Author: riste

Два лондонски клуба работат на трансферот на играчот од средниот ред Ајакс и на репрезентацијата на Гана Мохамед Кудус, пренесува „Индепендент“. Според изворот, Челзи е пред Арсенал во борбата за 22-годишниот играч за врска. „Сините“ се подготвени да ја надминат понудата на „топчиите“. Ајакс го цени својот играч на 46 милиони евра. Во сезоната 2022/2023, Кудус одигра 42 натпревари за Ајакс во сите натпреварувања, во кои постигна 18 гола и пет асистенции. Договорот на играчот со клубот од Амстердам е со важност до крајот на јуни 2025 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 40 милиони евра. Претходно, тренерот на Челзи,…

Read More

Двократниот европски првак Вардар денес промовираше уште едно од засилувањата на тимот за следната натпреварувачка сезона. Вардар започна една нова ера во своето постоење, со нова управа и поинаков концепт. Последен од засилувањата и единствен кој не беше тука од стартот на подготовките е кубанскиот ракометар Хансер Микел Родригез. 21-годишниот лев бек со мало задоцнување се стави на располагање на тренерот Недановски, а го парафира и договорот со Вардар. Кубанецот се обврза на верност за наредните две сезони.  Се работи за универзалец, ракометар кој иако по вокација е лев бек, може да игра и како организатор на играта, меѓутоа и…

Read More

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез сака да му се приклучи на американскиот тим Интер Мајами и дури е подготвен да ги врати платите што ги добиваше од неговиот бразилски клуб Гремио во последните 6 месеци за да го исчисти трансферот, тврди „Мундо Депортиво“. Големата желба на Суарез е повторно да игра во иста екипа со неговите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба. Интер Мајами објави дека има можност да ангажира уште еден играч надвор од САД пред затворањето на преодниот рок во МЛС лигата на 2 август и не кријат дека се заинтересирани за привлекување на…

Read More

Килијан Мбапе останува цврст на својата позиција и понудата од Саудиска Арабија не ги промени неговите планови. Вчера, Пари Сен Жермен ја прифати понудата од 300 милиони евра од Ал-Хилал и му даде дозвола на клубот да преговара со капитенот на Франција. Според „Л‘Екип“, неверојатната понуда, која вклучува 700 милиони за играчот во рок од една година, нема да го убеди Мбапе да игра во Саудиска Арабија. Мбапе има договор со Реал Мадрид каде ќе замине во 2024 година како слободен играч. Тој нема намера да го напушти ПСЖ ова лето и има намера да остане до крајот на договорот…

Read More

Машката сениорска репрезентација на Македонија, синоќа, со првиот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ги стартуваше подготовките за настап на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин, односно во Гљивице (втората фаза). Селекторот Александар Јончевски има свои очекувања во пресрет на она што следува во наредниот период: „Имаме тринеделни подготовки. Ќе се подготвуваме во Скопје и закажавме две ‘контроли’ со Полска во Белград, единствени дуели на кои би можеле да видиме до каде сме. Првата недела ќе бидеме некомплетни бидејќи ќе отсуствуваат играчите што имаат обврски кон своите нови клубови како лекарски…

Read More

ПСЖ шири гласини дека неколку клубови се заинтересирани за напаѓачот Килијан Мбапе, пишуваат неколку медиуми во Франција. Според нив, францускиот клуб намерно шири информации за интересот на различни тимови за напаѓачот со цел да го принуди Мадрид што поскоро да достави понуда за Мбапе, што би им одговарало на раководството на парижаните. Да потсетиме, претходно се дозна дека Мбапе е исфрлен од ПСЖ на претсезонски тренинг во Јапонија.  Според пишувањата на медиумите, францускиот напаѓач бил ставен на трансфер. Килијан Мбапе одигра 34 првенствени натпревари за ПСЖ минатата сезона 2022/2023 , постигнувајќи 29 гола и пет асистенции.

Read More

Освојувачот на титулта во Конференциската лига во минатат сезона, Вест Хем, би можел да го земе на позајмица напаѓачот на Милан, Дивок Ориги, тврди „Газета дело Спорт“. Според истиот извор, 28-годишниот напаѓач е на мета на менаџерот на лондончани – Дејвид Мојс. Ориги минатото лето се пресели во Милан. Во сезоната 2022/2023, Белгиецот одигра 36 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и една асистенција. Договорот на играчот со „росонерите“ е до јуни 2026. Сумата по која интернет порталот Трансфермаркт го проценува е 6 милиони евра.

Read More

Сенегалскиот напаѓач од Ватфорд Исмаила Сар се пресели во францускиот Марсеј, соопшти прес-службата на клубот. Според инсајдерот Фабрицио Романо, клубот и сенегалскиот фудбалер потпишале договор за период од пет години. Трансферот на Сар го чинеше клубот од Франција 13 милиони евра. Сар забележа 39 настапи минатата сезона во Чемпионшип. Во овој период напаѓачот постигна десет гола и стана автор на седум асистенции. Фудбалерот е дел од репрезентацијата на Сенегал од 2016 година, за која настапи на 54 натпревари. Во Сенегал постигна 11 гола. Според порталот Трансфермаркт, неговата цена е 20 милиони евра. Исто така, уште еден африкански напаѓач се приклучи на тимот во овој преоден рок. Клубот…

Read More

Саудиското Министерство за спорт одвои 17 милијарди фунти (19,6 милијарди евра) за трансфери, објави новинарот Бен Џејкобс на Твитер. Да потсетиме дека ѕвезди како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Роберто Фирмино, Едуард Менди и други веќе се преселија во првенството на Саудиска Арабија. Претходно беше објавено дека Ал-Хилал е подготвен да му плати на ПСЖ за Мбапе 300 милиони евра, а на самиот 24-годишен напаѓач да му даде договор на една година со плата од 700 милиони евра. Новата сезона во првенството на Саудиска Арабија започнува на 11 август, а до тогаш може д аочекуваме уште некој голем трансфер во клубовите…

Read More

Има неколку претенденти за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе. Ова го пренесува авторитетен инсајдер Бен Џејкобс на својот „Твитер“. Според изворот, неколку клубови се во преговори со ПСЖ за евентуален трансфер на Мбапе. Меѓу овие екипи се англиските Манчестер Јунајтед и Тотенхем, Интер и шпанската Барселона. За време на дел од дијалогот, на парижаните им беше понудена можност да преземат неколку играчи во замена за Мбапе. ПСЖ верува дека Мбапе за една година ќе замине бесплатно во Реал Мадрид, во врска со што решил да го продаде напаѓачот летово за да ги врати средствата потрошени за него. Претходно беше објавено дека ПСЖ ја…

Read More