Author: riste

Најтрофејниор македонски ракометен тим, Вардар 1961 по пауза од една година се враќа на меѓународна сцена, но овој пат не во Лигата на шампионите, каде навикнавме да го гледаме, туку во второто по ранг натпреварување на ЕХФ- Европската лига. Поради освоената трета позиција на крајот од ланскиот шампионат, Вардар ќе игра квалификации во ова натпреварување, а на денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ го дознаа својот ривал за кам-бекот на меѓународна сцена. „Црвено-црните“ битка за пласман во групната фаза ќе водат против германскиот гигант Рајн Некар Левен, еден од најнепосакуваните ривали во оваа ждрепка. Првите натпревари се играат на 26/27…

Read More

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих повеќе не е на списокот на недопирливи играчи и е достапен за продажба. Новинарот на „Кикер“, Георг Холцнер, ова го објави на својот Твитер. Според изворот, доколку Баерн добие добра понуда за трансфер на Кимих, тогаш раководството на Баерн ќе биде подготвено да разговара за потенцијален договор. Претходно, тренерот на Барселона, Чави, изрази интерес за потписот на Кимих. 28-годишниот Кимих минатата сезона имаше 47 настапи за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и 11 асистенции. Договорот на германскиот играч за врска со Баерн Минхен е до јуни 2025 година. Неговата пазарна цена во мометов е…

Read More

Македонските ракометни преставници во женска конкуренција, ЖРК Ѓорче Петров, Куманово и Чаир, ги дознаа своите противници во второто коло од Европскиот куп. Во пресрет на ждрепката само шампионот ЖРК Ѓорче Петров ја имаше улогата на носител и за противник го доби тимот на Тиват од Црна Гора. ЖРК Куманово, пак, кој во ова натпреварување влегува како вицешампион на Македонија, ќе игра двомеч со Херцогенбухсе од Швајцарија. Последниот наш тим, ЖРК Чаир, ќе одигра двомеч со холандскиот тим Венло. ЖРК Чаир и ЖРК Куманово своите први натпревари ги играат на домашен терен, додека ЖРК Ѓорче Петров прво ќе гостува во Црна Гора. Првите натпревари од второто коло…

Read More

Вест Хем бара замена за Деклан Рајс кој замина во Арсенал. Клубот ќе добие 105 милиони фунти за играчот од средниот ред и има за цел да ангажира сериозни имиња. Сепак, една од целите изгледа прилично амбициозна. Според „Скај Германија“, Вест Хем е заинтересиран за играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка. Баварците се подготвени да го продадат за сума меѓу 40 и 50 милиони евра. Тој имаше несигурна минатата сезона, а на некои натпревари беше и на клупа. Томас Тухел планира да го користи новото засилување Конрад Лајмер покрај Џошуа Кимих во средниот ред. Горецка има договор…

Read More

Голманот на Интер, Андре Онана ќе му се приклучи на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, кој го договори неговиот трансфер за 51 евра + 4 милиони во вид на бонуси, објави „Атлетик“. Официјалното преставување на 27-годишниот Онана најверојатно нема да се случи во наредните денови бидејќи Манчестер Јунајтед продолжува да ги решава малите детали од договорот, вели изворот. Онана ќе потпише петгодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Тој многу сакаше да му се приклучи на Манчестер Јунајтед за повторно да работи под водство на Ерик тен Хаг, кого го познава од Ајакс. Во сезоната 2022/2023, Онана, заедно со…

Read More

Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо изјави дека нема да ја заврши кариерата во португалската репрезентација. „Мојата иднина во португалската репрезентација? Секогаш имам што да докажам. Кога немаме што да докажуваме, тоа е знак дека сме духовно мртви. Секоја година секогаш имам што да докажам. Докажувајќи дека можам да дадам пример за долговечност, со 38 години, мислам дека сè уште можам да правам корисни работи. Што точно? Голови, асистенции, добро учество на квалификацискиот турнир, добар настап во квалификациите, добро Европско првенство. Ќе продолжам да го правам она што го правев во мојата 21-годишна кариера, а тоа е да уживам во фудбалот. Сè уште се чувствувам корисно и важно. Продолжувам да…

Read More

Севиља е заинтересирана за поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа. Договорот на 32-годишниот голман истече и не беше продолжен. Така Де Геа може да потпише со Андалузијците како слободен играч.Севиља моментално го има Јасин Боно н аголот, но за него се зборува дека се заинтересирани ПСЖ и Баерн Минхен. Така, доколку дојде до трансфер на Мароканецот, од „Рамон Санчез Писхуан“ планираат да го заменат со Де Геа. За Де Геа се заинтересирани и клубови од Саудиска Арабија, но засега тој преферира да остане во Европа. Пред извесно време тој беше поврзуван и со Пари Сен Жермен. Шпанецот помина…

Read More

Реал Мадрид го објави финансискиот извештај за сезоната 2022/2023. Приходите на мадридскиот клуб, без трансфери, изнесуваат 843 милиони евра.Ова е најдобар показател за Кралскиот клуб во периодот од почетокот на пандемијата. Во сезоната 2018/2019 година, приходот на Реал Мадрид изнесуваше 757 милиони евра. Треба да се напомене дека според резултатите од сезоната 2022/2023, Реал Мадрид отиде во плус – добивката изнесуваше 12 милиони евра, а нето долгот на клубот се намали од 263 милиони на 47 милиони евра. Реал Мадрид заврши на второто место во шпанската лига со 78 поени и беше само еден поен пред Атлетико Мадрид. Шампион беше каталонската Барселона…

Read More

Манчестер Сити ги продолжува преговорите за дефанзивецот на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол. Привлекувањето на Хрватот е приоритет за Пеп Гвардиола и клубот прави се за да го доведе на „Етихад“, објави Фабрицио Романо. Двете страни допрва треба да ја финализираат цената на играчот. РБ Лајпциг инсистира да добие 100 милиони како фиксна сума, додека „граѓаните“ се надеваат дека ќе се договорат за одложено плаќање или помала сума, плус бонуси. Засега клубовите се уште не можат да најдат точка на вкрстување, но тоа не значи дека преговорите се завршени, а тие ќе продолжат и во наредните денови. Инаку, самиот Гвардиол веќе…

Read More

Сагата околу ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изгледа ќе продолжи со полна сила до крајот на летото. 24-годишниот напаѓач го шокираше клупското раководство со тоа што одби повторно да потпише нов договор и тие му се заканија дека ќе го продадат. Одговорот на играчот беше дека сака да ги добие сите суми од договорот доколку биде продаден, што не можеше да се случи. Значи ситуацијата е во ќорсокак. Мбапе вчера продолжи со тренинзите со тимот, но неговата иднина допрва ќе се решава. Се очекува тој да има разговор лице в лице со претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи во…

Read More