Author: riste

Селекторот на украинската репрезентација Сергеј Ребров зборуваше за претстојниот натпревар од 6. коло од квалификациската фаза на ЕП 2024 со репрезентацијата на Италија. „Знам како ќе игра италијанската репрезентација. Играчите знаат дека ова е многу важен натпревар за италијанскиот тим, но исто така е многу важен натпревар за нас. Секогаш им велам на играчите: „Пред натпреварот мора да го почитуваме противникот, но мора да се фокусираме на нашата игра“. Ако не ја покажеме нашата игра, ќе биде тешко. Разбираме колку е важен овој натпревар за Италија, но мора да размислиме за себе. Репрезентацијата на Италија е врвна екипа, затоа не ја победивме“, рече Ребров пред вечерашниот меч…

Read More

Дефанзивецот на Арсенал, Јуриен Тимбер, неочекувано беше изоставен од 25-члениот тим на Микел Артета за натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите. Холанѓанецот кон средината на август ги скина вкрстените лигаменти на десното колено и ќе мора да закрепнува околу половина година. Сепак, тој би можел да биде вклучен во јануари, кога списокот би можел да се ажурира доколку Арсенал ја помине групната фаза. Наместо Тимбер, на списокот се ветеранот Седрик Соарес и 18-годишниот одбранбен играч Лино Соуса. Остатокот од летните засилувања – Деклан Рајс, Каи Хаверц и Дејвид Раја логично се пријавени за натпреварите од Лигата на шампионите,…

Read More

Раководството на Реал Мадрид се одлучи за алтернатива на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Според „Скај Спорт“, Реал Мадрид ја разгледува можноста да го придобие напаѓачот на Манчестер Сити и Аргентина, Хулијан Алварез во случај да не успее да го ангажира Килијан Мбапе. Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува во јуни 2024 година. Интернет порталот Трансфермаркт го цени напаѓачот на 180 милиони евра. Во сезоната 2022/2023, Алварез имаше 49 настапи за Манчестер Сити во сите натпреварувања, во кои постигна 17 гола и четири асистенции.  Договорот на играчот со англискиот клуб е со важност до крајот на јуни 2028 година. Проценетата цена на фудбалерот,…

Read More

Манчестер Јунајтед би можел бесплатно да го ангажира поранешниот крилен напаѓач на ПСВ. Од Манчестер Јунајтед размислуваат да го ангажираат Анвар Ел Гази како слободен играч, пренесува „Дејли Мејл“. Минатата недела 28-годишниот фудбалер со заедничка согласност го раскина договорот со ПСВ . Покрај Манчестер Јунајтед, за екс-играчот на Евертон и Астон Вила конкурираат и клубови од Саудиска Арабија. Манчестер Јунајтед ја гледа опцијата за трансфер за Ел Гази поради проблемите со Ентони и Џејдон Санчо. Бразилецот привремено нема да игра за клубот поради обвинувања за насилство, иднината на Англичанецот во тимот е доведена во прашање поради конфликт со тренерот Ерик тен Хаг.

Read More

Селекторот на португалската репрезентација Роберто Мартинез зборуваше за отсуството на Кристијано Роналдо на натпреварот со Луксембург (9:0) во квалификациите за ЕП 2024 година. „Дали тимот функционира подобро без Роналдо? Кристијано е многу важен дел од овој тим, Пепе исто така. Тие имаат големо ниво и работна етика и додаваат голема вредност на нашиот тим. Треба да им дадеме можности и на Гончал Рамос и на Жота да покажат што можат. Роналдо има искуство и посебен начин на живот, не треба да се сомневаме или споредуваме. Овој тим е подготвен да победи без Кристијано“, изјави Мартинез. Претходно беше објавено дека Португалија ја извојува најголемата победа во историјата на мечот со…

Read More

Познатиот инсајдер Фабрицио Романо проговори за позицијата на крилниот напаѓач Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед. „Од страната на играчите, Џејдон Санчо веројатно чувствува дека Ерик тен Хег има други идеи во стартните 11 и затоа не е мотивиран. Но, ова е нормално во фудбалот“, рече Романо на својот стрим. Да потсетиме, по натпреварот со лондонски Арсенал (1:3), кој се одигра во рамките на 4. коло од англиската Премиер лига, Ерик Тен Хаг објави дека Санчо не е вклучен во составот за игра поради незадоволителна работа на тренинзите. По ова, Санчо ги демантираше зборовите на тренерот, остро одговарајќи на неговата изјава на социјалните мрежи. Беше објавено дека главниот тренер…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација во вторник одново ќе се бори за бодови во квалификациите за следното Европско првенство. Нашите репрезентативци веќе се во Малта, каде ќе пробаат одново да ја совладаат најслабо рангираната селекција во нашата група, но тоа ќе мораат да го сторат без помошта Столе Димитриевски. Столе Димитриевски поради болка во грбот (повреда здобиена на мечот со Италија) нема да биде во комбинација за настап против Малта на утрешниот натпревар. Селекторот Благоја Милевски дополнителни го повика Давор Талевски во А селекцијата. Голманот на ФК Шкендија веќе пристигна во Малта и ќе биде на официјалниот тренинг (19:00 часот) заедно со…

Read More

Легендата на германскиот фудбал Лотар Матаус ја понуди својата опција за национален селектор по отпуштањето на Ханзи Флик. Поранешниот селектор на Германија доби отказ во неделата поради лошите резултати. Капитенот на светските шампиони од 1990 година го предложи Матијас Замер за привремен селектор до Европското првенство следното лето, по што тимот ќе го преземе Јирген Клоп. Сепак, Клоп има договор со Ливерпул до 2026 година. Во моментов Замер е дел од специјален тим на Германскиот фудбалски сојуз, чија задача е да помогне во враќањето на силата на германскиот фудбал. Замер имаше кратка тренерска кариера, додека на почетокот на векот беше…

Read More

Верати не е во плановите на новиот тренер на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, а негова желба е и да го напушти Париз. 30-годишниот играч не беше дел од репрезентацијата на Италија за европскиот квалификациски натпревар против Македонија. Новиот селектор Лучијано Спалети откри дека му испратил повик, но играчот одлучил да го одбие бидејќи очигледно треба да го реши неговиот иден трансфер откако францускиот шампион ги одбил понудите од Челзи, Барселона и Баерн Минхен за него ова лето. Во меѓувреме, сериозен интерес за играчот на ПСЖ, покажува уште еден клуб од Катар, Ал-Ахли. Двете страни се договорија за условите на…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин и дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, не сакале да се преселат во Саудиска Арабија, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, тројцата играчи добиле неколку понуди од арапски клубови. Сите одбија. Конкретни клубови не се наведени. Левандовски сакаше да остане во Барселона, како и Де Бруин во Манчестер Сити. Алаба не сакаше ниту да ги разгледа предлозите. Претходно беше објавено дека Кевин Де Бруин ќе ги одбие сите понуди да се пресели во шампионатот на Саудиска Арабија, бидејќи сака да ја заврши кариерата во Манчестер…

Read More