Актуелниот светски шампион, холанганецот Макс Вертсапен дојде до нова победа во Формула 1 оваа сезона. Возачот на Ред Бул триумфираше на трката за ГН на Италија на патеката „Монца“ и испиша рекорд. Со победата на италијанското ГП, Верстапен стана првиот возач во Ф1 спортот кој успеал да дојде до десет победи во една сезона. На трката која доцнеше 20 минути со стартот, второто место му припадна на Серхио Перез од Ред Бул, додека третопласиран беше Карлос Сајнц од Ферари. На самиот старт на трката Сајнц го презеде водството, пред Верстапен и Леклерк. Шпанецот и Холанѓанецот се надмудруваа од круг во…
Author: riste
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја одржа ждрепката за второто по ранг натпреварување, Лигата на Европа. Во извлекувањето учествуваа дури три поранешни европски прваци, Ливерпул, Олимпик Марсеј и Ајакс, како и неколку други гиганти за кои немаше место во Лигата на шампионите. На свечената гала во салата „Грималдо Форум“ во Монте Карло, беа извлечени групите во ова натпреварување. Ждрепка за групите во Лигата на Европа: Група А: Вест Хем, Олимпијакос, Фрајбург, ТСЦ Бачка ТополаГрупа Б: Ајакс, Олимпик Марсеј, Брајтон, АЕКГрупа Ц: Ренџерс, Бетис, Спарта Прага, Арис ЛимасолГрупа Д: Аталанта, Спортинг Лисабон, Штурм, РаковГрупа Е: Ливерпул, ЛАСК, Унион Сен Жилоа, ТулузГрупа Ф: Виљареал, Рен, Макаби Хаифа, ПанатинаикосГрупа Г: Рома, Славија Прага, Шериф, СерветГрупа Х: Баер Леверкузен, Карабах, Молде, Хакен Лигата на…
Шпанските фудбалски клубови Барселона и Атлетико Мадрид се договорија за ангажирање на португалскиот напаѓач Жоао Феликс, објави „Марка“. 23-годишниот Феликс го пропуштил последниот тренинг на мадридскиот тим, бидејќи клубовите направиле голем напредок во преговорите, вели изворот. Се известува дека Барселона има гаранции да го реши проблемот во рамките на финансискиот фер-плеј. Во втората половина од сезоната 2022/2023, Феликс играше за Челзи на позајмица. Тој одигра 20 натпревари за лондончани во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола. Договорот на играчот со Атлетико е со важност до крајот на јуни 2027 година. Проценетата цена на овој играч, според интернет порталот Трансфермаркт е 50 милиони…
Германкиот фудбалски клуб Унион Берлин официјално го објави трансферот на дефанзивецот Леонардо Бонучи од Јувентус. „Посебно ми е важно да направам чекор во странство за прв пат во кариерата. Во Унион Берлин имам можност да продолжам да играм на највисоко ниво и да ја поддржувам екипата на нејзиниот пат низ три тешки натпреварувања, користејќи го моето искуство. Со нетрпение ја очекувам оваа нова фаза во мојата кариера“, изјави Бонучи за прес-службата на германскиот клуб. 36-годишниот Бонучи 12 години играше за италијанскиот Јувентус (додека во сезоната 2017/2018 настапуваше за Милан). Бонучи минатата сезона одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола. Проценетата цена на…
Одбојкарската репрезентација на Македонија денес има уште еден слободен ден кој го користи за подготовка за вториот меч на Европското првенство (ЕП) на кое нашата земја е еден од домаќините. По стартната победа над Данска, следи меч со балканскиот ривал Црна Гора. За дуелот со Црна Гора зборуваше Александар Љафтов, кој истакна дека овој натпревар е уште поважен од оној првиот, а воедно е и шанса да се оствари сонот, а тоа е пласман меѓу шеснаесетте најдобри во Европа со евентуален триумф. „Средбата со Црна Гора е уште поважна од првата со Данска и само со ладни глави и смирено, концентрирано, уште…
Лондонски Челзи на својата официјална веб-страница го објави трансферот во тимот на англискиот играч за врска Кол Палмер, кој претходно настапуваше за Манчестер Сити. Играчот од средниот ред потпиша седумгодишен договор со „сините“, со опција за продолжување на договорот за уште една сезона. „Тој го покажа својот талент и потенцијал во најтешките ситуации и ја претставуваше Англија на Европското првенство за играчи до 21 година ова лето. Тој е непобитно подготвен за следниот чекор и ние сме среќни што ќе го имаме во Челзи“, објавија од Челзи. Палмер (21) потекнува од академијата на Манчестер Сити. Сезонава успеа да одигра три натпревари за „граѓаните“…
Играчот од средниот ред на Фулам, Жоао Палиња, доби дозвола од неговиот клуб да замине за Минхен. Ова го пренесува новинарот Флоријан Плетенберг во својот „Твитер“. Според изворот, и покрај ваквата одлука на раководството на Фулам, клубот се уште не се согласил португалскиот фудбалер да оди на лекарски преглед за официјализирање на трансферот во Баерн Минхен. Причината за ова е што екипите се уште не ги договориле сите детали околу трансферот на Палиња. Фулам сака прво да најде замена. Палиња (28 години) му се приклучи на Фулам во јули 2022 година од Спортинг Лисабон за 20 милиони евра. Неговиот договор со клубот трае до јуни…
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд одговори на прашање за најважното нешто на светот. „Мислам дека спиењето е најважната работа на светот. Сè што ви треба за добар сон се сини очила кои ги блокираат сите сигнали во спалната соба – обично ги носам три часа пред спиење“, рече Холанд во интервју за подкастот „Impaulsive“. Оваа недела Ерлинг Халанд беше прогласен за најдобар играч на годината во англиската Премиер лига. Синоќа, УЕФА исто така го прогласи Халанд за најдобар играч во сезоната 2022/2023. Норвешкиот напаѓач игра за Манчестер Сити од 2022 година. Договорот на играчот со клубот е до 2027 година. Халанд минатата сезона забележа 53…
Напаѓачот на Вердар Бремен, Никлас Фулкруг се приклучи на Борусија Дортмунд. Ова го соопшти прес-службата на германскиот клуб. Според пишувањата на медиумите, Борусија Дортмунд ќе плати 13 милиони евра за 30-годишниот напаѓач. Двете страни потпишаа тригодишен договор (до крајот на јуни 2026 година). Во сезоната 2022/2023, Фулкруг забележа 30 настапи за Вердер Бремен во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и шест асистенции. Напаѓачот играше и за германската репрезентација на Светското првенство во Катар 2022 година, каде постигна два гола. Вкупно, Фулкруг одигра девет натпревари за националниот тим, на кои постигна седум голови и една асистенција. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е…
Македонската одбојкарска репрезентација со победа го започна настапот на Европското првенство. Нашата репрезентација ја израдува неколкуилјадната публика во салата „Борис Трајковски“ и славеа многу важна победа над Данска со 3:1, по сетови 22:25, 25:22, 25:19 и 25:22. Нашите одбојкари го отворија натпреварот со променлива игра во првиот сет. Најпрво бевме во негатива, потоа на двапати имавме водство, но Данците при резултат 13:13 успеаја да направат мини-серија од три поени, по која нашите одбојкари не успеаја комплетно да се вратат и го загубија сетот со 22:25. Вториот сет донесе сосема поинаква приказна. Македонија тргна многу посилно, а публиката го почувствува моментот и…
