17 натпревари на кои секогаш примаше гол. Долго траеше оваа серија на играчите на Шахтјор затоа што на секој натпревар одигран во Европските купови примаа најмалку по еден гол, а со тоа не ја зачувуваа својата мреже недопрена. Последен пат пред оваа средба украинскиот клуб не прими во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со Интер (0:0), кој се одигра на 28 септември 2021 година. Да потсетиме, Барселона води на табелата од…
Нуно Еспирито Санто повеќе не е тренер на Ал-Итихад. Клубот од Саудиска Арабија му врачи отказ на португалскиот стручњак поради незадоволителни резултати. Во националното првенство, Ал-Итихад исто така не игра според очекувањата и е без победа во 5 последователни натпревари, се наоѓа на 6-то место на табелата. Еспирито Санто минатата сезона го предводеше Ал-Итихад до титулата во Саудиска Арабија. Во летото клубот донесе ѕвезди како Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо, но тие играат далеку од очекуваното, а со тоа и резултатите не се как што очекуваше раководството на клубот.
Голманот на Манчестер Сити, Едерсон постави рекорд во Лигата на шампионите како најбрз голман кој стигнал до 50 победи. Синоќа, Манчестер Сити се сретна со Јанг Бојс во натпреварот од 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите и оствари сигурна победа со резултат 3:0. Граѓаните по четири натпревари се водечки во групата Г со 12 бода. Благодарение на победата над швајцарскиот тим, голманот на Манчестер Сити, Едерсон, стана осмиот голман кој стигнал до 50 победи во најпрестижното европско клубско натпреварување, а прв на 75 одиграни натпревари. Во Бенфика, бразилскиот голман победи на четири натпревари, а во Манчестер Сити – 46. Едерсон…
Српската репрезентација пред мечот со Бугарија на 19 ноември во Лесковац повторно има проблеми со повредени важни играчи. Станува збор за повреда на коленото на плејмејкерот Сергеј Милинкович-Савиќ, пишуваат медиумите во Србија. Натпреварот на стадионот „Дубочица“ е последен од групата Г на патот до ЕП 2024 и за домаќините од исклучително значење. Србија најпрвин беше загрижена дека повторно ќе недостасува Александар Митровиќ, како што беше случајот во јуни во Разград, кога Србија израмни на 9 секунди до крајот со 1:1. А истиот ден Митровиќ постигна гол за својот Ал Хилал во првенството на Саудиска Арабија и најави дека Бугарите ги…
Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, попладнево учествуваше на тренингот на Граѓаните, што укажува дека се чувствува доволно добро пред утрешната пресметка со Јанг Бојс. Норвежанецот беше заменет на полувремето на саботниот натпревар со Бурнемаут, а претходно денеска на својата прес-конференција, менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола рече дека се уште не знае дали Халанд ќе тренира или ќе учествува на натпреварот против швајцарскиот тим, со кој Манчестер Сити може да си обезбеди учество во елиминациската фаза од Лигата на шампионите. Повредата на Халанд беше на скочниот зглоб, но снимките од тренингот покажаа дека е добро. Сепак, можно е Гвардиола да…
Женската тениска асоцијација (ВТА) призна дека условите под кои се одржува завршниот турнир во сезоната во Канкун не се совршени. Речиси сите осум тенисерки кои учествуваат во сингл конкуренцијата изразија јавно незадоволство од состојбата на теренот и целокупната организација на натпреварот. „Разбирам дека не сте среќни што сте овде во Канкун. Можам да ве уверам дека вашето незадоволство се слушна. Разбираме дека ова не е совршено натпреварување, условите се предизвикувачки и ВТА мора да преземе одговорност за ова“, рече шефот на организацијата Стив Сајмон во писмо до тенисерките што го објавија медиумите. Женската тениска асоцијација во последно време е под…
Реал Мадрид планира да го ангажира играчот од средниот ред на Баерн Џамал Мусиала доколку не успеат да го комплетираат трансферот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ова лето. Оваа информација ја објави „Sport Bild“. Претходно во медиумите се појави информација дека 20-годишниот офанзивен играч за врска не брза да го продолжи договорот со клубот од Минхен. Од друга страна голем број европски клубови се заинтересирани за купување на Мусиала. Покрај Реал Мадрид, интерес за фудбалерот покажуваат и Манчестер Сити и Ливерпул. Да потсетиме, сегашниот договор на Мусиала со Баерн Минхен е до летото 2026 година. Германскиот фудбалер оваа сезона учествуваше на 12 натпревари во сите натпреварувања, на…
Украинецот Александар Шовковски привремено ќе биде главен тренер на Динамо Киев по заминувањето на романскиот стручњак Мирчеа Луческу. Ова го пренесува официјалниот сајт на украинскиот клуб. Шовковски (48) претходно беше дел од стручниот штаб на Луческу и беше негов помошник. Да напоменеме дека минатата сезона, кога Мирчеа Луческу извесно време беше на боледување поради здравствени причини, Александар Шовковски беше тренер на тимот од Киев. Емил Карас, Олег Гусев и Михаил Михаилов ќе продолжат да работат во стручниот штаб на Шовковски. Да потсетиме, вчера, 3 ноември, 78-годишниот Мирчеа Луческу објави дека го напушта Динамо Киев и ја завршува тренерската кариера. Ова се случи по поразот на Динамо Киев…
