Author: riste

Германскиот фудбалер Каи Хаверц зема најголема плата во Арсенал, пишува во своето истражување на новинарот Тоби Принс. Офанзивниот играч за врска или напаѓач кој пристигна од Челзи заработува 14,56 милиони фунти годишно. По напорниот преоден рок ова лето, Арсенал требаше да состави многу посилен тим од минатата година и да биде конкурентен на повеќе фронтови подолго време. Деклан Рајс, Каи Хаверц и Јуриен Тимбер му се придружија на тимот со високи плати, додека Дејвид Раја пристигна на позајмица. И без изненадување, две од новите засилувања – Хаверц и Рајс, веднаш се најдоа на врвот на рангирањето со најскапи договори. И…

Read More

Предводникот на младинскиот тим на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, може да стане тренер на Виљареал, објави „Атлетик“. Пред енколку дена шпанскиот тренер Кике Сетиен доби отказ од тренерското место на „жолтата подморница“ поради неуспешниот старт во новата сезона на Ла Лига. Во четири кола Виљареал освои само три бода. Реал Мадрид е свесен за интересот за Раул од „жолтата подморница“, легендарниот фудбалер на на Реал Мадрид се уште не се одлучил за оваа понуда. Раул претходно ги одби понудите од Ајнтрахт Франкфурт, Лидс и Еспањол. Во сезоната 2023/2024 Виљареал ќе учествува во Лига Европа. Ривали на Шпанците во групата се…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за натпреварот со Италија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Дуелот во Скопје ќе биде прва меѓусебна пресметка во овој циклус на двете селекции. Во пресрет на натпреварот зборуваше играчот кој веројатно најдобро ги познава условите во италијанскиот фудбал, Илија Несторовски. „Се подготвуваме за натпреварот против одличен ривал. Фокусирани сме на себе, да се припремиме физички најдобро што е можно. Видовме дека можеме да играме со сите, освен веројатно со Англија. Сега фокусот е на Италијанците, а нашата цел се три бода. Со Спалети тимот добива нов систем, ќе игра 4-3-3, сите фудбалери…

Read More

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Чешка со 0:3 во сетови (19:25, 23:25 и 17:25) и како четврта од групата Ц обезбеди пласман во осминафиналето каде ја очекува дуел со силната Италија. Одбојкарите настапите на ЕП ги започнаа со две победи над Данска и Чешка со кои обезбедија пласман во осминафиналето, но во следните три меча загубија од Полска, Холандија и вечерва од Чешка која на крајот заврши како третопласирана во групата Ц. Во првиот сет, Чесите беа подобри уште на стартот поведоа со 2:5 и не им дозволија на нашите одбојкари да се вратат во игра, па го добија…

Read More

Ракометарите на Вардар  го победија Еурофарм Пелистер и се радуваат на трофејот во Суперкупот на Македонија. Вардар го доби овој натпревар кој се одигра во салата „Парк“ во Струмица со 30:26, а дуелот понуди голема борба, а на крајот победа на екипата на Вардар. Шампионот кој беше голем фаворит потклекна пред ривалот во завршницата, во клучните моменти Вардар беше посконцентриран и дојде до триумф. Најголемото ракометно дерби почна изедначено и така се играше во текот на целото прво полувреме кое заврши нерешено (13:13), а во вториот дел повторно се играше гол за гол, се додека Вардар не направи предност од…

Read More

Играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати е блиску до преминување во катарскиот тим Ал Араби, ова го пренесуваат француските медиуми. Според изворот, Верати ќе го напушти парискиот клуб доколку не му биде понудено повторно потпишување на договорот. Во моментов има уште прашања кои треба да се решат, но италијанскиот играч за врска веќе се согласил за преселба во катарскиот тим со седиште во Доха. Да потсетиме дека 30-годишниот фудбалер настапува за ПСЖ од 2012 година. Неговиот договор со клубот е до 2026 година. Верати минатата сезона забележа 38 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи една асистенција. Според…

Read More

Клуб од Саудиска Арабија му понудил на Манчестер Јунајтед да го купи Џејдoн Санчо, тврди новинарот Руди Галети на „Спорт Италија“. Трансфер пазарот во Саудиска Арабија се затвора утре (7 септември), давајќи им на „црвените ѓаволи“ малку повеќе време да одлучат што да прават. Понудата доаѓа поради јавното незадоволство на менаџерот Ерик тен Хаг кон Санчо. Тренерот изјави дека го оставил Англичанецот надвор од групата за претходниот натпревар со Арсенал поради незадоволителен настап на тренинзите. Сепак, самиот фудбалер подоцна одговори дека тоа не е вистина.Манчестер Јунајтед плати 85 милиони евра за Санчо во летото 2021 година, но досега тој не…

Read More

Информациите кои ги објави Диарио Спорт велат дека каталонскиот клуб и тренерот речиси ги завршиле разговорите околу продолжувањето на договорот со подобрени услови, а тоа ќе се пресметува до 2026 година. Актуелниот договор на Чави истекува следното лето па затоа Барселона сакаше да го продолжи договорот за да му даде смиреност на својот тренер. Оваа недела нема да биде објавено продолжување на договорот – зделката мора да ја затвори спортскиот директор на клубот Деко, а тој замина на одмор по затворањето на преодниот рок. Забележано е дека сите во Барселона се согласуваат Чави да остане на својата функција. Претседателот на клубот Жоан Лапорта е многу задоволен…

Read More

Севиља потпиша договор со поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и ПСЖ, Серхио Рамос. Ова го соопшти прес-службата на шпанскиот клуб. Рамос по 18 години се врати во својот матичен клуб. Дефанзивецот се пресели од Севиља во Реал Мадрид во 2005 година. Претходно беше објавено дека играчот ќе оди на значително намалување на платата. Двете страни потпишаа договор за една сезона. Раководството на Севиља го контактирало Рамос откако дефанзивецот постигнал начелен договор со Саудиската екипа Ал-Итихад. Да потсетиме, 37-годишниот Рамос е со статус на слободен играч по заминувањето од францускиот ПСЖ во јуни оваа година. Во сезоната 2022/2023, дефанзивецот забележа 45 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања,…

Read More

Македонската одбојкарската репрезентација го претрпе првиот пораз на Европското првенство на кое сме еден од домаќините. По победите над Данска и Црна Гора, нашите одбојкари очекувано се поразени од еден од светските гиганти, Полска со убедливи 3:0 (25:12, 25:21,25:14). Повтоно одлична атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ во која нашите одбојкари се обидоа да им парираат на репрезентативците на Полска кој ја покажаа својата класа и не дозволија никакво изненадување, иако во одредени делови се играше рамноправно. Во првиот сет се играше израмнето до 9:9, а потоа Полска направи серија со која дојде до убедлива предност, а сетот го заврши си…

Read More