Author: riste

Раководството на италијанската екипа Рома сака да го покани тренерот Антонио Конте да го замени тренерот Жозе Мурињо, пренесува „Спорт Медиасет“. Договорот на тренерот на Рома, Жозе Мурињо истекува во летото 2024 година, а голема е веројатноста Португалецот да го напушти клубот. Затоа, сопствениците на Рома, според гласините, веќе бараат замена за Португалецот. Сон на раководството на римскиот клуб е да го назначат Антонио Конте кој моментално е без клуб. Дополнително, алтернативна замена може да биде Алесио Диониси, кој моментално го води Сасуоло. Рома не ја започна сезоната добро, освојувајќи само осум бода во седум кола и се наоѓа на 12. место во Серија А.

Read More

Шпанскиот фудбалски првак Барселона објави дека официјално го продолжи договорот со 16-годишниот напаѓач Ламине Јамал. Новиот договор со бисерот кој излезе од фудбалската школа „Ла Масиа“ е со важност до 2026 година што е максимална должина на соработка за играч на негови години според правилата на ФИФА. За да се заштити од евентуален трансфер, Барселона постави и откупна клаузула во договорот на играчот во висина од неверојатни една милијарда евра. Младиот Јамал дебитираше во првиот тим на Барселона на 15 години, 9 месеци и 16 дена во април 2023 година што го направи најмлад фудбалер на каталонскиот тим кој се појавил…

Read More

Алмерија постигна договор предвреме да го раскине договорот со тренерот Висенте Морено. „Висенте Морено повеќе не е тренер на Алмерија, клубот во кој се приклучи минатото лето. Слабите резултати на екипата која има само два бода и е на дното од табелата, без ниту една победа од седум натпревари. Пред се, последниот настап на тимот на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ ја мотивираше одлуката на клубот. Утринава, Висенте Морено ги потпиша сите потребни документи за раскинување на договорот.Алмерија сака јавно да му се заблагодари на тренерот за професионалноста и посветеноста што Висенте Морено и членовите на неговиот стручен штаб постојано ја покажуваат за време…

Read More

25-годишниот дефанзивец Марк Кукурела во јануари, пренесува „ЕСПН“. Шпанецот, купен од Брајтон за 62 милиони фунти минатото лето, нема одиграно ниту еден натпревар во Премиер лигата оваа сезона. Два пати се појави на натпревар во англискиот Лига куп. Челзи би сакал да го продаде Кукурела наместо да го позајмува за да го подобри својот биланс откако потроши многу на трансфери изминатото лето.

Read More

Реал Мадрид ја следи ситуацијата околу напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен , пренесува „Скај Спорт“. Според изворот, за нигерискиот напаѓач се заинтересирани и неименувани саудиски клубови и лондонски Челзи. Сите тие се подготвени да се борат за играчот оваа претстојна зима. Наполи од денеска се наоѓа на седмото место на табелата во италијанскиот шампионат со осум бода по првите пет одиграни натпревари. Виктор Осимен оваа сезона одигра пет натпревари во Серија А и постигна три гола. Минатата сезона, 24-годишниот Нигериец постигна 26 гола и даде четири асистенции во 32 натпревари за да им помогне на Наполитанците да ја освојат титулата во лигата.

Read More

Фудбалската репрезентација на Украина во октомврискиот циклус ќе и биде домаќин на Македонија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Натпреварот поради воениот конфликт во Украина, ќе се одигра на неутрален терен во Прага, а исто така имаат казна од УЕФА и нема да имаат можност да го исполнат целиот стадион. Во пресрет на натпреварот, украинскиот селектор Сергеј Ребров го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета, а на него се наоѓаат 25 имиња и плус 3 резерви. Списокот на повикани играчи на Украина: Голмани: Андриј Лунин (Реал Мадрид), Анатолиј Трубин (Бенфика), Грегориј Бушчан (Динамо Киев) Одбрана: Илија Забарни (Борнмут), Виталиј…

Read More

Бразилскиот играч за врска на англискиот Њукасл Бруно Гимареш го продолжи договорот со клубот до јуни 2028 година. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер. Според изворот, обештетувањето на играчот сега ќе биде околу 100 милиони фунти (околу 115 милиони евра). Фудбалерот е задоволен што ќе го продолжи договорот со клубот бидејќи е среќен во Њукасл. Актуелниот договор на играчот со англискиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година. За време на неговото играње за Њукасл, бразилскиот играч од средниот ред одигра 63 натпревари, постигна 10 гола и даде шест асистенции.  Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е…

Read More

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за тоа колку време ќе биде потребно играчот од средниот ред на Сити, Бернардо Силва да се врати на теренот по повредата која ја заработи. „Тоа не е сериозна повреда, тој ќе биде надвор од терените 7-10 дена“, изјави Гвардиола за „Манчестер Ивнинг Њуз“. Да потсетиме, португалскиот фудбалер се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите со Црвена Звезда и беше заменет во 44. минута од средбата. „Граѓаните“ заминаа на пауза губејќи од противникот со резултат 0:1, но конечната победа во мечот ја извојуваа со резултат 3:1 благодарение на головите на Хулијан Алварез и голот на Родриго Ернандез.…

Read More

Актуелниот шампион во Формула 1 Макс Верстапен ќе ја има најдобрата стартна позиција за утрешната трка на патеката „Сузука“ откако беше најдобар во квалификациите пред трката за ГН на Јапонија. Холанѓанецот кој минатата трка не успеа да направи резултат ќе тргне од првото место на трката која се вози во Јапонија. Зад него заврши изненадувањето Оскар Пиастри, Австралиецот кој за првпат ќе стартува од првиот ред и ќе биде до Верстапен. Третото место му припадна на Ландо Норис од Мекларен, а до Британецот се уште Чарлс Леклерк од Ферари, Серхио Перез и Карлос Сајнц. Пилотите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ…

Read More

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денес во просториуте на АМСМ го прими новиот Европски шампион во автомобилизам на ридски патеки, Игор Стефаноски Иџе. Директорот Мојсовски му ја честиташе новата шампионска титула на Стефановски и потенцираше дека со напорна работа и добра организација може да се дојде до вакви резултати. АМСМ заедно со неговиот тим веќе неколку години наназад ја зголемуваат соработката, а тоа дава резултати кои се видливи, а тоа е освојување на уште една титула Европски шампион, потенцираше Мојсовски. „Чест и задоволство ми е што по трет пат ја освојувам оваа титула што ме стави…

Read More