Напаѓачот на Гремио, Луис Суарез, кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата. Уругвајскиот ветеран може да се смета за сигурно ново засилување за Интер Мајами. Сите детали околу договорот на Суарез се веќе финализирани, тврди „ЕСПМ“. Тој ќе им се приклучи на своите нови соиграчи во јануари и повторно ќе игра со неговите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба. Договорот на Уругваецот со Интер Мајами ќе биде на 1+1 година. Гремио веќе се согласи да се раздели со 36-годишниот голгетер со заедничка согласност. Од почетокот на сезоната во Бразил, Суарез има 10 гола и 10…
Author: riste
Бразилскиот напаѓаќ Нејмар ќе оди на операција во текот на утрешниот ден. Да се потсетиме дека Бразилскиот напаѓач претрпе повреда на левото колено во квалификациите за СП 2026 на натпреварот со Уругвај (0:2). Веднаш му беше дијагностицирано со оштетување на предниот вкрстен лигамент, како и раскинат менискус. Неговиот клуб Ал-Хилал објави дека на фудбалерот му предложиле да оди на операција во Париз, но Нејмар самиот сака да биде опериран од страна на лекарот на Бразилскиот национален тим Родриго Ласмар. Оваа операција се очекува да биде реализирана во Бело Хоризонте во текот на утрешниот ден (четврток). Се проценува дека играчот за…
Информациите кои доаѓаат од Италија велат дека директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли, оваа недела ќе се сретне со агентот на Душан Влаховиќ, Дарио Ристиќ, за да разговараат за можното продолжување на договорот со српскиот репрезентативец. Клубот од Торино работи на продолжување на договорите на многу свои играчи. Тие веќе постигнале договор со Николо Фаџоли, а сега на ред е српскиот напаѓач, пренесуваат „Газета дело спорт“ и „Калчомеркато“. Актуелниот договор на Влаховиќ истекува во јуни 2026 година, а Јувентус наводно работи на негово продолжување за една или две години. Ова ќе им овозможи на гигантите од Серија А да ја намалат…
Шпанска Барселона го следи мексиканскиот напаѓач на Феенорд, Сантијаго Хименез, објави „ЕСПН“. Во исто време, Барселона знае дека конкуренцијата за потпис на играчот ќе биде голема, а холандскиот клуб ќе бара голема отштета. Оваа сезона 22-годишниот Хименез на 10 натпревари од првенството на Холандија постигна 13 гола и имаше три асистенции. Напаѓачот постигна два гола и во неговиот единствен натпревар во Лигата на шампионите против Лацио (3:1). Според изворот, претставниците на каталонскиот тим биле импресионирани од тоа колку брзо Мексиканецот се прилагодил на европската игра. Барселона ќе продолжи внимателно да го следи Хименез во наредните месеци, но има бројни пречки кои го спречуваат трансферот да…
Јувентус зазема нов курс во економската политика на клубот, фокусиран на одржливост и буџетска дисциплина, пренесува „Газета Дело Спорт“. Тоа ќе влијае не само на фудбалерите, туку и на највисоките позиции во клубот. Според презентираните извештаи, донесена е одлука за намалување на платите на претседателот на Јувентус Џанлука Фереро и на генералниот директор Маурицио Сканавино. А исто така и за намалувањето на бонусите на извршниот директор, кои процентуално влијаат повеќе од фиксниот дел. Во моментов платата на раководството е: претседател – 800.000 евра, генерален директор – 400.000 евра. Во декември 2022 година, Џанлука Фереро стана нов претседател на Јувентус, откако претходниот шеф на клубот поднесе…
Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси призна дека повеќе нема да ја добива Златната топка. „Долго време не размислував за Златната топка. Освојувањето на Златната топка никогаш не ми било приоритет – особено сега, по се што постигнав во кариерата и споредено со сите други моменти што ги доживеав. Мислам дека ова е мојата последна Златна топка. Драго ми е што успеав да постигнам се што постигнав и сум единствениот фудбалер кој освоил осум награди“, изјави Меси за „L’Équipe“. Да потсетиме, на 30 октомври свеченото доделување на наградите за минатата сезона го одржа францускиот весник Франс Фудбал. Напаѓачот на американскиот Интер Мајами, Лионел Меси, врз…
Капитенот на Јувентус, Данило заработи уште една повреда на тренингот на Јувентус и сега е многу веројатно да го пропушти претстојното гостување на Бјанконерите кај Фиорентина во недела навечер, открива „Калчомеркато“. 32-годишниот фудбалер доживеа истегнување на тетивата на левата нога додека беше со репрезентацијата на Бразил за време на последната лигашка пауза. Првично се очекуваше дека тој ќе биде надвор од терените за период од околу 20 дена, па неговиот ангажман на натпреварот со Фиорентина никогаш не беше загарантиран. Состојбата во последните денови му даде надеж на Масимилијано Алегри дека може да смета на него за гостувањето во Фиренца. Сепак,…
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор го коментираше продолжувањето на договорот со мадридскиот клуб до 2027 година. „Играњето овде секогаш беше мојот сон. Од каде што доаѓам, многу е тешко да се дојде до оваа точка. Не можам да објаснам со зборови што значи да се биде играч на Реал Мадрид. Само оние кои поминале низ ова можат да ги разберат моите чувства. Имам одлични односи со сите мои соиграчи. Она што не обединува е тоа што сите сме среќни што го претставуваме најдобриот клуб во светот. Треба да уживате во овие моменти, бидејќи тие многу брзо поминуваат“, изјави Винисиус на социјалните мрежи. Да потсетиме, Винисиус…
Меѓународната Фудбалска Федерација (ФИФА) го суспендираше поранешниот претседател на шпанската Фудбалска Федерација Луис Рубиалес на три години. Причината за казната е скандалозниот бакнеж на шпанска фудбалерка на Светското Првенство за жени. Луис Рубиалес беше фатен во сексистички скандал по церемонијата за доделување на медалите за победниците за жени на Светското Првенство. Рубиалес ја зграпчи главата и страсно ја бакна фудбалерката Хермосо во усните. Како резултат на тоа, Рубиалес ја загуби својата позиција и стана обвинет во кривична постапка.
Холандскиот гигант Ајакс кој е во голема резултатска криза го именуваше Џон Ван‘т Шип како привремен тренер на Ајакс. Поранешниот играч на Ајакс, потпишува договор со клубот во кој ќе работи од 30 октомври 2023 до 30 јуни 2025. Ван‘т Шип и Ајакс се договорија тој да го води тимот кој се наоѓа на последното место на табелата во шампионатот на Холандија. Ван‘т Шип е роден на 30 декември 1963, а играше во првиот тим на Ајакс, од 1981 година до 1992 година, по што замина во италијанскиот клуб Џенова. По неговата активна кариера во фудбалот, тој бил тренер на…
