Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер го потврди големото засилување во бековската линија. Нов играч на битолчани е репрезентативниот бек Филип Кузмановски, кој доаѓа директно од Бундеслигата, каде што настапуваше за Вецлар. Денес се појави информацијата дека Кузмановски го раскина договорот со бундеслигашот, а клубот од Битола го официјализираше потписот. Пелистерци се пофалија со аквизицијата на еден од најдобрите македонски ракометари, кој потекнува од Битола и веќе е на пат кон Македонија за да парафира договор со првакот. „Ни претставува особена чест и задоволство да ја информираме јавноста дека од денес нов член на Еурофарм Пелистер е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Процесот на обединување на…
Author: riste
Договорот меѓу шпанскиот тренер Чаби Алонсо и Баер предвидува специјална отштета за Реал Мадрид, објавија медиумите во Германија. Според истите, договорот на тренерот ја одредува точната сума, по чија исплата тој може да стане тренер на Реал Мадрид. Оваа сума се движи од 15 до 18 милиони евра и важи само за мадридскиот клуб. Се истакнува дека Алонсо немаше да го продолжи договорот со тимот од Леверкузен до 2026 година доколку раководството на германскиот клуб не се согласеше на вклучување на таква клаузула. Претходно во медиумите се појави информација дека Алонсо е главен кандидат да го замени актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло…
На средината на осумдесетите години од минатиот век, малиот фудбал во Макеоднија беше спорт кој го следеа со големо внимание многу љубители на спортот, а знаеше спортските сали да бидат исполнети до последно место на фудбалските натпревари кои се играа. Една од екипите кои го одбележа развојот на малиот фудабал, а подцна и футсал во Макеоднија беше екипата на Грамоси. Екипа која беше вормирана во 1985 година од страна на група ентузијасти и вљубеници во малиот фудбал, предводена од Драги Трајковски кој е најзаслужен за формирањето и развојот на овој клуб. Оваа екипа во тие години беше страв и трепет…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го сподели своето мислење за крилниот напаѓач на неговата екипа, Џек Грилиш. „Тој е навистина одлично момче. Еден од најдобрите играчи што сум ги имал. Сите го сакаат. Ако зборуваме за разни општествени и добротворни организации, многупати сум видел како се грижи за деца и стари лица. Тој секогаш размислува разумно, а Џек има и навистина корисни врски“, изјави Гвардиола во интервју за новинарот Фабрицио Романо. Да потсетиме, Грилиш во 2021 година од Астон Вила се пресели во Манчестер Сити. Во овој период, фудбалерот учествуваше на 101 натпревар, на кои постигна 11 гола и 17 асистенции.
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска ќе го дочека првиот фаворит во групата од квалификациите за Европското првенство (ЕП), селекцијата на Србија. По поразот од Португалија на гостински терен, кошаркарките предводени од Александар Ашаданов за противник ја имаат една од најдобрите селекции на светот. Дуелот кој ќе се одигра вечерва во СРЦ „Кале“ и ќе биде добра шанса за нашите кошаркарки да видат до каде се. Иако се апсолутен аутсајдер во натпреварот, се очекува нашите репрезентативки да ја искористат можноста за учење од фаворитките и сонрање на искуство. Во првото коло Србија одигра очекувано максимално и ја декласираше Украина со…
Фабрицио Романо кој важи за експерт за фудбалски трансфери, денес излезе со сензационална најава на социјалните мрежи. Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, на маса има понуди од две екипи од Ла Лига и веќе во јануари ќе ги започне преговорите за трансфер. Се работи за најтрофејната екипа во Лигата на Европа, Севиља, како и поранешниот освојувач на истото ова натпреварување, Виљареал. Договорот кој Столе Димитриевски го има со сегашниот клуб Рајо Ваљекано истекува следното лето и трансферот би го направил како слободен агент, а веќе во јануари ќе започнат преговорите за личните услови. https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1723611595350421616 Нашиот репрезентативен голман веќе петта сезона…
Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Англија Герет Саутјет го објави спосокот на играчи за ноемвриските квалификациски натпревари за ЕП 2024 со селекциите на Малта и Северна Македонија. Натпреварот со Малта ќе се одигра на 17 ноември на стадионот Вембли во Лондон, а со Македонија на 20 ноември во Скопје. Комплетен состав на репрезентација на Англија:Голмани: Сем Џонстон (Кристал Палас), Џордан Пикфорд (Евертон), Арон Рамсдејл (Арсенал). Одбрана: Леви Колвил (Челзи), Луис Данк (Брајтон), Марк Гуехи (Кристал Палас), Хари Мегваер (Манчестер Јунајтед), Џон Стоунс (Манчестер Сити), Фикајо Томори (Милан), Киеран Трипие (Њукасл Јунајтед), Кајл Вокер (Манчестер Сити). Среден ред: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Џуд Белингем (Реал Мадрид),…
Голманот на Реал Мадрид, Кепа Аризабалага ќе пропушти две до три недели поради повреда на бутот, која ја доби на загревањето пред натпреварот од Лигата на шампионите со Брага (3:0), кој се одигра вчера, 8 ноември. Ова го објави „Мундо Депортиво“. Според изворот, Аризабалага бил подложен на лекарски преглед, кој открил дека играчот се здобил со кинење на мускулот на колкот. Нагласено е дека фудбалерот нема да може да учествува на претстојниот натпревар од шпанското првенство со Валенсија, а исто така нема да биде достапен ниту за претстојните натпревари на шпанската репрезентација. Да потсетиме, пред почетокот на минатата сезона, 29-годишниот голман се пресели во…
Манчестер Сити го постигна својот 250. гол во најпрестижното натпреварување во европскиот куп во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите со Јанг Бојс (3:0). За да дојде до оваа бројка на постигнати голови, на Манчестер Сити му беа потребни да одигра 119 натпревари – помалку од кој било друг тим. Актуелниот победник во Лигата на шампионите синоќа го совлада Јанг Бојс со 3:0, а по овој натпревар од четвртото коло во групната фаза, тимот на Пеп Гвардиола освои 12 поени и се пласираше во плејофот од Лигата на шампионите на две кола пред крајот натпреварите од оваа група. Манчестер…
Напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд го надмина Лионел Меси по број на постигнати голови во Лигата на шампионите пред неговиот 24-ти роденден. Напаѓачот на Манчестер Сити вчера реализираше два пати против Јанг Бојс (3-0), постигнувајќи го својот 38. и 39. гол во Лигата на шампионите. Во однос на головите во Лигата на шампионите пред својот 24-ти роденден, Халанд го надмина Лионел Меси (37 гола) и го зазеде второто место. Останува уште 1 гол за израмнување на лидерот по овој показател, Килијан Мбапе (40).
