Author: riste

Ракометарите на Вардар повторно покажаа дека знаат како да играат против големиот ривал Еурофарм Пелистер во домашниот шампионат и победија во првата пресметка во Супер лигата со 30:25. На натпреварот одигран во СЦ „Јане Сандански“ во одлична атмосфера, домашната екипа уште од почеток покажа дека е решена вечерва да се радува на сите три бода и константно ја имаше предноста во текот на целиот натпревар. Вардар одлично го отвори натпреварот , направи предност од неколку голови разлика која ја чуваше и надградуваше, за да на одмор заминат со резултат 15:12. Во вториот дел Вардар веднаш зголеми на 6 гола разлика,…

Read More

Фудбалската ѕвезда Ријад Марез во моментов се наоѓа во болница каде се бори за живот по труење со храна во еден ресторан во Џеда. Играчот на Ал-Ахли во средата играше пријателски меч со Алжир против Сенегал, а по крајот на репрезентативната пауза тој бил на вечера во елитен ресторан, по која се почувствувал многу лошо и итно бил хоспитализиран. Во моментов, Ријад Марез се наоѓа во болница во Џеда. 32-годишниот фудбалер имал огромни болки во стомакот и затоа побарал помош, а лекарите оцениле дека ситуацијата е повеќе од сериозна. Првите анализи покажале присуство на бактерија во желудникот на Марез. Алжирецот…

Read More

Барселона внимателно ја следи ситуацијата околу крилото на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо. Крилниот напаѓач  беше суспендиран  од тимот на Манчестер Јунајтед откако јавно одговори на критиките од менаџерот Ерик тен Хег кој не одговори потврдно на прашањето дали Џејдон Санчо повторно ќе игра за Манчестер Јунајтед. Спортскиот оддел на Барселона внимателно ги следи случувањата околу 23-годишниот фудбалер и размислува да го ангажира на позајмица во јануари. Во моментов Каталонците немаат преземено чекори во оваа насока – клубот едноставно внимателно следи што се случува, пишува „Диарио Спорт“. Забележано е дека Санчо сериозно размислува за заминување од Манчестер Јунајтед.

Read More

Кристијано Роналдо одлучил да поднесе тужба против Јувентус поради неисплатени плати, пренесуваат денешното издание на „Газета дело спорт“. Весникот додава дека португалската легенда решила да ја тужи „старата дама“, барајќи да му бидат исплатени 19,9 милиони евра што му ги ветил клубот кога се согласил да ја одложи исплатата на дел од својата плата во првите месеци од пандемијата Ковид 19. Токму овие плаќања се дел од она што стана озлогласена финансиска шема за раководството на Јувентус, што е предмет на тековната истрага. Откако ги побара релевантните документи од обвинителството во Торино, Роналдо одлучи да преземе правни мерки против клубот…

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, зборуваше за ситуацијата со тимските играчи Џејдон Санчо и Ентони, кои се суспендирани од тренинзи поради различни причини. „Строгата дисциплина е главна работа, тоа го побара од мене раководството на клубот, бидејќи до минатата сезона немаше вистинска атмосфера во тимот. Затоа морав да поставам некои стандарди на однесување.Спроведувањето на правилата е дел од мојата работа. Ова не е реакција на некоја грешка на еден играч, тоа е цел процес чија цел е да се достигне одреден степен на дисциплина. Никој од персоналот, играчите или кој било друг не може да биде над структурата на клубот, а јас треба да бидам…

Read More

Пред одигрувањето на натпреварот од првото коло на Суперлигата меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, директорот на Вардар 1961, Борко Ристовски ги нападна судиите во македонското првенство и најави дека клубот е подготвен да побара интернационални судии за следните натпревари. Веднаш стигна одговорот од Здружението на судии, кое не се согласува со Ристовски и побара јавно извинување. „Почитувани, спортски љубители на ракометот, Со чудење ја прочитавме последната изјава на извршниот директор на РК Вардар 1961, Борко Ристовски и сакаме по истата да се произнесеме, бидејќи дирекно бевме посочени како главни виновници за успехот или неуспехот на одредени екипи. Пред да го искажеме…

Read More

Играчот од средниот ред на Милан, Кристијан Пулишиќ ги оцени шансите на Росонерите да го освојат италијанското првенство оваа сезона. „Ние сме самоуверени. Имаме силни играчи, пристигнаа квалитетни играчи. Клубот има одлична комбинација на таленти. Можеме да дојдеме до титулата, само треба да продолжиме да работиме и да покажеме ваков настап. Почнавме одлично. Знам дека ќе дадеме се од себе. Сакам да победувам, бидејќи на крајот тоа е најважно“, изјави Пулишиќ за „Газета дело Спорт“. По три одиграни кола во Серија А, Милан со девет освоени бодови се наоѓа на второто место на табелата зад Интер кој има подобра гол…

Read More

Јувентус би можел да ангажира играч на Арсенал за да го замени Пол Погба. Претходно се дозна дека 30-годишниот играч од средниот ред на Јувентус имал позитивен допинг тест за тестостерон, поради што се соочува со забрана за играње фудбал до четири години. Светскиот шампион со француската репрезентација беше привремено дисквалификуван од Националниот антидопинг трибунал на Италија. Поради допинг Јувентус има право да го раскине договорот со Погба, клубот веќе престана да му ја исплаќа платата на Погба. Како што пренесува „Гоал“, Томас Парти е меѓу оние фудбалери кои ги интересираат челниците на Јувентус. Јуве веќе подолго време го следи…

Read More

Правниот предизвик на Реал Мадрид за новите барања на Ла Лига за пристап до медиумите е отфрлен од Националниот суд. Судот утврди дека жалбата не се вклопува во рамките на кривичниот законик и ги исклучи кривичните дела поврзани со неправедна администрација. Судот, исто така, истакна дека жалбата на Мадрид дека новите мерки се дизајнирани специјално против него е тешко разбирлива бидејќи 19 други клубови од Ла Лига, иако некои од нив помали, се согласиле со нив во гласањето пред сезоната 2023/2024. Да потсетиме, на почетокот на август се дозна дека Ла Лига го сменила принципот на распределба на средствата од…

Read More

Тренерот на Барселона Чави ќе го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2025 година. Во текот на денот ќе биде потпишан нов договор меѓу двете страни, информира авторитетниот инсајдер Николо Шира на својот Твитер профил. Да потсетиме, Чави ја презеде Барселона во ноември 2021 година, потпишувајќи договор со тимот до летото 2024 година. Чави претходно беше тренер на катарскиот клуб Ал-Сад каде ја заврши играчката кариера. Актуелниот договор на шпанскиот стручњак со клубот истекува во летото 2024 година. Минатата сезона Барселона под негово водство стана шампион на Шпанија и го освои Суперкупот на земјата.

Read More