Димитар Грабул е првак на Македонија за 2023 година и по пауза од шест години повторно ја освои титулата. Воедно ова за Грабул беше финале по пауза од три години и негова вкупно седма титула (2023, 2016, 2015,2014, 2007, 2006, 2003) во 13.то финале од 2001 година. Грабул во финалето беше поуспешен од Шендрит Деари, кој го играше своето шесто финале, но поради повреда го предаде финалниот меч. Во моментот на прекин Грабул водеше со 1:0 во сетови (6:1) и 3:0 во вториот сет, кога поради повреда Деари го предаде мечот. Финалистот Деари повредата на грбот ја доби на вчерашниот…
Author: riste
Италијански Наполи покажува голем интерес за играчот на Тотенхем и Аргентина, Џовани Ло Селсо, објави „Скау Спорт Италија“. Според изворот, на италијанскиот клуб му се допаѓа 27-годишниот фудбалер. Наполи веќе побара информации за достапноста на играчот од средниот ред од Тотенхем. Ло Селсо има и италијански пасош, што ја зголемува можноста за овој трансфер. Во моментов, двете страни имаат некаков договор за евентуален договор. Италијанскиот клуб би сакал да го земе Аргентинецот на позајмица со опција за откуп, додека Тотенхем сака или целосна продажба или позајмица со задолжителен откуп. Во сезоната 2022/2023, Ло Селсо играше за Виљареал на позајмица. Аргентинецот…
Неколку европски врвни клубови, меѓу кои Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Јувентус, покажуваат сериозен интерес за францускиот дефанзивец на Баерн Минхен, Бенџамин Павард, објави новинарот Кери Хау на својот Твитер. Според Хау, одлуката за иднината на играчот би можела да биде донесена веќе следната недела. Претходно за 27-годишниот дефанзивец беше заинтересирана и Барселона, но поради финансиски проблеми таа отпадна од трката за играчот. Баерн сака најмалку 30 милиони евра за францускиот репрезентативец. 27-годишниот Павард оваа сезона одигра 43 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и една асистенција. Договорот на Французинот со Баерн Минхен е до крајот на следната сезона.
Саудискиот Ал-Хилал упати подобрена понуда до Фулам за српскиот напаѓач Александар Митровиќ, објави новинарот Бен Џејкобс на својот Твитер. Според Џејкобс, Фулам веќе ја одбил првата понуда за напаѓачот вредна 30 милиони евра и нема намера да го продаде ова лето. Ал-Хилал има намера во блиска иднина да ја тестира одлучноста на лондонскиот клуб по ова прашање. Самиот играч е заинтересиран за трансфер и веќе се договорил за тригодишен договор. Во сезоната 2022/2023, Митровиќ забележа 28 настапи за Фулам во сите натпреварувања, во кои постигна 15 гола и три асистенции. Договорот на играчот со лондонскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026…
Лондонски Арсенал го засили составот со дефанзивецот на Ајакс, Јуриен Тимбер, соопшти прес-службата на „топчиите“. Претходно беше објавено дека Арсенал ќе плати 42 милиони евра за играчот, без бонуси, кои би можеле да ја зголемат сумата за уште 5 милиони евра. Договорот на Тимбер со Арсенал, според британските медиуми, ќе биде со важност до летото 2028 година. Дефанзивецот го зеде дресот со број 12. Во сезоната 2022/2023, Јуриен Тимбер одигра 47 натпревари за Ајакс во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и две асистенции. Договорот на играчот со клубот од Амстердам беше со важност до крајот на јуни 2025 година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет…
Новак Ѓоковиќ го доби полуфиналниот натпревар на Вимблдон против италијанскиот тенисер Јаник Синер со 3:0, по сетови 6:3, 6:4 и 7:6/4 Вториот светски рекет одлично го започна дуелот, а Синер имаше неколку неизнудени грешки, по што Ѓоковиќ направи два „брејка“ и рутински го доби првиот сет. Слична слика видовме и во вториот, но овој пат Синер остави малку подобар впечаток, иако го загуби сетот со 4:6. Третиот сет донесе многу повеќе возбудување, Синер заигра подобро се избори да игра „тај-брејкот“, но против Ѓоковиќ е тешко да се до. Српскиот тенисер имаше за нијанса поголема концентрација, а Синер испушти прилика откако…
Се зголемува фрустрацијата во Вест Хем поради доцнењето на комплетирањето на трансферот на Деклан Рајс во Арсенал, тврди утринава Дејли Мејл. Раководството на Вест Хем се лути бидејќи двата клуба договорија рекордна зделка од 105 милиони фунти што ќе го направи играчот од средниот ред на „чеканите“ најскапиот англиски фудбалер во историјата. Тој веќе ги помина лекарските прегледи, но неговото официјално претставување во дресот на Арсенал доцни, бидејќи адвокатите на тимот на Арсенал се уште ја разгледуваат документацијата и не дале зелено светло за комплетирање на трансферот. Ова секако ги одложува и плановите на Вест Хем да се засили и…
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, призна дека мислењето на играчите нема да му значи ништо при изборот на нов капитен. „Не, играчите нема да гласаат за нов капитен. Тоа е избор за мене“, изјави Тен Хаг за „Атлетик“. 29-годишниот Хари Мегваер беше капитен на Манчестер Јунајтед во поголемиот дел од минатата сезона. Сепак, со голема веројатност Англичанецот ќе го напушти клубот, а доколку остане ќе му биде одземена капитенската лента. Играчот од средниот ред Карлос Каземиро е најверојатниот избор за нов капитен на Манчестер Јунајтед. Тен Хег е тренер на Манчестер Јунајтед од летото 2022 година, а претходно…
ПСЖ донел неофицијална одлука да го пренесе бројот 7 на напаѓачот Жоао Феликс доколку овој му се приклучи на тимот, соопштуваат француските медиуми. Со дресот број 7 изминативе сезони во ПСЖ играше Килијан Мбапе. ПСЖ е заинтересиран за потписот на Феликс од Атлетико. Во текот на преговорите за трансферот на португалскиот напаѓач се разговарало за прашањето кој број на дресот ќе добие. Феликс го сакал бројот 7. Португалецот веќе го користеше порано кога играше за Атлетико Мадрид. Во моментов тој се уште ја минува претсезоната со шпанскиот клуб. Од друга страна, Мбапе летово можеби ќе се пресели во Реал Мадрид…
Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос, кој е во статус на слободен играч, може да ја продолжи кариерата во Фламенго. Бразилскиот клуб веќе стапил во контакт со играчот и е подготвен да му достави официјална понуда. Ова го објавија дел од медиумите во Бразил. Рамос (37) играше за ПСЖ во изминатите две сезони, постигнувајќи шест гола и асистенција на 58 натпревари. Со францускиот тим дефанзивецот има освоено три трофеи. Од 2005 до 2021 година Серхио Рамос играше за Реал Мадрид, откако претходно настапуваше за Севиља. Како дел од шпанската репрезентација Рамос го освои Светското првенство и две европски првенства.
