Author: riste

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез и во новата сезона ќе остане во бразилскиот Гремио, изјави тренерот на тимот Ренато Порталупи. Интерес за Суарез има од Интер Мајами, кој сака да го доведе во својот тим со неговиот поранешен соиграч од Барселона, Лионел Меси. „Ќе остане со нас до декември“, изјави тренерот, познат и како Ренато Гаучо. Тој оваа изјава ја даде пред првото полуфинале од Купот на Бразил против Фламенго кое неговиот тим го загуби со 2:0. Иднината на Луис Суарез беше доведена во прашање во последните недели, иако тој има договор со Гремио до декември 2024 година. Интер Мајами неодамна…

Read More

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон се прости од клубот во кој ги помина последните 12 години од кариерата за да се приклучи на Ал-Етифак каде тренер е Стивен Џерард. Со овој потег, играчот од средниот ред станува најплатениот англиски фудбалер во историјата на фудбалот. Според „Дејли Мејл“ и „Сан“, платата што Хендерсон која ја договорил е 700.000 фунти неделно или 36 милиони фунти годишно. Тоа е речиси четири пати повеќе отколку што добивал на „Енфилд“ досега. Доколку го исполни договорот, кој ќе биде за три сезони, 33-годишниот играч ќе добие над 100 милиони фунти плата. Наградата на Хендерсон е…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изразил желба да го задржи шпанскиот напаѓач Алваро Мората во клубот и за следната сезона, објави добро познатиот инсајдер Николо Шира на своите социјални мрежи. Според Шира, Симеоне го упатил ова барање до раководството на клубот. Претходно беше објавено дека во блиска иднина претставници на Рома ќе контактираат со Атлетико Мадрид и ќе разговараат за можните опции за трансфер на Мората. Најверојатно, Рома ќе сака да го земе шпанскиот напаѓач на позајмица со обврска за откуп за 12 милиони евра. Во сезоната 2022/23, Мората одигра 45 настапи за Атлетико Мадрид во сите натпреварувања, во кои постигна 15 гола и…

Read More

Фудбалската репрезентација на САД во женска конкуренција влезе во историјата на Светските првенства откако на мечот со Холандија останаа непоразени, односно одиграа 1:1. На тој начин репрезентативките на САД поставија рекорд кај мажите и жените по број на натпревари без пораз во низа на Светските првенства. Тимот на САД нема пораз веќе 19 средби по ред. Да потсетиме дека тимот на САД е актуелен светски шампион. Американките двапати по ред го освојуваа овој турнир. Во првиот натпревар на Светското првенство во 2023 година, САД го победи Виетнам со 3:0, а репрезентацијата на Холандија со минимален резултат ја победи Португалија (1:0). На 1 август…

Read More

Бразилското крило од екипата на Зенит, Малком сега е фудбалер на Ал-Хилал од Саудиска Арабија. Финансиските детали од трансферот не беа соопштени, но пред една недела извршниот директор на Зенит, Александар Медведев изјави дека Ал-Хилал е подготвен да плати 60 милиони евра за голгетерот на тимот. 26-годишниот крилен напаѓач е четвртото ново засилување на Ал-Хилал ова лето. Претходно беа донесени сенегалскиот дефанзивец Калиду Кулибали, српскиот играч за врска Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Португалецот Рубен Невес. Малком, кој е поранешен играч на Барселона, стана најдобар стрелец во руската Премиер лига со 23 гола кога Зенит ја освои титулата. Бразилецот е уште едно…

Read More

Во САД ноќеска беше одигран пријателскиот натпревар помеѓу лондонски Арсенал и Барселона. Натпреварот заврши со резултат 5:3 во корист на Арсенал. Резултатот го отвори Барселона преку полскиот напаѓач Роберт Левандовски во 7-та минута. Шест минути подоцна Букајо Сака го израмни резултатот. На ова во 34. минута со својот гол одговори бразилското крило Рафиња. Германскиот играч за врска Каи Хаверц повторно го израмни резултатот во 43. минута. На стартот на второто полувреме , во 55. минута Белгиецот Леандро Тросард го постигна својот прв гол. По 23 минути веќе постигна уште еде гол за водство на Арсенал од 4:2. Шпанското крило Феран Торес постигна гол во 88. Минута…

Read More

Фудбалерите од Велика Британија и Швајцарија нема да бидат третирани како странци во италијанската лига, туку ќе уживаат статус на граѓани на Европската унија, иако не се. Одлуката на италијанската фудбалска федерација е поради барањето на Серија А и клубовите кои сега ќе ослободат места за повеќе играчи надвор од ЕУ. На италијанските клубови им е дозволено да регистрираат само двајца нови играчи надвор од Европската унија по сезона, а правилото не беше променето дури и откако В.Британија ја напушти ЕУ во 2020 година. „Фудбалерите со швајцарско и британско државјанство кои имаат право да учествуваат се еквивалентни на европските државјани…

Read More

Познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо откри дека Манчестер Јунајтед ја испратил првата понуда до Аталанта за данскиот напаѓач Расмус Хојлунд. Манчестер Јунајтед ја испрати првата директна понуда на Аталанта за Расмус Хојлунд во висина од 60 милиони евра. Структурата на понудата вклучува чиста сума од 50 милиони евра плус бонуси од 10 милиони евра. Аталанта сепак има намера да добие најмалку 70 милиони евра. ПСЖ продолжува да се обидува да влијае на опкружувањето на Хојлунд, но Манчестер Јунајтед веќе се договори за условите на договорот со играчот“, напиша Фабрицио Романо на Твитер. Хојлунд минатата сезона одигра 34 натпревари за Аталанта, постигнувајќи 10 гола…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, зборуваше за моменталната ситуација со напаѓачот Жоао Феликс . „Најважно е дека никој од нас кои сме во тимот не е поважен од самиот клуб. Атлетико е многу поважен од индивидуалните личности“, изјави Диего Симеоне во интервјуто со новинарот Фабрицио Романо. Да потсетиме, минатата недела Феликс зборуваше за печатот за неговата желба да игра за Барселона. После тоа, Атлетико соопшти дека клубот бил „огорчен и лут“ од зборовите на 23-годишниот напаѓач. Воедно, управата на Атлетико Мадрид се согласи за трансфер на Португалецот во Барселона. Во втората половина од сезоната 2022/2023, Феликс играше за Челзи на позајмица. Во лондонскиот клуб помина 20 натпревари…

Read More

Очекуваното седмо засилување на Милан, Самуел Чуквуезе конечно пристигна во Милано за да го комплетира трансферот од Виљареал вреден 20+8 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми. Нигериецот се очекуваше во градот пред неколку дена, но дури попладнево слета на аеродромот во Милано. Малку подоцна тој се упати во клиниката „Ла Мадонина“ за да ги направи задолжителните лекарски прегледи, по што ќе го потпише својот петгодишен договор со клубот. Сепак, Чуквуезе најверојатно нема да замине во САД, каде што неговите соиграчи се на турнеја, поради бирократски пречки. Наместо тоа, кондицијата ќе ја одржува преку тренинзи во клупската база. Во меѓувреме меидумите во…

Read More