Author: riste

По возбудливата прва вечер, групната фаза од Лигата на шампионите продолжува со осум натпревари од вториот ден. Меѓу нив се издвојува дуелот во Минхен меѓу Баерн и Манчестер Јунајтед кој е дел од групата „А“. И по ждрепката, овој натпревар беше наведен како еден од оние кои ќе предизвикаат најголем интерес. „Црвените ѓаволи“ се во криза поради лошата игра и неубедливите резултати, додека Баварците веќе се на врвот во Бундеслигата со три победи од четири кола. Во другиот натпревар од оваа група, турскиот шампион Галатасарај го пречекува ФК Копенхаген. Двете екипи се амбициозни да ги нарушат сметките на фаворитите во…

Read More

Манчестер Сити ја започна својата одбрана на титулата во Лигата на шампионите, победувајќи ја Црвена Звезда со 3:1 во нивниот прв натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. Сепак, „Граѓаните“ имаат голема жртва на натпреварот. Станува збор за плејмејкерот Бернардо Силва, кој повреден го напушти натпреварот на крајот од првото полувреме. Според менаџерот Пеп Гвардиола, Португалецот ќе биде надвор од терените во следните неколку натпревари. „Сè уште не сум разговарал со лекарите, но тој ќе ги пропушти следните неколку натпревари“, изјави Гвардиола. Интересно е тоа што не се забележа дека Бернардо Силва има никакви болки во текот на натпреварот.…

Read More

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, го сподели своето мислење за натпреварот од Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид, кој го одбележа голманот на Лацио, Иван Проведел кој постигна гол во последните минути, што му овозможи на римскиот клуб да дојде до нерешен резултат на овој натпревар (1:1). „Нашиот гол изгледа како среќа бидејќи го постигна голманот, но не е така. Не заслуживме да го загубиме овој натпревар. Атлетико лесно може да се брани во низок блок. Мислам дека нашата шанса за гол е заслужена. Велат дека не сме најдобри, но победивме, ремизиравме и загубивме против Наполи, Атлетико Мадрид и Јувентус – некои од европските гиганти. Нашиот тим…

Read More

Влегувајќи како замена на мечот против Антверпен на 16 години и 68 дена, напаѓачот на Барселона Ламин Јамал стана најмладиот играч на тимот кој дебитирал во Лигата на шампионите. Покрај тоа, Јамал стана вториот најмлад дебитант во историјата на турнирот по Јусуфа Мукоко, кој играше во Лигата на шампионите на 16 години и 18 дена за Борусија Дортмунд на мечот со Зенит на 8 декември 2020 година. Да потсетиме, зиноќа се одигра натпреварот од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите во кој се сретнаа шпанска Барселона и белгиски Антверпен. Натпреварот заврши со убедлива победа на Барселона од 5:0, а Јамал…

Read More

Тренерот на Борусија (Дортмунд) Един Терзиќ го коментираше поразот на тимот во натпреварот со ПСЖ во 1.коло од групната фаза на Лигата на шампионите. „Дефинитивно можеме да кажеме дека во првото полувреме ни недостасуваше храброст. Сакавме да бидеме поостри, да напаѓаме повеќе и почесто да ги напуштаме позициите. По паузата видовме што ќе се случи доколку тргнете три до пет метри напред и му верувате на играчот кој ве обезбедува. За жал, во првото полувреме премногу често ја губевме топката“, изјави Терзиќ за официјалниот сајт на УЕФА. Францускиот клуб победи со резултат 2:0. Килијан Мбапе погоди од пенал за парижаните, исто како и дефанзивецот Хакими. Во…

Read More

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси се очекува да учествува во МЛС натпреварот против Торонто, пренесува „ЕСПМ Аргентина“. Напаѓачот може да биде во стартниот состав или да влезе од клупа. Меси не учествуваше на последниот натпревар на неговиот тим на гостувањето кај Атланта Јунајтед (2:5). Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино, отсуството на Аргентинецот го објасни како замор на мускулите. Во текот на вчерашниот ден Лионел Меси целосно учествуваше на тренингот на тимот. Сепак, Мартино се уште не потврдил дека Меси ќе настапи на претстојниот натпревар со канадскиот клуб. Истото важи и за дефанзивецот Жорди Алба, кој не играше во Атланта. „Меси и Алба ќе тренираат целосно со тимот, а…

Read More

Договорот на Бернардо Силва со Манчестер Сити вклучува ослободителна клаузула. Минатото лето ПСЖ и Барселона многу се обидуваа да го ангажираат Португалецот. Каталонскиот клуб особено интензивно работеше на трансферот на Силва по заминувањето на Осман Дембеле во ПСЖ. Сепак, Манчестер Сити зазеде јасен став и официјално ги извести двата клуба дека Бернардо Силва не е на продажба. „Граѓаните“ не ги разгледуваа понудите за Силва, бидејќи го загубија Илкај Гундоган. Бернардо Силва потоа потпиша нов договор до 2026 година. Според Фабрицио Романо, тој вклучува ослободителна клаузула од 50 милиони фунти, која ќе биде активирана следното лето. Силва и неговата околина сакаа клаузула во договорот, бидејќи играчот веќе две години беше…

Read More

Аргентинскиот репрезентативец Папу Гомез се уште е без тим откако во последниот ден од летниот преоден рок го раскина договорот со шпанска Севиља. Интерес за 35-годишниот офанзивен играч за врска имаше и од италијанска Монца, но тој останува слободен агент, објави во својот профил на социјалната мрежа Твитер специјалистот за трансфери Фабрицио Романо. Папу Гомез го носеше дресот на Севиља во последните две сезони. Аргентинецот потпиша со шпанскиот клуб во 2021 година кога дојде од италијанската Аталанта.

Read More

Барселона не планира да брза закрепнувањето на Педри. Играчот заработи повреда на крајот на август кога го повреди квадрицепсот. Се очекуваше закрепнувањето на играчот од средниот ред да трае најмалку месец и половина. Според „Диарио Спорт“, стручниот штаб на Барселона не сака да го принуди Педри да се врати бидејќи го сметаат за клучен играч. Забележано е дека физичката кондиција на Гави , Френки Де Јонг , Ориол Ромеу и Илкај Гундоган исто така овозможува да не се ризикуваат при рехабилитацијата на Шпанецот. Во моментов Педри вежба во теретана, а се очекува за неколку дена играчот од средниот ред да започне со индивидуални тренинзи на теренот. Се очекува Педри да биде достапен…

Read More

Тренерот на Барселона Чави ја објасни задачата пред неговата екипа пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите. „Целта во моментов е да излеземе од групата. Ќе видиме подоцна, но сега – најважно е да ја поминеме групата. Минатата сезона игравме добро, но резултатите не беа такви како што посакувавме. Утре го започнуваме нашето патување низ овој турнир, а наша задача е да се пласираме во 1/16 финалето. Лани немавме среќа со ждрепката, но оваа година треба да го докажеме тоа. Утре играме против белгискиот шампион, тие се многу добар тим. Треба да докажеме дека во Лигата на шампионите сме подготвени да се натпреваруваме со секого“, изјави…

Read More