Author: riste

NBA

Денвер предводен од Никола Јокиќ и Џамал ​​Мареј дојде до победа од 104-93 во првиот натпревар од финалната серија на НБА против Мајами Хит. Домашната екипа во ниту еден момент не дозволи Мајами да се надева на добар резултат на оваа средба. Одличниот настап на Никола Јокиќ, кој со 27 поени, 10 скока и 14 асистенции уште еднаш се приклучи на друштво на НБА легендите, овој пат со Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Расел Вестбрук. Јокиќ стана првиот по Џејсон Кид кој запиша „трипл-дабл“ во своето деби во финале. Јокиќ беше и најдобар стрелец на натпреварот, а покрај него и Мареј, кај Денвер двоцифрени беа Гордон 16, Портер…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал поради повреда ќе го пропушти саботното финале во ФА Купот против Манчестер Сити, соопштија од клубот во официјалното соопштение. Марсијал се повреди на последниот натпревар на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата откако влезе како замена против Фулам. „Ентони Марсијал поради повреда ќе остане надвор од тимот за финалето на ФА Купот против Манчестер Сити. Прегледите покажаа дека станува збор за кинење на мускулот што нема да му дозволи да учествува на мечот на Вембли во сабота“, напишаа од Манчестер Јунајтед. . Францускиот фудбалер се мачеше со повреди во текот на целата сезона, кои го…

Read More

Играчот од средниот ред на Арсенал, Мартин Одегард може да ја продолжи кариерата во шампионатот на Франција. Според Дејли Мејл, 24-годишниот норвешки фудбалер е интересен за ПСЖ. Одегард беше дел од Реал Мадрид во периодот 2015-2021 година. Мартин Одегард се пресели во Арсенал во 2021 година. Фудбалерот од средниот ред одигра 45 тапревари оваа сезона во Премиер лигата и останатите натпреварувања, постигна 15 гола и осум асистенции. Порталот Трансфермаркт го цени играчот на 80 милиони евра.На крајот на сезоната Арсенал заврши на второто место, губејќи ја битката за титулата од Манчестер Сити. ПСЖ стана шампион на Франција. Парижаните на коло пред крајот на првенството се…

Read More

Иако Дејан Кулушевски се сомнева во неговата иднина со Тотенхем, клубот има намера да ја активира опцијата за купување од 35 милиони евра, поврзана со неговиот договор за позајмица. 23-годишниот крилен напаѓач им се приклучи на Спарси на 18-месечна позајмица со условна откупна клаузула од 35 милиони евра во јануари 2022 година. Тој првично блескаше под водство на Антонио Конте, постигнувајќи пет гола и осум асистенции на 18 натпревари во Премиер лигата, но потоа се бореше да го покаже најдоброто од себе оваа сезона. Кулушевски неодамна пред печатот призна дека не е сигурен за неговата иднина во северен Лондон и…

Read More

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио е на чекор до трансфер во Астон Вила, објави новинарот Никола Шира на Твитер. Според него, фудбалерот се согласил за договор со англискиот клуб за плата од 8 милиони евра.Шпанецот ќе замине во Бирмингем бесплатно, бидејќи неговиот договор со мадридскиот клуб истекува на крајот на сезоната. Асенсио (27) оваа сезона одигра 50 натпревари за Реал Мадрид, постигнувајќи 12 гола и осум асистенции. Вкупно со Реал Мадрид има освоено 16 трофеи, вклучувајќи три победи во Лигата на шампионите. Асенсио досега настапуваше само за шпански екипи. Астон Вила заврши на седмото место во Премиер лигата, а следната сезона…

Read More

Јувентус води во борбата против Милан за играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, информира „Ил Месаџеро“. Според изворот, римскиот клуб сака да добие 40 милиони евра за еден од своите лидери, но е подготвен да ја намали цената на 30 милиони евра, бидејќи договорот на Милинковиќ-Савиќ истекува за една година, а потоа Србинот ќе може да замине бесплатно. Јувентус е подготвен да му плаќа на 28-годишниот играч од средниот ред на Лацио 6 милиони евра годишно. Милинковиќ-Савиќ веќе беше ставен на продажба минатата година, но римскиот клуб сакаше сума од близу 100 милиони фунти за играчот.Ниту еден клуб не…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, освои две престижни индивидуални награди. Шпанскиот стручњак ја доби наградата за менаџер на сезоната во Премиер лигата, како и наградата за менаџер на годината од Асоцијацијата на менаџери во лигата (LMA). Не е првпат Гвардиола да ги освојува овие индивидуални награди, бидејќи првата ја освои по четврти пат, а втората награда по трет пат. Доаѓа сосема логично бидејќи Манчестер Сити брка тројна круна под негово водство, откако веќе ја освои Премиер лигата, стигна до финалето на Лигата на шампионите против Интер, и има финале од ФА Купот со градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Гвардиола ја…

Read More

Екипите на Севиља и Рома вечерва на „Пушкаш арена“ во Будимпешта се соочуваат еден против друг за да го одредат новиот победник во Лига Европа. Финалниот дуел започнува во 21:00 часот, каде што рекордерот според освоени трофеи во ова натпреварување ќе се соочи со актуелниот шампион на Конференциската лига. Победа на денешниот натпревар ќе им донесе не само титула, туку и пласман во Лигата на шампионите. Како прво, само Севиља може да се пофали со шест трофеи во целата историја на Лига Европа, а Андалузијците досега не биле поразени во нивните финалиња на турнирот, откако ги освоија сите шест, а…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема може да го напушти клубот. Според весникот „АС“, Бензема е блиску до заминување од Реал Мадрид на крајот на сезоната. 35-годишниот напаѓач има понуда од Саудиска Арабија. Играчот добива договор за две сезони со плата од 200 милиони евра годишно со даночно ослободување. Исто така, играчот ќе има можност да заработи голема сума како амбасадор за кандидатурата на Саудиска Арабија, Грција и Египет за домаќини на Светското првенство во 2030 година. Бензема е во Кралскиот клуб од 2009 година. Во тековната сезона на шампионатот на Шпанија одигра 23 натпревари на кои постигна 18 гола и три асистенции. Карим Бензема со Реал…

Read More

Играчот на Јувентус и Аргентина, Анхел Ди Марија може да ја продолжи кариерата во Бенфика. Според новинарот Фабрицио Романо, клубот од Лисабон сака да се обиде да го врати Аргентинецот во тимот. Преговорите се уште не се започнати, но ќе се направи обид во наредните недели да се разговара со играчот. Договорот на играчот со клубот од Торино истекува на крајот на јуни оваа година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт, изнесува 10 милиони евра. Ди Марија му се приклучи на Јувентус во летото 2022 година. Тој забележа 24 настапи во Серија А, постигнувајќи четири гола и четири асистенции. На Светското првенство…

Read More