Македонската фудбалска репрезентација е во Малта каде се подготвува за утрешниот натпревар од квалификациите за ЕП против домашната селекција на Малта. Според предвидениот план македонската фудбалска репрезентација попладнево од 18.30 часот ќе го одработи официјалниот тренинг на стадионот во Ла Валета, а половина час предходно ќе ја одржи и прес-конференцијата. Сите фудбалери кои беа на списокот за мечот со Италија отпатуваа за Малта, а кој ќе добие шанса за настап на оваа средба ќе биде одлука на селекторот Милевски. Може да очекуваме оние поискусните кои седеа на клупата за дуелот со Италија (Адеми, Несторовски, Трајковски) да добијат шанса од првата…
Author: riste
Поранешниот фудбалер и селектор на украинската репрезентација Андриј Шевченко им честиташе на фудбалерите и селекторот за ремито во квалификацискиот натпревар со Англија за ЕП 2024 (1:1). „Им честитам на украинската репрезентација и на селекторот Сергеј Ребров за важното реми и импресивната игра. Неверојатна концентрација и посветеност на тимот! Благодарност до сите навивачи за неверојатната атмосфера на стадионот! Навиваме за нашиот народ“, напиша Андреј Шевченко на својата страница на една од социјалните мрежи. Англија продолжува да биде лидер во групата Ц со 13 бода по пет натпревари. Украина е на второто место, со седум бода по четири натпревари. Во следниот натпревар…
Тренерот на Барселона, Чави, во наредните денови ќе го продолжи договорот со каталонскиот клуб, пренесува „Марка“. Според изворот, платата на Шпанецот ќе се зголеми двојно според новиот договор. Претходно беше објавено дека тој заработува околу 4 милиони евра годишно во Барселона. Кога Чави го презеде шпанскиот клуб во ноември 2021 година, тој наводно одбил висока плата. Барселона му плати колку што можеше со оглед на лимитот за платниот список. Сега тренерот побарал значително да му се подобрат условите, со што навистина би се исполниле условите на главниот тренер на Барселона. Раководството се согласи бидејќи Чави ја освои Ла Лига и…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ освои уште една Грен слем титула откако ноќеска триумфираше на УС Опен, една година откако не му беше дозволена да настапи, затоа што не беше вакциниран. Новак синоќа на теренот „Артур Еш“ го надигра победникот од пред две сезони, Данил Медведев со 3:0 во сетови (6:3,7:6, 6:3) и дојде до 24. Грен слем титула во кариерата. Со освојувањето на овој голем турнир Новак Ѓоковиќ се израмни со Маргарет Корт и двајцата го делат првото место на вечната листа по бројот на освоени Грен слем турнири. Ѓоковиќ доминираше во поголемиот дел од мечот, но наиде на физички…
Македонија уште еднаш се покажа како незгодна селекција за Италија, не дозволи да биде поразена на својот стадион откако одигра нерешено 1:1. Италија се закани во 16.минута кога Кристанте шутираше со глава, но покрај голот на Македонија.Првата шанса за Македонија беше во 19.минута по центаршутот на Алиоски, Бојан Миовски со глава од неколку метри не го погоди голот на Донарума. Во 21.минута Сандро Тонали шутираше силно и го погоди дирекот на голот на Димитриевски за среќа на нашата репрезентација, резултатот остана непроменет. Езџан Алиоски во 32.минута шутираше остро од страна, но неговиот удар беше изблокиран во корнер. До крајот на…
Македонската одбојкарска репрезентација го заврши својот настап на Европското првенство по осминафиналниот натпревар со селекцијата на Италија. Македонија го направи својот најдобар пласман во историјата со пласманот во осминафиналето каде налета на силната репрерзентација на Италија. Уште кога се дозна дека осминафинален ривал ќе ни биде актуелниот првак Италија и тоа против нив требаше да се игра на нивен терен во Бари, беше јасно дека тука ќе биде и крајот на патот за македонскиот национален тим на ова Европско првенство. Победникот се знаеше однапред, целта на нашите беше да видат до каде се во однос на најдобрите во светската одбојка.…
По повод денот на независноста „8 Септември“ во Собранието на Република Македонија, денеска беше доделена државната награда „8 Септември“ за највисоко признание за животно дело како и признанија за спортисти, тренери, селектори и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2023 година. Наградата за животно дело, годинава е врачена на борачот Дејан Богданов. Богданов има исклучителен придонес во развојот на спортот, како и за афирмација и промоција на Република Македонија, надвор од границите. Елизабета Божиновска Вучкова, Назми Али, Златко Калински, Санде Коцев, ги добија наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери, селектори и тренери и спортски…
По јунските порази од Украина во Скопје (2:3) и катастрофалниот пораз од Англија (7:0) во Манчестер, Македонија има тешка задача утре, за противник ја има селекцијата на Италија. Еден од оние кои најдобри ги познаваат италијанските репрезентативци е Ељиф Елмас. Фудбалерот на Наполи на средбата со новинарите го најави дуелот против фаворитот. „Очекувам доста промени под водство на Спалети. Го познавам доста добро. Очекувам висок пресинг и офанзива со посед на топка. Тој бара 90 минутен пресинг. Не знам колку ќе успее да го наметне своето за овој краток рок како селектор, па ќе видиме како ќе изгледаат. Ние ќе излеземе на терен да го одиграме планираното. Италија ќе истрча…
Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ја чека тешка задача против европскиот шампион Италија, во квалификацискиот дуел за следниот Европски шампионат. По поразите од Украина и Англија, Македонија без реални шанси за добар пласман. Сепак, дуелот со Италија треба да биде враќање на самодовербата на оваа селекција и уживање на публика која Ќе го следи мечот. На средбата со новинарите пред натпреварот, се обрати и новиот капитен на репрезентацијата, Енис Барди кој рече: „Ова за мене е голема чест, како и мотив. Да се биде капитен на репрезентација значи многу за мене. Тука има доста капитени кои немаат трака. Има многу лидери кои заслужуваат да имаат таква улога како мене. Како…
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе игра против Италија во натпревар од квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија. Без резултатски притисок, по двата јунски порази, нашите фудбалери ќе одат на мегдан со европскиот првак. На прес-конференцијата пред натпреварот со Италија, стандардно зборуваше селекторот Благоја Милевски. „Кога играте со противник како Италија, не чувствуваме притисок. Секако дека имаме желба за победа, на секој натпревар против секоја репрезентација. Мотив за надигривање и докажување дека играме добар фудбал. Сите други натпревари се оставени зад нас. Италија доаѓа со нов селектор, одличен тренер кој докажа што знае во последниот клуб со титулата.…
