Author: riste

Се ближи крајот на ЕП во одбојка. Денеска на програмата се полуфиналните натпревари кои ќе ни ги дадат патниците во финалето, односно селекциите кои ќе се борат за титулата – Европски шампион. Првото полуфинале се игра од 18 часот, а во него играат Полска и Словенија, според досега виденото на ЕП, може слободно да се каже дека ова ќе биде натпревар со „атомска“ одбојка. Ништо по неитересен нема да биде и вториот полуфинален натпревар меѓу домашната селекција на Италија и Франција кој се игра во 21.15 часот. Трката за медал вечерва ќе ни донесе два исклучитено атрактивни натпревари и можност за…

Read More

Лондонскиот Арсенал продолжува да работи на продолжување на договорот со играчот од средниот ред Мартин Одегард, објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Според Романо, се оди според планот и оптимистички. Одегард му се приклучи на Арсенал од Реал Мадрид во август 2021 година. Трансферот изнесуваше 35 милиони евра. Договорот на играчот со клубот е до летото 2025 година. Трансфермаркт го цени Одегард на 90 милиони евра. Минатата сезона 24-годишниот Норвежанец одигра 45 натпревари во сите натпреварувања, постигна 15 гола и даде осум асистенции. Годинава Одегард одигра четири натпревари и постигна два гола. Арсенал ги продолжи договорите со голем број играчи,…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски е пред трансфер во екипата на Хајдук Сплит. Трајковски бил во дилема, дали да ја прифати понудата на Динамо Загреб или Хајдук Сплит, но сепак се одлучил да настапува за сплитските „бели“. Тој е познато има во Хрватска, хо носеше дресот на Интер Запрешиќ, а оттаму тргна во европска авантура. Настапуваше за Зулте Варегем и Мехелен, италијанскиот Палермо, Мајорка, Алборг, а на крајот заврши во Саудиска Арабија каде го облече дресот на Ал Фајхе со која го освои Купот. Италијанските медиуми тврдат дека Трајковски денес ќе биде на лекарски преглед во Сплит и потоа ќе…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се поразени во стартниот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите на ЕХФ. Домашниот тим немаше сили да се спротистави на фаворизираниот гостински тим на Колштад и загуби на дуелот во Битола со 22:31. Домашната екипа поведе со 1:0 на стартот на мечот, а гостгите возвратија со серија од 7:0 и дојдоа до предност од 7:1 со што покажаа уште на самиот почеток дека се дојдени по бодовите во Битола. Во текот на првото полувреме Колштад ја зголемуваше предноста и на одмор замина со 10:16. Фуриозен беше стартот на Колштад и во вториот дел, кога…

Read More

36-годишниот шпански напаѓач Нолито и официјално го објави своето повлекување од фудбалот. Последниот клуб на играчот беше Ибица. „Ви се обраќам на сите со измешани емоции што е тешко да се опишат. Дојде време кога треба да се збогувам со страста која е мојот живот толку години – фудбалот. Имав доволно среќа да уживам во овој прекрасен спорт на највисоко ниво. Ми дозволи да доживеам толку многу работи и да понесам безброј спомени со мене засекогаш. Посебна благодарност до моето семејство што ме поддржуваше од првиот до последниот ден. Би сакал да им се заблагодарам и на сите луѓе кои…

Read More

20-годишниот играч за врска Џамал ​​Мусиала е прогласен за најдобар играч на сезоната од навивачите на Баерн со 46% од гласовите. „Би сакал да им се заблагодарам на сите навивачи кои гласаа за мене за играч на годината. Чест ми е што ме препознаваат во толку силен тим. Се надевам дека ќе можам да продолжам во истиот дух и да ви донесам радост“, изјави Мусиала на официјалната веб-страница на клубот. Во сезоната 2022/2023, Џамал Мусиала ​​учествуваше во 47 натпревари за германскиот клуб, на кои постигна 16 гола и даде 13 асистенции. Овој резултат му овозможи на фудбалерот да стане најдобар…

Read More

Она што изминативе денови се пишуваше низ светските медиуми денес доби потврда. Катарскиот фудбалски клуб Ал Араби официјално го објави трансферот на играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Марко Верати. Да потсетиме, 30-годишниот фудбалер за ПСЖ настапуваше од 2012 година. Минатата сезона Верати одигра 38 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања и постигна една асистенција. Според информациите објавени на интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 40 милиони евра.

Read More

Португалскиот стручњак Фернандо Сантош ја напушти функцијата селектор на полската репрезентација. Ова го пренесува официјалниот сајт на полскиот фудбалски сојуз. Да потсетиме, полската репрезентација по пет квалификациски натпревари за ЕП 2024 освои шест бода и се наоѓа на четвртото место во квалификациската група Е. На табелата пред нив се Молдавија, Чешка и Албанија. Во последните три натпревари Полска загуби двапати – на 20 јуни од Молдавија со резултат 2:3 и на 10 септември од Албанија со резултат 0:2. Репрезентацијата на Полска следните натпревари ќе ги одигра во октомври против Фарски Острови и Молдавија. Претходно Сантош ја водеше португалската репрезентација. На…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година попладнево ќе ја пречека соодветната селекција на Холандија во рамките на второто квалификациско коло за Европското првенство 2025 година. По големата гостинска победа над Шведска, избранците на селекторот Драги Канатларовски мотивирани го чекаат овој натпревар. Со голот на Иван Николов во Шведска дојдовме до рана предност која ја задржавме до крајот. Сега, пред нашата селекција е нов, веројатно уште поголем предизвик. Во Скопје гостува Холандија која на стартот убедливо ја совладаа Молдавија со 3:0. Холанѓаните важат за фаворит во групата, во тимот имаат неколку фудбалери кои веќе се стандардни во редовите на најдобрите холандки екипи. Сепак, з атоа како ќе играат во Скопје се прашуваат…

Read More

Барселона за една година може да ги купи играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва или играчот од средниот ред на Лајпциг, Дани Олмо, со плаќање на сума за обештетување. Ова го пренесува „Мундо Депотриво“. Се дознава дека овие играчи, кои неодамна ги обновиле договорите со своите клубови, вклучиле дополнителна клаузула во нив, според која ќе можат да ги напуштат своите сегашни тимови по една година доколку клубот заинтересиран за нивните услуги плати приближно 60 милиони евра. Се нагласува дека минатото лето Барселона имала намера да го земе Силва на бесплатна позајмица за сезоната со обврска да го откупи дополнително, но управата на…

Read More