Author: riste

Македонската одбојкарска репрезентација утре го започнува својот настап на Европското првенство против Данска во СЦ „Борис Трајковски“. Ова ќе биде трет континентално натпреварување за нашите одбојкари, а желбата за победа е видлива кај сите оние кои ќе истрчаат на теренот. Капитенот Никола Ѓорѓиев во име на сите одбојкари потенцираше дека ќе дадат се од себе за со победа да го почнат шампионатот. „Голема благодарност до НЛБ-банка која не препозна и ќе биде со нас, ќе биде голем ветар, за остварување на нашата цел. Немаше играч кој беше надвор од терените подолго од два до три дена. Одигравме голем број на…

Read More

Македонската обојкарска репрезентација ја одржа последната прес-конференција пред стартот на Европското првенство. Одбојкарите се подготвени за стартот на Европското првенство кое дел ќе се одржи во Скопје. Селекторот на нашиот национален тим, Јошко Миленкоски не крие дека пласман во следната рунда е главната цел. Посакува максимална борба и секако поддршка од трибините. „Овие момци секој ден даваат се од себе. Ова е најголем настан во Македонија, заедно сме со најголемите светски ѕвезди. Ова е можност да ја претставиме нашата држава и нашиот спорт. Со нашата желба, мотивација и борбеност сакаме да постигнеме што повеќе, поточно пласман во следниот круг. Макотрпно…

Read More

Една од најголемите ѕвезди во саудискиот фудбал Карим Бензема минува низ тежок период во Ријад. Бензема дојде како главно засилување во Ал-Итихад, но французинот се повреди за време на натпреварот на неговата екипа со Ал-Вехда во раките на четвртото коло од шампионатот. По една ситуација која не изгледаше опасно, Бензема куцајќи го напушти теренот. Се предвидуваат неколку недели пауза, заради истегнување на мускул на ногата. Францускиот напаѓач пристигна во летниот преоден рок во клубот од Саудиска Арабија каде што настапува за плата од 200 милиони евра годишно. На првите три првенствени натпревари постигна еден гол и две асистенции. Уште од самото доаѓање на…

Read More

Централниот бек на Ливерпул Џо Гомез го привлече вниманието на саудискиот клуб Ал-Итихад. Ова го пренесува познатиот инсајдер Фабрицио Романо во својот „Твитер“. Според изворот, 26-годишниот Гомез бил во потесниот избор за играчи способни да ја засилат одбранбената линија на Ал-Итихад. На Саудијците им се допаѓа Англичанецот како сестран играч кој може да игра во центарот на одбраната и на крило. Во исто време, се забележува дека Ливерпул не е подготвен да се раздели со играчите од главниот состав во последните денови од летниот преоден рок. Гомез игра за клубот од „Енфилд“ од 2015 година. Минатата сезона англискиот фудбалер одигра 21 натпревар во домашното првенство, но…

Read More

Германскиот гигант Баерн Минхен повторно ќе се насочи кон Премиер лигата, овој пат ќе се обиде да го ангажира дефанзивецот на Челзи, Трево Чалоба, известува експертот за трансфери Фабрицио Романо. Ова ќе биде зделката што ќе овозможи да се комплетира уште еден трансфер – тој на Бенжамин Павард во Интер откако се е договорено, но Баварците сакаат прво да привлечат замена за него и дури потоа Французинот официјално да заврши на „Џузепе Меаца“. 24-годишниот Чалоба не е меѓу првите избори на Маурисио Покетино за центарот на одбраната и лондончани нема д аимаат ништо против да се разделат со него за…

Read More

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ја пофали играта и победата на клубот над Каљари (2:0) во Серија А. „Момците одиграа многу добро од првата минута, покажувајќи голем ентузијазам против новајлијата во лигата. Моравме со сета сериозност да му пристапиме на натпреварот и успеавме. Сменивме десет играчи во однос на минатата сезона, но јас и мојот персонал сме сосема задоволни. Тимот се уште е организиран, а тоа е исклучително важно за тренерот. Многу се променивме, ова е неспорно, но останавме тим кој знае како да оди напред“, изјави Инзаги. Да потсетиме дека „нероаѕурите“ поведоа веќе во 21. минута – погоди Дензел Дамфрис. Девет минути подоцна гол постигна…

Read More

Реал Мадрид нема да влезе на трансфер пазарот во потрага по напаѓачки играчи, пренесуваат шпанските медиуми. Вчера се дозна дека крилниот напаѓач Винисиус Жуниор ќе пропушти месец и половина поради повреда на бицепсот на бутната коска. Според изворот, мадриѓаните не планираат да бараат замена за него и ќе се задоволат со играчите кои моментално ги имаат на располагање. Да потсетиме, фудбалерот се повреди во првото полувреме од натпреварот од 3. коло на шпанската Примера со Селта (1:0). Играчот беше заменет во 18. минута од средбата. Сезонава Винисиус учествуваше во три натпревари на кои постигна еден гол. Изминатата сезона, 23-годишниот крилен напаѓач одигра 55 натпревари за…

Read More

Италијанскиот Лацио и францускиот тим Марсеј веќе размениле потпишани документи за трансферот на играчот од средниот ред Матео Гуендузи, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер. Според Романо, Лацио ќе плати 1 милион евра за да го склучи договорот за позајмица. Заемот вклучува откупна обврска од 12 милиони евра плус лесно достапни бонуси од 5 милиони евра. Францускиот клуб ќе добие 10% од следната продажба на играчот. Ако се оди според планот, Гуендузи ќе отпатува за Италија денес на лекарски прегледи, а подоцна ќе стави потпис на договорот. Изминатата сезона, Гуендузи одигра 43 натпревари за Марсеј во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола…

Read More

Фудбалските клубови Барселона и Манчестер Сити денеска разменуваат документи за да потпишат договор за трансфер на португалскиот дефанзивец Жоао Кансело, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер. Според Романо, договорот за позајмица ќе вклучува откупна клаузула за играчот. Жоао Кансело е подготвен вечерва да замине во Шпанија. Вреди да се напомене дека Кансело веќе играше во шпанскиот шампионат. Португалскиот репрезентативец помина три сезони во Валенсија. Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на 29-годишниот фудбалер на 50 милиони евра. Кансело втората половина од минатата сезона ја мина на позајмица во Баерн Минхен, каде што го освои германското првенство и забележа 15 натпревари во Бундеслигата, постигнувајќи…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дориан Бабунски го напушти досегашниот клуб Дебрецин и Унгарија ја замени со Швајцарија. Според веќе потврдените информации Дориан Бабунски потпиша договор 2+1 година со Грасхоперс од Цирих, најуспешниот фудбалски клуб во Швајцарија, со освоени рекордни 27 шампионски титули во Швајцарија, 19 победи во купот и осум двојни круни. Ова е добра вест и за селекторот на нашата репрезентација Милевски, откако е познато дека нашите фудбалери имаат проблем со пронаоѓање на клубови, а оние што имаат клуб имаат мала минутажа. Се надеваме дека Бабунски ќе го покаже својот квалитет во шампионатот на Швајцарија.

Read More