Играчот од средниот ред на Ливерпул, Тиаго Алкантара би можел да се врати во Барселона, објави „Sport.es“. Според истиот извор, Каталонците ја разгледуваат можноста за трансфер на 32-годишниот фудбалер. Ливерпул ќе биде подготвен да се раздели со својот играч од средниот ред во случај на добра понуда. Алкантара потекнува од школата на Барселона, играчот играше за првиот тим на Каталонците од 2011 до 2013 година. Во сезоната 2022/2023, Шпанецот има 28 настапи за Ливерпул во сите натпреварувања во кои постигна една асистенција. Договорот на играчот со Ливерпул е со важност до крајот на јуни 2024 година. Проценетата цена на овој…
Author: riste
Интер се обидува да го ангажира напаѓачот на Челзи и Белгија, Ромелу Лукаку. Ова го пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио на својата официјална веб-страница. Според изворот, раководството на миланскиот клуб упатиле нова понуда до Челзи за 30-годишниот напаѓач, 30 милиони евра + бонуси. Претставниците на „нероаѕурите“ се уверени дека ќе успеат да го убедат Челзи да го пушти белгискиот играч за слична сума. Во сезоната 2022/2023, Лукаку играше за Интер на позајмица. Белгиецот има 37 настапи за „нероаѕурите“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 гола и 7 асистенции. Договорот на играчот со Челзи е со важност до крајот на јуни 2026…
Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи е категоричен дека клубот нема намера да ја пушти нивната суперѕвезда Килијан Мбапе следното лето да си замине како слободен агент. Како што е познато, Мбапе најави дека сака да остане на „Паркот на принцовите“ и следната сезона, но и дека нема намера да ја искористи својата опција да го продолжи договорот со клубот до летото 2025 година. Тоа значи дека за една година францускиот интернационалец ќе може без пари да го напушти шампионот во Лига 1, најверојатно во правец на Реал Мадрид. Сепак, при претставувањето на Луис Енрике за тренер на тимот,…
Атлетико Мадрид официјално објави дека клубот потпишал договор со турскиот интернационалец Чаглар Сојунџу. Централниот дефанзивец пристигнува од испаднатиот од Премиер лигата Лестер Сити со слободен трансфер. Со Атлетико Мадрид потпиша договор за 4 сезони. 27-годишниот Сојунџу се пресели во Лестер во 2018 година, каде што помина 5 сезони. Пред тоа играше и во Алтинорду и Фрајбург. Сојуџу минатата сезона одигра само 9 натпревари постигна 1 гол за Лестер,пред се поради чести повреди и редовно останувајќи на клупата. За турската репрезентација има и 53 натпревари и 2 гола. Сојунчу стана второто летно засилување за тимот на Диего Симеоне, откако Атлетико веќе…
Откако Интер денеска ја објави веста за новиот договор на дефанзивецот Алесандро Бастони, нешто подоцна клубот објави и обновување на договорот со играчот од средниот ред Хакан Чалханолу, кој повторно потпиша договор со финалистот од Лигата на шампионите до летото 2027 година. Се верува дека турскиот интернационалец ќе добие зголемување на платата која сега ќе биде 6 милиони евра по сезона или 1 милион повеќе од досега. 29-годишниот играч од средниот ред пристигна во Интер во летото 2021 година кога се приклучи со слободен трансфер откако му истече договорот со градскиот ривал Милан. Чалханолу веднаш се наметна како стартер во…
Шпанскиот стручњак Луис Енрике е назначен за нов тренер на Пари Сен Жерме. Ова беше објавено на прес-конференција во Париз. Да напоменеме дека почетокот на прес-конференцијата посветена на претставувањето на новиот тренер неколку пати беше одложувана. Како и потпишувањето на официјалните документи, преговорите со Кристоф Галтие за раскинување на договорот се одолговлекуваа поради финансиски спорови, како и поради ситуацијата во која се најде Галтие. Самиот тренер ќе се соочи со судење за наводи за расизам и дискриминација подоцна оваа година. По назначувањето на Луис Енрике за тренер а ПСЖ тој ја даде и првата изјава: „Одушевен сум што се приклучувам на ПСЖ, ќе…
Италијанската Рома ги прекрши правилата за финансиски фер-плеј. Според „Calciomercato“, клубот не успеал да оствари капитална добивка од повеќе од 28 милиони евра до 30 јуни. Како резултат на тоа, УЕФА ја казни Рома со 5 милиони евра. Забележано е дека на тимот му се заканувале посериозни санкции – суспензија од европските натпреварувања и парична казна до 50 милиони евра. Рома минатата сезона заврши на шестото место во Италијанското фудбалско првенство со 63 бода. Тимот можеше да стигне до финалето на Лига Европа, но загуби во решавачкиот натпревар од шпанска Севиља со резултат 2:1. Да потсетиме, УЕФА започна судски процес и поради навредите…
Интер ќе поднесе официјална понуда од Челзи за белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку во наредните денови, објави „Газета Дело Спорт“. Според истите, од Интер ќе понудат 30 милиони евра за 30-годишниот напаѓач. Оваа недела Интер и Челзи ќе одржат уште една рунда преговори преку видеоконференција. Лукаку минатата сезона играше за Интер како позајмен играч. Договорот истече, но Нероаѕурите сакаат да ја продолжат соработката со Ромелу Лукаку. Во сезоната 2022/2023 во Серија А, Лукаку настапи на 25 натпревари, постигнувајќи 10 гола и давајќи шест асистенции. Заедно со Интер, Белгиецот стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде Италијанците загубија од Манчестер Сити со 0:1. Во италијанското првенство…
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски може да има нов клуб затоа што неговиот сегашен тим, Рајо Ваљекано размислува да го продаде, јавуваат медиумите од Шпанија. Димитриевски веќе неколку лета се поврзува со трансфер и заминување од Ваљекас. Повеќе шпански клубови се интересираат за голманот на нашиот национален тим, а во еден период се споменуваше и Реал Мадрид како опција, каде би бил втор голман. Според најавата замена за Димитриевски во Рајо Ваљекано би бил Луис Максимилијано од екипата на Лацио. За него Рајо Ваљекано ќе треба да плати 8,5 милиони евра. 29-годишниот Димитриевски дојде во Рајо пристигна во 2018 година, а претходно настапуваше за Гимнастик, Гранада, Б-тимот на Кадиз, а во…
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе загуби неколку стотици милиони евра доколку реши да се пресели во Реал Мадрид во летото 2023 година. Ова го објавивија на Твитер неколку медиуми од Франција. Што точно ќе загуби Мбапе доколку направи трансфер ова лето: 1) 80 милиони евра за неговата лојалност кон ПСЖ2) 150 милиони евра Реал Мадрид беше подготвен да му плати на Мбапе во летото 2022 година како бонус за потпишување. Клубот нема да може да се справи со сумата на трансферот3) 72 милиони евра – платата што сега ја добива Килијан во ПСЖ. Реал Мадрид нема да ја плати таа сума. Се дознава дека…
