Author: riste

Раководството на Тотенхем го следи напаѓачот на Ајнтрахт (Франкфурт) – Рандал Коло Муани, тврдат медиумите во Германија. Француското крило може да се вклопи како замена за Хари Кејн, кој се чини дека е се поблиску до заминување од Лондон. 24-годишниот фудбалер имаше многу силна сезона, постигна 23 гола и 17 асистенции во 46 натпревари во сите натпреварувања за Ајнтрахт. Со неговото име се поврзуваа голем број од големите тимови во Европа, но неговата цена од 100 милиони евра како да ги одврати повеќето кандидати. Сепак, Тотенхем сега го сврте интересот кон францускиот репрезентативец. Тој многу добро се вклопува во концептот…

Read More

Саудискиот клуб Ал-Наср продолжува да работи на трансферот на напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане. На клубот од Минхен ќе му бидат понудени 40 милиони евра за играчот. Платата на Садио Мане во Ал-Наср би можела да биде 40 милиони евра по оданочување. Забележано е дека клубот доставил барање до Центарот за стекнување играчи под Министерството за спорт на Саудиска Арабија за финансирање на овој трансфер. Да потсетиме, претходно беше објавено дека самиот Мане дал зелено светло за трансфер во Ал-Наср. Во сезоната 2022/2023, Садио Мане одигра 38 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, во кои постигна 12 гола и шест асистенции. Договорот на…

Read More

Ф1 тимот на Ред Бул стигна и до 11. победа во 11 трки оваа сезона, откако Макс Верстапен беше супериорен на трката за ГН на Унгарија на патеката „Хунгароринг“, во трка во која имаше проблем само на почетокот, кога го помина Луис Хамилтон кој ја имаше пол-позицијата на стартот на трката. За Ред Бул ова беше 12. победа во низа, ако се смета и триумфот од последната трка во Абу Даби минатата сезона, со што го подобрија рекордот на легендарниот болид на Мекларен на Алан Прост и Аиртон Сена, кој во сезоната 1988 победи на 11 трки во низа. https://twitter.com/F1/status/1683126397143773184?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1683126397143773184%7Ctwgr%5E717940fb263219bcea42cc804f108b673ffbb489%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2023072315032694502…

Read More

25-годишниот играч од средниот ред на Ватфорд, Исмаила Сар ќе се приклучи на францускиот Олимпик Марсеј. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер. Според изворот, веќе е постигнат целосен договор меѓу клубовите за зделката. Сенегалскиот фудбалер веднаш ја прифатил понудата од францускиот клуб штом се појавила, односно биле договорени и личните услови на договорот. Играчот ќе биде потпишан на договор до крајот на јуни 2028 година. Марсеј го чека конечното зелено светло од Ватфорд за да ги направи лекарските прегледи, кој се планира да биде во следните денови. Исмаила Сар минатата сезона во Чемпионшип имаше 39 настапи за…

Read More

Холандскиот напаѓач Арно Данџума се пресели во англискиот Евертон на позајмица од шпански Виљареал. Ова го објави официјалниот сајт на клубот од Ливерпул. „Неверојатно е да се биде во Евертон и навистина сум среќен што сум тука. Ми требаше долго време да се приклучам на голем клуб како Евертон и тоа ме прави горд. Имав интерес од други клубови, но бев привлечен кон Евертон поради навивачите, менаџерот и историјата на клубот и вториот пат имав среќа. Знам дека не се преселив во клубот во јануари, тоа беше затоа што имаше одредена неизвесност околу тренерската ситуација во тоа време, но мислам…

Read More

Бугарските медиуми објавија информација дека раководството на ФК Шкупи обезбедило 1600 влезници во форма на ваучери за натпреварот од 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА 2023/24 – ФК Шкупи – Левски. Цената на секој од нив е 20 евра, а од Шкупи до Левски најавиле дека овие ваучери односно влезници ќе ги добијат во понеделник на 24 јули. Ваучерите ќе бидат пуштени во продажба веднаш по приемот. Натпреварот е во четврток на 27 јули во 21 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. За возврат за секој купен ваучер на посебно определеното место ќе има обезбедено паркинг…

Read More

Осман Дембеле кој влезе во последната година од договорот со Барселона не ја прифати понудата на клубовите од Саудиска Арабија, поточно Ал-Наср во чии редови настапува Кристијано Роналдо. Ал-Наср е подготвен да плати околу 50 милиони евра за услугите на француското крило. Клубот на Дембеле му понудил плата од 40 милиони евра за договор на пет години, што вкупно носи 200 милиони за целокупната соработка. Сепак, Французинот не е заинтересиран за таква опција веднаш ја одби понудата. Главна цел на Дембеле е да потпише нов договор со Барселона. Двете страни се отворени за продолжување на договорот, но проблем претставува само…

Read More

Голманот Калифа Гедбан, кој беше дел од екипата на Вардар при освојувањето на втората шампионска титула во Лигата на шампионите 2019 година , следната сезона ќе ги брани боите на Еурофарм Пелистер. Алжирскиот голман Гедбан повторно ќе настапува во Лигата на шампионите, но овој пат во дресот на битолскиот тим. Еурофарм Пелистер преку официјално соопштение го промовира Гедбан. Голманот веднаш ќе му се приклучи на тимот во Маврово, откако во наредните денови ќе пристигне во Македонија. „Ни претставува задоволство што во нашиот тим во иднина ќе настапува уште еден европски шамшион. Алжирскиот репрезентативец и долгогодишен учесник во Лигата на шампионите,…

Read More

Бразилскиот дефанзивец Алекс Телес се пресели од Манчестер Јунајтед во Саудискиот Ал Наср. Ова го објави официјалниот сајт на англискиот клуб. „30-годишниот дефанзивец се приклучи на тимот од Саудиска лига по 50 настапи за првиот тим на „црвените“. Сезоната 2022/2023 ја помина на позајмица во Севиља, освојувајќи ја титулата во Лига Европа, а сега му се придружува на поранешниот соиграч на „црвените“, Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија. Би сакале да му се заблагодариме на Алекс за неговиот придонес во клубот во изминатите три години и да му посакаме се најдобро во иднина“ се вели во информацијата објавена од Манчестер Јунајтед.…

Read More

Францускиот тим Марсеј потпиша договор со напаѓачот на репрезентацијата на Габон Пјер-Емерик Обамејанг, кој доби статус на слободен играч. Договорот е со важност до 2025 година со можност за продолжување на уште една година, соопшти прес-службата на клубот од Марсеј. Пјер-Емерик Обамејанг ја започна својата професионална кариера во француската лига, каде играше за Дижон, Лил, Монако, а потоа и за Сент Етјен, за кого постигна 41 гол на 97 натпревари. Поточно, тој го освои Лига купот со оваа екипа во 2013 година, а во исто време ја доби и наградата Марк-Вивиен Фо како најдобар африкански играч во францускиот шампионат. Во 2013 година, напаѓачот потпиша договор со…

Read More