Играчот од средниот ред на Наполи, Хвича Кварацхелија наскоро ќе потпише нов договор со италијански Наполи. Агентот на фудбалерот Мамука Џуџели веќе е во Неапол, пишува „Кориере дело спорт“. Според изворот, фудбалскиот агент Мамука Џугели денеска пристигнал во Неапол за да преговара со клубот од Италија околу продолжувањето на договорот со грузискиот фудбалер. Главната задача е да се прилагоди сегашната плата, која моментално изнесува 1,4 милиони евра по сезона. „Кориере дело спорт“ исто така забележува дека претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис сака да ги заштити своите играчи од можни премини во таборот на конкурентите, па затоа планира и да ги подобри условите од актуелниот договор…
Author: riste
Поранешниот селектор на Италија Роберто Манчини ќе ја предводи репрезентацијата на Саудиска Арабија. Според инсајдерот Николо Шира, Италијанскиот фудбалски стрчњак ќе потпише договор до 2026 година и ќе заработува 20 милиони евра годишно. Роберто Манчини на почетокот на овој месец објави дека се повлекува од италијанската репрезентација на 10 месеци пред почетокот на ЕП 2024 и на само еден месец од следниот натпревар на Италија во квалификациите и тоа токму против Македонија. Сега е сосема јасно дека Роберто Манчини добил мотив плус да направи промена на работата, а таа е пресметана во сосема солидна плата која ќе ја добива во Саудиска…
Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах би можел да го има својот последен настап за клубот овој викенд. Според „KSA Sport“, по натпреварот против Њукасл во Премиер лигата, 31-годишниот фудбалер од Египет ќе замине на лекарски преглед во Саудиската екипа Ал-Итихад. Претходно беше објавено дека Ал-Итихад му понудил на Салах тригодишен договор со плата од околу 76 милиони евра. Во Ал-Итихад, веќе се поранешниот играч на Реал Мадрид, добитникот на Златната топка од 2022 година, Карим Бензема, освојувачот на Лигата на шампионите на Челзи, Н’Голо Канте, и поранешниот соиграч Салах, Фабињо. Египќанецот потпиша договор со Ливерпул до летото 2025 година. Салах е во…
Англиските фудбалски клубови Манчестер Сити и Њукасл Јунајтед би можеле да се соочат со истрага на Европската комисија поради наводно прекршување на новите правила за странски субвенции, пишува „Дејли Мејл“. Според изворот, организацијата добила жалби против двата клуба од неколку страни за новите правила дизајнирани да спречат државната помош од трета страна да влијае на работата на европскиот внатрешен пазар. Манчестер Сити е во сопственост на шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан, член на владејачкото семејство Абу Даби и вицепремиер на Обединетите Арапски Емирати. Саудискиот инвестициски фонд (PIF), предводен од престолонаследникот Мохамед бин Салман Ал Сауд, поседува 80% од Њукасл. Неименуваните…
Етиопија веќе го нема приматот во маратонското трчање, откако златото од СП во Унгарија заврши кај атлетичар од Уганда. Атлетичарот од оваа африканска земја, Виктор Киплангат го освои златниот медал во маратонот на Светското првенство што се одржува во Будимпешта. Киплангат стигна до златото, бидејќи маратонот го истрча за 2:08.53 часа. Сребрениот медал му припадна на Израелецот Мар Тефери (2:09:12), додека бронзата ја освои Етиопјанецот Леул Гебресиласе (2:09:19). Денес е последниот ден на Светското првенство во атлетика, сите финални дисциплини се во вечерната програма. Ова значи дека не очекуваат неколку атрактивни дисциплини 5000 метри, фрлање копје, 4х400 метри, а кај жените: скок во височина,…
Актуелниот светски шампион, Макс Верстапен, ја обезбеди третата последователна пол-позиција на патеката „Зандворт“ што е негов домашен терен и ќе стартува од првиот ред на трката за Големата награда на Холандија. Верстапен го извозе последниот круг совршено и успеа да ја мине целта за половина секунда побрзо од Ландо Норис, додека третото место му припадна на Џорџ Расел од Мерцедес. Изненадување направи возачот на Вилијамс, Алекс Албон, кој заврши на четвртото место, а на петтата и шестата позиција се пласираа Фернандо Алонсо и Карлос Саинц Јуниор. Тимскиот колега на Верстапен, Мексиканецот Серхио Перез ќе ја стартува трката од седмата позиција, додека…
Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус ги обнови тренинзите, објави „Скај Спорт“. Бразилецот заработи повреда на коленото пред натпреварот во Комјунити Шилд на крајот на јули, по што беше подложен на мала медицинска интервенција. Оваа информација пред извесно време ја потврди и менаџерот на тимот Микел Артета. „Тој е добро, очигледно беше многу разочаран од тоа што се случи бидејќи се чувствуваше добро и фит. Никој не го очекуваше овој сплет на настани, но тоа ја наложи оваа мала процедура. Тоа беше најдоброто што можевме да го направиме“, изјави Артета. Сепак, тој најверојатно нема да биде достапен за лондонското дерби против…
Сагата за Килијан Мбапе и неговиот трансфер во Реал Мадрид сè уште е актуелна, а новинарот Жулиен Лорен објави свое сценарио за тоа како може Французинот да се пресели во Мадрид. Килијан Мбапе неодамна се врати на тренинзите на ПСЖ, откако претходно одби да потпише нов договор со клубот, но сè уште сака трансфер во Мадрид. „Доколку Мбапе потпише за Реал Мадрид ова лето, ќе треба да се откаже од многу пари. За 2024 година има договорено бонус од 130 милиони евра. Единствен начин за трансфер е Реал да испрати огромна понуда до ПСЖ и дел од оваа сума да…
Интер се договори со Баерн за трансфер на дефанзивецот Бенжамин Павард, денес или утре (четврток) играчот мора да оди на лекарски преглед. Ова го пренесува познатиот инсајдер Фабрицио Романо во својот „Твитер“. Според изворот, Интер чека Баерн да даде дозвола 27-годишниот Французин да помине лекарски преглед. Тоа се очекува да се случи во наредните денови. Да потсетиме, претходно беше објавено дека клубовите договориле договор за трансфер на Павард во износ од 30 милиони евра плус бонуси во износ од 2-3 милиони евра. Бенжамин игра за Баерн од 2019 година. Во сезоната 2022/2023, 27-годишниот фудбалер одигра 43 натпревари за Баерн Минхен во сите натпреварувања, на кои…
Манчестер Сити одлучи да не го ангажира бразилскиот играч за врска на Вест Хем Јунајтед, Лукас Пакета. Претходно „чеканите“ бараа околу 110 милиони евра за трансфер на 25-годишен фудбалер. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо во својот „Твитер“. Според Романо, „граѓаните“ веќе една недела не размислуваат за Пакета како можен трансфер на клубот ова лето. Манчестер Сити веќе активно бара алтернативни опции за централниот среден ред. Вреди да се напомене дека не е познато што точно ги натерало „граѓаните“ да одбијат да го купат бразилскиот фудбалер. Да потсетиме дека претходно беше објавено дека проблемите со трансферот не се поврзани со…
