Манчестер Сити е блиску до обновување на договорот со играчот од средниот ред Бернардо Силва. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот „Твитер“ профил. Според изворот, играчот се согласил да ја продолжи соработката со „граѓаните“. Во Манчестер Сити се уверени дека Португалецот ќе го стави својот потпис на новиот договор пред крајот на оваа недела. Новиот договор на Силва е со важност до јуни 2026 година. Актуелниот договор на играчот од средниот ред со Граѓаните е до крајот на јуни 2025 година. Во сезоната 2022/2023, Силва забележа 54 настапи за Манчестер Сити во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и…
Author: riste
Алфонсо Дејвис е фудбалерот кој минатата сезона забележа најголема брзина на натпревар од Лигата на шампионите. Ова стана јасно по техничкиот извештај на УЕФА, кој беше објавен денеска. Канаѓанецот трчаше со брзина од 37,1 км/ч, со што ги претекна Михаило Мудрик ( Дејвис го забележа својот рекорд во првиот натпревар од групната фаза на турнирот против Интер). Првата тројка ја пополнуваат Рафаел Леао (Милан) и Габриел Верон (Порто). УЕФА посветува посебно внимание на Карим Адееми од Борусија (Дортмунд), кој во осминафиналето против Челзи развие брзина од 36,1 км/ч во која стартуваше од својот шеснаесетник и постигна гол за паметење по…
Раководството на Манчестер Јунајтед објави соопштение за почетокот на работата за раскинување на соработката со 21-годишниот англиски напаѓач Мејсон Гринвуд. Манчестер Јунајтед ја заврши внатрешната истрага за обвинувањата против Мејсон Гринвуд. „Нашиот процес започна во февруари 2023 година, откако беа отфрлени обвиненијата на Мејсон. Во текот на процесот, ги земавме предвид желбите, правата и мислењата на сите страни, како и стандардите и вредностите на клубот. Се обидовме да собереме што повеќе информации. Моравме да дејствуваме прецизно и внимателно за да добиеме докази кои не се во јавна сопственост, вклучително и од оние кои се директно запознаени со овој случај. Врз основа на доказите…
Рома постигна договор да го ангажира Дуван Запата од Аталанта, објави „Калчомеркато“. Жозе Мурињо цело лето бара напаѓач по повредата на Тами Абрахам. Екипата на Рома беше поврзувана со голем број играчи, вклучувајќи ги Џанлука Скамака и Марко Арнаутовиќ, но на крајот тие најверојатно ќе се потпрат на Дуван Запата. 32-годишниот колумбиски интернационалец ќе потпише 3-годишен договор со Рома и ќе добива 2,7 милиони евра по сезона. Римјаните за него ќе платат 6 милиони евра, со бонуси за 3,5 милиони во договорот.
Првиот златен медал од Светското првенство во атлетика му припадна на Шпанецот Алваро Мартин. Тој триумфираше на трката во дисциплината 20 километри брзо одење и го освојува првото златно одличје за неговата земја. Актуелниот европски шампион дојде до златото откако ја заврши трката со време од 1 час, 17 минути и 32 секунди, што претставува најдобар резултат во светот сезонава. Сребрениот медал му припадна на Швеѓанецот Персеус Карлстрем, кој пристигна на целта 7 секунди подоцна, а бронзениот медал отиде кај Бразилецот Каио Бонфим, кој задоцни 15 секунди зад победникот. Натпреварувањата на атлетискиот Мундијал продолжуваат со неколкучасовно доцнење, поради поројните дождови…
Во обид да ја подобри својата финансиска состојба, Барселона влезе во преговори за нов договор со играчот од средниот ред Френки Де Јонг, по истата формула како и со голманот Марк-Андре тер Штеген, објави „Sport.es“. Новиот договор ќе наметне намалување на платата за холандскиот играч за врска, но на крајот Де Јонг ќе ја добие истата сума како и сега: неговите приходи ќе бидат компензирани во последните години од договорот. Овој маневар има за цел да се осигура дека клубот ги почитува правилата за финансиски фер-плеј и ќе им овозможи да направат неколку неопходни трансфери со цел да го комплетираат тимот според…
Италијанскиот стручњак Ариго Саки го коментираше назначувањето на Лучијано Спалети за селектор на италијанската репрезентација. „Спалети ја освои Серија А со Наполи и неговиот тим играше одличен фудбал. Тој беше успешен во клуб кој нема традиција како Јувентус, Милан или Интер. Не заборавајте дека пред овој подвиг Наполи имаше титула само со Диего Армандо Марадона. Лучијано покажа истрајност и трпение, докажувајќи дека со напаѓачки стил на игра може да се постигне многу. Затоа е еден од најдобрите тренери во Европа. Само играчите не се доволни, потребно е да се развие корпоративен стил на игра за да се прикаже убав и спектакуларен фудбал. За мене Спалети е мајстор, човек кој учи…
Италијанскиот тим Рома е одбиен за да го земе со позајмица белгискиот напаѓач на Челзи, Ромелу Лукаку, пренесува „Скај Спорт“. Според изворот, клубот од Рим стапил во контакт со Челзи за да види дали е можен трансферот на 30-годишниот напаѓач на позајмица. Лондончани веднаш одговориле дека тимот нема намера да го даде напаѓачот на позајмица, туку се надева дека ќе го продаде на друг клуб. Да потсетиме, претходно Рома направи трансфер на Леандро Паредес и Рената Санчес од Пари Сен Жермен. Аргентинецот потпиша договор со клубот за период од две години, а Португалецот ќе игра како позајмен, со задолжителна опција за откуп на…
Синоќа беа најавени големи промени во ФК Вардар и денес сето тоа беше потврдено од страна на клубот. Самиот клуб јавно се огласи и им се заблагодари на Грнчаров и Бајевски кои заминуваат, па обелодени кои се нивните привремени замени. Ѓоко Хаџиевски ќе ја води екипата против Воска Спорт в недела, со помош на координаторот на школата Бобан Бабунски. Потоа клубот ќе назначи перманентни решенија на испразнетите позиции. „Ја известуваме целокупната јавност дека тренерот на екипата Бобан Грнчаров, спортскиот директор Александар Бајевски, заедно со членовите на стручниот штаб Орхан Абди, Игор Тасевски и Стево Митревски поднесоа оставки на функциите и повеќе не се дел од ФК…
Овој викенд Македонија ќе биде домаќин на најдобрите европски џудисти во јуниорска конкуренција Македонија и градот Скопје се домаќини на првиот Европски џудо куп кој било кога се оддржал во нашата земја. Натпреварите од Европскиот џудо куп за јуниори и јуниорки – Скопје 2023 ќе се одржуваат во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ,а пред старртот на овој голем настан на прес-конференција зборуваше и првиот човек на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски. „По неколку месечна напорна работа, подготвени сме за почетокот на Европскиот џудо куп за јуниори и јуниорки, настан кој дефинитивно ја враќа Македонија на европската џудо мапа.…
