Италијанскиот Милан планира да го продолжи договорот на францускиот напаѓач Оливие Жиру. Ова го објави новинарот Николо Шира на социјалните мрежи. Според Шира, раководството на италијанскиот клуб планира да му понуди на Жиру договор со важност до 2025. Исто така објавено е дека францускиот репрезентативец веќе добил две многу поволни понуди од клубови од Саудиска Арабија и Американската МЛС за следната сезона. 37-годишниот Жиру игра за Милан од почетокот на 2021/2022 сезона, а неговиот сегашен договор со клубот ќе трае до лето на 2024. Во тековната сезона, тој учествуваше во 12 натпревари, во кои постигна шест гола и три асистенции.…
Author: riste
Наградата „Златната топка“ за 2023 година ќе биде 67-та годишна церемонија на доделувањето на „Златната топка“, претставена од магазинот „Франс Фудбал“, со која се прогласуваат најдобрите фудбалери во светот во сезоната 2022-2023. По втор пат во историјата на наградата, ќе се доделува врз основа на резултатите од сезоната наместо на календарската година, со сезоната што започнува на 1 август 2022 година и завршува на 31 јули 2023 година. Номинираните беа објавени на 6 септември 2023 година, а церемонијата ќе се одржи денеска на 30 октомври. Покрај машката награда, ќе бидат доделени и „Златната топка“ за жени, трофејот „Копа“, трофејот „Јашин“,…
Милан Илиевски веќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. По вчерашниот пораз од Шкупи од 3-0 раководството на клубот постигна спогодбен раскин на договорот. Клубот му се заблагодарува на Милан Илиевски за досегашната соработка и негов ангажман во клубот и му посакува среќа во понатамошната кариера. Работнички ја информираше јавноста дека во наредните денови ќе биде донесена одлука кој ќе го предводи тимот во наредниот период. Работнички е во лоша серија од три порази, и моментално е на разочарувачкото деветто место на табелата со само 13 бода. Во следното коло Работнички ќе има исто така тешка задача,…
Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне ќе потпише нов тригодишен договор со клубот, објавија шпанските медиуми. Според истите, новиот договор ќе вклучи клаузула за предвремено раскинување на договорот. Ако Атлетико Мадрид не успее да се квалификува за Лигата на Шампионите, клуб и Аргентинецот може да го прекинат договорот. Симеоне ја презеде екипата на Атлетико во 2011 година. Под негово водство, Мадридскиот тим два пати стана шампион на Шпанија, два пати ја освои Лига Европа. Покрај тоа, Атлетико Мадрид имаат стигнато до финалето на Лигата на Шампионите, двапати, но тие не успеаа да победат во ова натпрерварување. По 10 кола…
На напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд му се потребни 64 минути да постигне гол на натпреварите во англиската Премиер Лига. Норвешката ѕвезда постигнува гол на секоја 64 минута поминати на теренот, а со тоа е најдобар според овој индикатор меѓу играчите кои играле најмалку 40 натпревари. Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах исто така е во топ 5 според овој показател. Египетскиот фудбалер постигнува гол на секоја 93 минута, речиси попловина час повеќе од Халанд. Поранешниот фудбалер на Арсенал и Франција, напаѓачот Тиери Анри и поранешен напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро се на втората и третата позиција (86 минути).…
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски беше на чекор до уште еден огромен успех и златен медал, но поради повреда го откажа својот настап во финалето на Г1 турнирот во теквандо во Букурешт, Романија, и така се враќа со сребрен медал. Нашиот најдобар таеквондист забележа три чисти победи од по 2:0 против Мануел Полет од Белгија, Андриј Харбар од Украина и Емре Кталмиш од Турција. Но, поради повреда на раката не можеше да настапи во борбата за златен медал. „Овој спортски или олимписки подвиг кој го покажува Дејан Георгиевски ни одблиску не е забележан откако Македонија е самостојна држава. За само два месеци тој…
Германскиот тим РБ Лајпциг ќе биде без Дани Олмо неколку недели поради изместување на рамото, соопштија од клубот. Играчот од средниот ред ја заработи повредата во 70. минута од саботниот натпревар против Келн, кој Лајпциг го доби со 6:0. Шпанецот влезе како резерва само седум минути претходно. „Лекарските прегледи покажуваат дека Олмо нема скршеница, но ќе биде надвор од теренот неколку недели“, се вели во соопштението на германскиот клуб. 25-годишниот Олмо се врати во составот на РБ Лајпциг по речиси еден месец неиграње поради повреда на коленото. „Навистина е тешко за мене и за самиот играч. Би било фантастично да…
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на трката за Големата награда (ГН) на Мексико на патеката „Браќата Родригез“, што е негова шеснаесетта победа оваа сезона, што е апсолутен рекорд во Ф1 шампионатот. По победата во Остин, Макс Верстапен стигна до 50-тата победа во кариерата, а сега ја забележа 51-та победа, по што се израмни со легендарниот Алан Прост. Верстапен дојде до победата и покрај тоа што не стартуваше од првата позиција, така беше и во САД, а еве и во Мексико стартуваше од третото место, но сепак возеше доминантно и победи. На второто место на крајот на трката заврши Луис Хамилтон…
Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се одржа ждрепката за ¼ финалната фаза во Купот на Македонија. Откако беа одиграни осминафиналните натпревари во средата, битката за трофејот во Купот ја продолжија осум екипи, а веќе се познати и паровите кои ќе се борат за пласман во полуфинале. Најинтересно се очекува да биде во Скопје, на натпреварот меѓу Работнички и Шкупи, во Штип ќе се сретнат Брегалница и Воска Спорт, додека Брера ќе гостува кај Тиквеш, а бранителот на трофејот, Македонија ЃП на свој терен ќе го пречека Силекс. Четвртфинале на Куп на Македонијa:Брегалница – Воска Спорт Тиквеш – Брера Работнички – Шкупи Македонија ЃП – Силекс Натпреварите од оваа фаза се играат…
Двократниот МВП играч на НБА, Јанис Адетокумбо, кој освои титула со Милвоки во 2021 година, изненадувачки потпиша максимално продолжување на договорот со Милвоки Бакс во вредност од 186 милиони долари. Новиот договор е на три години и вклучува опција за играчот за сезоната 2027/2028, објавија „ЕСПН“. Јанис Адетокумбо претходно изјави дека нема финансиска смисла тој да потпише продолжување на договорот сега наместо летото 2024 година. Крајниот рок за Адетокумбо и Милвоки да ја завршат зделката беше во понеделник на полноќ, бидејќи таа вечерва почнува новата сезона во НБА. Адетокумбо минатата сезона имаше најдобар просек во кариерата 31,1 поени на 63…
