Author: riste

Интер е заинтересиран за потписот на напаѓачот на Арсенал, Фоларин Балогун, пренесува „Атлетик“. Од Интер се подготвени да платат околу 40 милиони евра за 22-годишниот напаѓач, но Арсенал има намера да добие најмалку 58,5 милиони евра од продажбата на Балогун. Се потенцира дека во моментов Интер комуницира со претставниците на играчот. Се уште нема официјална понуда од италијанскиот тим. Во сезоната 2022/2023, Балогун играше за францускиот Ремс на позајмица. На сметка на младиот напаѓач се 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 22 гола и две асистенции. Договорот на фудбалерот со Арсенал е со важност до крајот на јуни…

Read More

Челзи и Олимпик Марсеј се во преговори за ангажирање на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг, објави „Атлетик“. Според истиот извор, 34-годишниот фудбалер делува привлечно за проектот на Марсеј, но ќе биде тешко да се заврши оваа зделка поради високите трошоци – Челзи сака да добие пари за трансферот на интернационалецот од Габон, а самиот Обамејанг добива повеќе од 182 илјади евра неделно според договор со Челзи. Се забележува дека за да се постигне напредок во преговорите, двете страни ќе треба да постигнат компромис. Актуелниот договор на габонскиот напаѓач со Челзи е со важност до следното лето. Во последната сезона од англиската Премиер…

Read More

Неколку дена по продажбата на Деклан Рајс во Арсенал за 105 милиони фунти, Вест Хем упати храбра понуда од 45 милиони до Фулам, открива „Скај Спортс“. „Чеканите“ се заинтересирани за играчот од средниот ред Жоао Палиња. Сепак, одговорот на Фулам беше негативен. Фулам го привлече Португалецот пред само една година од Спортинг (Лисабон) за 20 милиони евра. Палиња веднаш се наметна, имаше вкупно 40 натпревари за тимот, пропуштајќи само три од оние во Премиер лигата. Пред неколку месеци имаше информации за интерес на Ливерпул за него. Вест Хем сега ќе мора или да ја подигне понудата или да бара друга…

Read More

Англискиот шампион Манчестер Сити добил понуда вредна 35 милиони евра од саудиски Ал-Ахли за Ријад Марез, пренесува „Атлетик“. Освојувачот на трофејот во Лигата на шампионите најверојатно ќе ја прифати понудата. Според информациите, Марез веќе ги договорил личните услови со својот иден клуб и трансферот е прашање на часови. Тој ќе ги помине медицинските прегледи оваа недела, по што ќе потпише на четири години за плата од 29 милиони евра по сезона. 32-годишниот фудбалер за Манчестер Сити има 236 настапи, 78 гола и 59 асистенции. Тој забележа 47 настапи во сите натпреварувања во последната година во која Манчестер Сити ја освои…

Read More

Германскиот репрезентативец и актуелен освојувач на Лигата на шампионите, Илкај Гундоган и официјално денес беше претставен во новиот клуб, Барселона. Фудбалерот пристигна од Манчестер Сити и се очекува да биде огромно засилување за Каталонците. Договорот беше потпишан уште пред еден месец, но денес се случи официјалното претставување на играчот, а навивачите сметаат дека ова е одличен трансфер. Се работи за извонреден играч кој има многу трофеи позади себе, а воедно е неизоставен дел од германската репрезентација, и покрај тоа што веќе има полни 32 години. За Гундоган не треба да се трошат премногу зборови, се знае дека тој е еден од…

Read More

Карлос Алкараз е нов шампион на Вимблдон – најпрестижниот тениски турнир во сезоната. Младиот шпански тенисер во едно епско финале кое што траеше скоро пет часа успеа да го совлада големиот шампион Новак Ѓоковиќ и по пет сета го забележа најголемиот успех во својата кариера. Седумкратниот освојувач на Вимблдон финалето го започна одлично. Играше речиси без грешка и ја користеше секоја грешка на Алкараз и го доби првиот сет со 6:1. По катастрофалниот прв сет, во вториот шпанскиот тенисер конечно успеа да се справи со притисокот и заигра како што треба. Двајцата тенисери играа на високо ниво, за во тај-брејк…

Read More

28-годишниот играч од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка стана предмет на сериозен интерес на Манчестер Јунајтед. Исто така, уште 2-3 европски врвни клубови се заинтересирани за играчот, објави „Скај Спорт Германија“. Клубот од Минхен е подготвен да го пушти германскиот фудбалер доколку добие сериозна понуда од 40 до 50 милиони евра. Тренерот на Баерн Минхен Томас Тухел планира да го користи Конрад Лајмер во средниот ред во пар со Џошуа Кимих и не смета на Горецка како главен играч. Самиот Леон не сака да си замине, но може да се премисли во случај на малку време на теренот.…

Read More

Пари Сен Жермен одржа првични разговори со напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ , но допрва треба да достави официјална понуда за Србинот, објави „Фудбал Италија“. Според изворот, парискиот клуб веќе успеал да воспостави контакт и да разговара за можен трансфер со блиски луѓе на Влаховиќ. Сепак, ПСЖ се уште нема испратено официјална понуда за фудбалер до клубот од Торино. Јувентус засега е подготвен да ги чека парижаните, но времето е против нив бидејќи Челзи сака да го продаде Ромелу Лукаку што поскоро , а Јувентус покажа силен интерес за белгискиот напаѓач. Парискиот клуб мора прво да продаде четворица играчи за…

Read More

Белгискиот напаѓач во екипата на Челзи, Ромелу Лукаку, реши да не се пресели во Интер ова лето поради финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2022/2023, каде Манчестер Сити со минимален резултат ги победи Интер (1:0). Фудбалерот бил незадоволен што не бил вклучен во стартниот состав за финалето, пишува „Фудбал Италија“. Лукаку бил незадоволен од многуте одлуки кои ги донел тренерот на Интер, Симоне Инзаги во текот на втората половина од сезоната 2022/2023, особено не вклучувањето на белгискиот напаѓач во стартните 11 за финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Италијанскиот стручњак често го оставаше Ромелу Лукаку на клупата…

Read More

Екипата на Вардар и официјално го претстави Владица Брдаровски како свој нов член. Десниот бек се враќа во клубот со кој ги постигна најголемите успеси, играше во групната фаза од Лигата на Европа, и освојуваше титули во домашниот шампионат. Репрезентативецот на Македонија повторно ќе ги брани боите на клубот, за кого во периодот од 2015 – 2020 година, одигра 152 официјални натпревари, освои 4 титули и беше дел од историскиот пласман на Вардар во Лигата на Европа. Брдаровски секако е големо засилување за Вардар од каде се најавуваат уште неколку нови имиња до почетокот на сезоната. Вардар во моментов е…

Read More