Author: riste

УЕФА на својата официјална веб-страница ја објави листата на номинирани за наградата за најубав гол од 2. коло на Лигата на шампионите – 2023/2024 година. Листата на номинирани ги вклучува: Гол на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џад Белингем, кој во 34. минута го израмни резултатот на натпреварот од 2. коло со Наполи (3:2). Постигнатиот гол од страна на напаѓачот на Манчестер Сити, Јулијан Алварез во 84. минута, кој им овозможи да победат на гостувањето кај Лајпциг (3:1). Гол на крилото на Брага, Арминдо Брума, кој го израмни резултатот на натпреварот со Унион Берлин (3:2). Голот беше постигнат со удар од далечина по…

Read More

Она што се очекуваше веќе е потврдено, Саудиска Арабија и официјално најави дека ќе се кандидира да биде домаќин на Светското првенство (СП) во фудбал кое ќе се игра во 2034 година. Фудбалската федерација кажа дека сака да го донесе турнирот од светска класа и дека е подготвена да биде организатор на овој грандиозен настан. Инспирација ќе биде „длабоката страст кон фудбалот“ во земјата. Арапите веќе ќе го имаат првиот предизвик оваа година на организациски план, затоа што во Саудиска Арабија ќе се игра Светското клупско првенство, на кое домаќин ќе биде Џеда во месец декември.Овој настан ќе биде еден вид…

Read More

Холандскиот фудбалски стручњак Луј Ван Гал ќе се врати во Ајакс во улога на советник, објави амстердамскиот клуб кој е во голема криза. Ван Гал (72) кој минатата година објави дека боледува од рак на простата ќе го советува Ајакс за фудбалски работи. „Би сакал да му помогнам на Ајакс. Мојот живот се одвива во Португалија и добро се комбинира со оваа улога како надворешен советник“, рече Ван Гал. Ајакс е во една од најтешките кризи во својата 123-годишна историја, со моментален пласман на 15-то место во лигата. Клубот минатата недела го отпушти спортскиот директор Свен Мислинтат. Ван Гал е…

Read More

Тренерот на Наполи, Руди Гарсија ги сподели своите впечатоци од натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите, во кој неговата екипа загуби од Реал Мадрид со резултат 2:3. „Мислам дека нерешениот резултат е поправеден резултат на овој натпревар, но таков е фудбалот. Игравме на исто ниво со многу силен тим и не беше проблем да примиме гол како што примивме бидејќи грешките се дел од играта. Откако резултатот на натпреварот стана 1:1, премногу се отворивме, иако во тој момент моравме да се собереме и да не притискаме толку високо. Од друга страна, ми се допадна реакцијата на тимот во второто полувреме – можевме и…

Read More

Напаѓачот на Интер и аргентинската репрезентација Лаутаро Мартинез изјави дека неговиот претставник преговара со раководството на миланскиот клуб за нов договор. „Мојот агент работи на нов договор. Многу сум среќен овде, давам се од себе за клубот и моето семејство го сака Милано. Не гледам причина да ја сменам мојата клупска средина и да играм за друг тим“, вели Мартинез во интервју за познатиот инсајдер Фабрицио Романо. Да потсетиме, аргентинскиот напаѓач настапува за нероаѕурите од сезоната 2018/2019. Оваа сезона 26-годишниот Мартинез одигра седум натпревари за Интер во италијанското првенство, постигна девет голови и една асистенција. Интернет порталот Трансфермаркт ја проценува приближната вредност на Аргентинецот на 85…

Read More

Тренерот на Арсенал, Микел Артета по натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со Ленс (1:2) изрази загриженост за повредата што ја доби напаѓачот на тимот Букајо Сака. Поради повреда играчот беше заменет во 34. минута. „Во првото полувреме се обиде да ја удри топката со пета и почувствува нешто. Ова е мускулен проблем. Нему му беше тешко да игра и моравме да го замениме. Ништо друго не знаеме. Очигледно повредата беше доволно сериозна за да го спречи да го продолжи натпреварот. Ова не прави загрижени. Не знам дали ќе може да игра следниот викенд. Не многу одамна, Сака доби удар, но оттогаш се опорави. Сега имаше…

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг го коментираше поразот од Галатасарај (2:3) во 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите. „Двапати водевме и ја контролиравме играта. И тогаш, да, направивме некои грешки, некои фундаментални грешки кои обично не ги правиме во играта. Но, тие не можат да бидат дозволени на ова ниво. За вакви грешки веднаш стигнува казна. Тешко е да се контролира, но сите сме во ова заедно. Не само еден прави таква грешка, туку ние како тим правиме такви грешки, па го губиме натпреварот, што беше сосема непотребно, бидејќи, како што реков, водите двапати, ја контролирате играта и не очекувате таков исход“ беа…

Read More

Организаторите на првиот Грен слем турнир во сезоната, Австралија Опен, објавија дека во иднина турнирот ќе почнува во недела. Тоа ќе им остави повеќе простор на организаторите да го надополнат распоредот и да ги надополнат евентуалните прекини и доцнења. Отвореното првенство на Австралија се повикува на фактите, кои покажуваат дека натпреварите траат подолго од претходно, како и дека ваквата промена е дел од сугестиите и приговорите на самите тенисери. „Слушавме што имаат да кажат играчите и навивачите и задоволни сме што можеме да понудиме решение за доцните завршетоци на натпреварите и подобар дневен распоред“, рече директорот на турнирот Крег Тили.…

Read More

Баер Леверкузен се подготвува да достави понуда за продолжување на договорот со десниот бек Жереми Фримпонг. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил. Според Романо, сопствениците на Баер Леверкузен се подготвени да презентираат долгорочен договор за холандскиот фудбалер – до крајот на јуни 2028 година. Забележано е дека и покрај интересот на некои европски врвни клубови, дефанзивецот е подготвен да ја прифати понудата на „фармацевтите“. Фримпонг игра за Баер веќе две години (од 2021 година). Оваа сезона дефанзивецот одигра осум натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и три асистенции. Договорот на играчот со клубот од Леверкузен е со важност…

Read More

Менаџерот на Челзи Маурисио Покетино зборуваше за победата над Фулам (2:0) во 7. коло од англискиот шампионат. „Михаил Мудрик ни донесе водство со својот прв гол за Челзи, а тој гол брзо беше следен од друг од Армандо Броја, кој беше на теренот за прв пат по речиси една година. Ние ја оправдавме својата победа бидејќи интензитетот на нашиот пресинг и вешта игра се покажа премногу тежок за Фулам во раните фази. Го добивме тоа што го заслуживме. Многу сум среќен бидејќи оваа победа им беше потребна и на играчите и на навивачите. Сега имаме две победи за помалку од една недела. Требаше да почувствуваме…

Read More