Author: riste

Реал Мадрид се предомислил да го купи напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Од Мадрид не се подготвени да им платата на Тотенхем 116 милиони евра за трансферот, како и да му исплати на напаѓачот годишна плата од 20 милиони евра, објави „АС“. Според изворот, 29-годишниот англиски напаѓач исто така не се вклопува во стратегијата за подмладување на составот. Во исто време, Реал Мадрид може да се обиде да го откупи напаѓачот на Еспањол, Хоселу, кој моментално има 33 години. Забележано е дека Реал Мадрид е подготвен да замижи пред годините на напаѓачот на каталонскиот клуб исклучиво поради неговата ниска цена и високиот учинок минатата…

Read More

МЛС -клубот Интер Мајами, кој вчера и официјално го објави трансферот на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси , доби 1 милион претплатници на официјалниот клупски профил на Инстаграм, а тоа се случи за 12 минути по објавувањето на трансферот на ѕвездата на светскиот фудбал. Да потсетиме, пред да ја прифати понудата на Интер, седумкратниот освојувач на Златната топка ги отфрли предлозите на Барселона и клубот од Саудиска Арабија Ал-Хилал, кои ветија дека ќе му исплатат на играчот 1,2 милијарди евра за две години. Аргентинскиот напаѓач оваа сезона забележа 41 настап за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 гол и 20 асистенции.

Read More
NBA

Кошаркарите на Денвер Нагетс победија во треттиот натпревар од финалната серија во НБА-лигата и со тоа ја вратија предноста. Денвер синоќа славеше кај Мајами со 109:94. Никола Јокиќ повторно беше фантастичен, оствари нов трипл-дабл од 32 поени, 21 скок и 10 асистенции и стана првиот кошаркар во историјата на финалните мечеви во НБА кој имал учинок од најмалку 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции. Сепак, Јокиќ не беше сам во оваа победа, го имаше покрај себе расположениот Џамал Мареј, кој исто така оствари трипл-дабл од 34 поени и по 10 скокови и асистенции. Јокиќ и Мареј станаа првите соиграчи…

Read More

Трансферот на Лионел Меси од ПСЖ во Интер Мајами сериозно се одрази на цената на билетите за натпреварите на американскиот клуб, пишува „SportsLens“. Според Твитер на „TickPick“, цената на билетот за првиот натпревар на Меси за неговиот нов клуб на 21 јули е 521 долари. За споредба: Билетот за присуство на третиот натпревар од финалето на НБА помеѓу Мајами Хит и Денвер Нагетс беше 412 долари. Пред објавувањето на трансферот на Аргентинецот, цената на билетот за првиот меч на Интер Мајами беше 29 долари, односно се зголемил за 17 пати. Со доаѓањето на Меси се очекува сериозно зголемување на продажбата на разни производи низ арената, како…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Вест Хем Јунајтед, Џерод Боуен, ја доби наградата „Играч на натпреварот“ во финалето на Конференциската лига, во кое неговиот тим ја совлада Фиорентина со 2:1, објави официјалната веб-страница на УЕФА. Во текот на целиот натпревар, 26-годишниот крилен напаѓач се закануваше кон противничкиот гол и на крајот го постигна победничкиот гол во 90. минута, реализирајќи го прекрасното додавање на Лукас Пакета. Преставниците на УЕФА забележаа: „Дури и кога Вест Хем не беше на ниво, Боуен често беше оној преку кој тимот одеше во контра-напад, а на крајот го постигна голот што ја донесе победата на натпреварот“. Голот…

Read More

Француски Олимпик Лион објави дека напаѓачот Муса Дембеле летово ќе го напушти тимот – играчот не го продолжи договорот. „Со пристигнувањето во клубот во август 2018 година, неколку часа пред затворањето на преодниот рок од Селтик Глазгов, на Муса Дембеле не му требаше многу време да се аклиматизира во францускиот шампионат. Играчот кој потекнува од ПСЖ во првата сезона за Лион постигна 20 гола на 46 натпревари. За време на сезоната 2019/2020, тој учествуваше во херојската сезона на Лион во Лигата на шампионите. По позајмица во Атлетико Мадрид на почетокот на 2021 година, за време на која ја освои шпанската титула, Муса Дембеле продолжи да игра за Лион…

Read More

Џуд Белингам стана најскапиот англиски фудбалер во историјата. Реал Мадрид постигна конечен договор со Борусија Дортмунд за потпис на 19-годишниот играч од средниот ред. Официјалното соопштение за трансферот се појави денеска. Борусија Дортмунд ќе добие 133,4 милиони евра вклучувајќи ги сите бонуси. По овој трансфер, Белингам стана најскапиот Англичанец во историјата на фудбалот. На второто место е Џек Грилиш, за кого Манчестер Сити на Астон Вила и плати околу 115 милиони евра. На третото место меѓу најскапите Англичани е дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, купен во 2019 година од Лестер Сити за приближно 93 милиони евра. Четврти во рангирањето е Џејдон Санчо, кој…

Read More

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд се договорија за трансфер на играчот од средниот ред Џуд Белингам во шпанскиот клуб, објавија шпанксите медиуми. Според истите, оваа зделка ќе биде една од најголемите во историјата на двата клуба. Трансферот на Белингем ќе надмине 100 милиони евра. Исто така се напоменува дека за да се заврши трансферот, Белингем може да помине само медицински преглед. Тоа ќе се направи во наредните денови. Белингем (19) оваа сезона одигра 31 натпревар за Борусија Дортмунд, постигнувајќи осум гола и пет асистенции. Борусија Дортмунд на крајот од сезоната заврши на второто место во Бундеслигата, зад Баерн Минхен со ист број на бодови…

Read More

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос победувајќи го Хуан Пабло Вариљас во три сета. Ѓоковиќ го доби мечот фуриозно со 3:0 во сетови, односно 6:3, 6:2, 6:2. Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Русинот Карен Хачанов, кој во четири сета беше подобар од Лоренцо Сонего. Ѓоковиќ не остави ништо на случајноста во мечот против Хуан Пабло Вариљас со кого играше за првпат во кариерата. Мечот траеше само 119 минути, а првиот сет го одбележаа двата брзи брејка на Ѓоковиќ. Новак Ѓоковиќ продолжи во ист ритам и во следните два сета, но уште поубедливо – на ривалот…

Read More

Актуелниот светски шампион Макс Верстапен е победник на трката за ГН на Шпанија во Формула 1, која денеска се возеше на патеката „Каталуња“ во Барселона. Верстапен беше убедлив и водеше од почеток до крај и не дозволи никакво изненадување. Со оваа победа Верстапен дојде до трета победа во низа, а вкупно петта сезонава. Со доминантно возење стигна до четириесеттата победа во кариерата. Зад него низ целта помина Луис Хамилтон, кој доцнеше дваесет секунди, а на третото место заврши Џорџ Расел. Бодови освоија уште Сајнц, Строл, Алонсо, Окон, Жу и Гасли. Макс Верстапен е сега на само една победа од легендарниот Аиртон…

Read More