Author: riste

Италијанскиот Милан е на чекор да го ангажира нигерискиот офанзивен играч за врска на Виљареал, Самуел Чуквуезе , објави „Фудбал Еспања“. Според изворот, зделката е многу блиску до целосен договор и ќе ги чини Росонерите 25 милиони евра, со што е целосно задоволен шпанскиот клуб, бидејќи Самуел има само една година од актуелниот договор со жолтата подморница. Чуквуезе веќе се договорил со Милан за личните услови на договорот, играчот ќе добива 4 милиони евра годишно и ќе потпише петгодишен договор. Самуел Чуквуезе минатата сезона одигра 37 натпревари во Ла Лига за Виљареал, постигнувајќи шест гола и четири асистенции, а неговата вредност се проценува…

Read More

Штипскиот прволигаш Брегалница објави ново засилување во своите редови за следната сезона во Првата македонска фудбалска лига. Се работи за Роналдо Ромарио Вебстер, крилен фудбалер кој потекнува од Јамајка и има 22 години. Тој настапува по десната страна, а доаѓа директно од родната земја. Вебстер беше дел од Кавалиер, додека претходно играше за Рено во Јамајка. Играчот има и еден официјален настап за репрезентацијата на својата земја. Вебстер е четврто интернационално засилување во Брегалница. Претходно дојдоа Дикенс од Панама, репрезентативецот на Јамајка, Колин Андерсон и Венегас од Костарика. Покрај нив Брегалница како новајлии ги има Стојчевски, Давков, Новаков и Јованов…

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, зборуваше за улогата и важноста на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер за тимот. „Го почитуваме Хари Мегваер – тој е многу важен за овој тим на играчи, за овој тим како целина. А, знаете, веќе имаме четворица централни дефанзивци на неговата позиција, а тој е еден од нив. Зборувавме за стабилноста и густината на тимот и разбираме дека не можеме да одиме цела сезона со истите 11 играчи, така што јас сум многу среќен што имаме четворица многу силни централни дефанзивци“, рече Трн Хаг во изјава за официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед. Да потсетиме, претходно на…

Read More

Според италијанските медиуми, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти разговарал со преставници на Јувентус околу можноста за купување на Душан Влаховиќ. Шпанскиот гигант нема многу опции во врвот на нападот по заминувањето на Карим Бензема. Јувентус е подготвен да се раздели со Влаховиќ доколку пристигне добра понуда. Интерес за напаѓачот има од многу клубови, но конкретни понуди не пристигнале во канцелариите на „бјанконерите“. 23-годишниот Србин пристигна во Торино во јануари 2022 година за 80 милиони евра и Јувентус сака блиску до таа сума.

Read More

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го престави и третото засилување во летниот преоден рок. Дресот на Вардар во следната сезона ќе го носи 23-годишниот крилен играч Лука Трајкоски. И покрај тоа што има 23 години, Трајкоски веќе има стекнато искуство и настапувајќи за екипите на Победа, Борец и Македонија Ѓорче Петров и досега има преку 100 настапи во првата македонска фудбалска лига. Вардар моментално е на подготовки во Златибор, каде веќе одигра еден контролен меч против Металец (1:1), а денеска од 18:30 часот ќе игра против Бокељ Котор од Црна Гора.

Read More

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за она што следува во наредниот период, настапот на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин (Естонија) и Гљивице (Полска). Селекторот Александар Јончевски, и неговите соработници од стручниот штаб, го одредија поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за наредните репрезентативни активности. Освен тоа, на 24. јули (понеделник), од 18.часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, е предвиден почетокот на подготвителниот период. ПОШИРОК СПИСОК НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА (за олимписки претквалификациски турнир-Талин 2023) Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс, Андреј Јакимовски, Андреј Магдевски,…

Read More

Maкедонската фудбалска репрезентација и натаму е на 68. место на ранглистата на најдобрите светски селекции објавена од Светската фудбалска федерација (ФИФА). По јунските квалификациски натпревари за Европското првенство Германија, Македонија имаше 1.350 бода, а бидејќи потоа не одигра ниту еден натпревар, остана на истата позиција на која беше пред еден месец. На врвот на рангирањето и натаму е светскиот шампион Аргентина, а потоа следат Франција, Бразил, Англија и Белгија. Хрватска во моментов е шеста, Холандија седма, додека Италија е осма, Португалија е деветта, а Шпанија е на десеттото место. Најголемиот скок на листата овој месец очекувано направи Мексико, селекција која што…

Read More

Еден од организаторите на Светското првенство за жени, Нов Зеланд, успеа да ја победи Норвешка со минимални 1:0 во воведниот натпревар на СП. Ова е историски прв успех за женската репрезентација на земјава, откако Нов Зеланд немаше победа на ниту еден од претходните 15 натпревари на сличен форум (3 нерешени и 12 порази). Сепак, машкиот тим на островската земја сè уште ја бара својата прва победа на Светското првенство. Во првото полувреме речиси и да немаше можности за гол пред двата гола. Во вториот дел, сепак, нивото на игра порасна. Во 48. минута Хана Вилкинсон ги доведе домаќините во водство,…

Read More

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер веќе го известил менаџерот на тимот Пеп Гвардиола дека сака да се пресели во Баерн (Минхен), пишуваат медиумите во Англија и Германија. 33-годишниот англиски репрезентативец разговарал со шпанскиот стручњак, како и со некои од неговите соиграчи, соопштувајќи им ја својата одлука. Сега за да се оствари трансферот потребно е двата клуба да се договорат, што тешко дека ќе биде проблем. Претставниците на Манчестер Сити го известиле Баерн дека денеска повторно сакаат да разговараат со Кајл Вокер. Но, играчот веќе се одлучил бидејќи Баварците веќе му понудиле договор на 2+1 година, а неговиот договор со…

Read More

Светската кошарка остана без Мирко Новосел, еден од најтрофејните кошаркарски тренери. Мирко Новосел почина синоќа на 85 години. Новосел беше творец на легендарната генерација на Цибона од 1980-ите, тој беше директниот „виновник“ за доаѓањето на Александар Петровиќ во Загреб, а подоцна и на Дражен Петровиќ во Цибона, а се подоцна беше испишување на спортската историја на оваа екипа. Новосел ќе остане запаметен како најтрофеен хрватски тренер. Остави неизбришлива трага во Цибона, со која го освои Купот на европските шампиони во 1985 и 1986 година, трипати беше шампион на Југославија, а седум пати го освои националниот Куп. Мирко Новосел беше двократен европски…

Read More