Author: riste

Од 12-26 јуни во Берлин ќе се одржат Летните олимписки игри за атлети со атипичен развој, 19 атлети од Макеоднија ќе бидат дел од преку 7000 спортисти од 190 земји како и 20.000 волентери кои ќе бидат во Берлин. За подготовките, но и очекувањата од игрите зборуваа на прес конференција во Агенцијата за млади и спорт, која е поддржувач на настапот на македонските спортисти. „Огромно задоволство и чест ми е како спортист и директор на Агенцијата за млади и спорт да го најавам најголемиот спортски собир за спортисти со атипичен развој, олимписките игри. Настапот на едно вакво големо натпреварување е…

Read More

Одлично полуфинале на Ролан Гарос одиграа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, а го доби Ѓоковиќ со 3:1 (6:3, 5:7, 6:1, 6:1). По два неверојатни сета надигрување, шпанскиот тенисер се повреди и од тој момент не играше со ист интензитет, па Србинот релативно лесно ги освои третиот и четвртиот сет. Ѓоковиќ ќе се бори за трофејот во Париз, со што може да се одлепи пред Надал на „вечната листа“. Самиот старт на мечот на централниот терен „Филип Шартрие“ беше вистински спектакл. Убави потези и многу борба за секој поен. Првиот сет го одлучи единствениот брејк во четвртиот гем, кога по израмнето…

Read More

Саудискиот клуб Ал-Ахли е подготвен да му понуди на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Ријад Марез, договор на две сезони со плата од 100 милиони евра, пренесува ESPN. Според изворот, Ал-Ахли изразил подготвеност да му плаќа на алжирскиот фудбалер 50 милиони евра годишно плус бонуси за двегодишен договор со опција за продолжување на една сезона. Актуелниот договор на Марез со Манчестер Сити истекува летото 2025 година, но се забележува дека играчот од средниот ред е фрустриран од недостигот на минутажа во Манчестер Сити, што Ал Ахли се надева дека ќе го искористи. Се верува дека 32-годишниот фудбалер е отворен за…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган е блиску до преселба во Барселона. Ова го пренесува „Diario Sport“. Според истиот извор, Гундоган пред неколку недели усно се договорил со Барселона за тригодишен договор, кој ќе почне да функционира откако ќе истече договорот на германскиот играч за врска со Манчестер Сити. Се истакнува дека главниот тренер на каталонскиот клуб Чави одиграл голема улога во преговорите. Тој го убедил играчот дека ниту еден друг клуб не може да и парира на Барселона. Во продолжение Чави му гарантираше на Гундоган место во стартниот состав. Претходно беше објавено дека ПСЖ е заинтересиран за 32-годишниот Германец.…

Read More

Капитенот на репрезентацијата на Гвинеја Наби Кеита стана играч на германскиот Вердер Бремен. Претходно играше во англискиот Ливерпул. Кеита се приклучи како слободен агент. Ова го објави официјалниот сајт на германскиот клуб. „Навистина се радувам на мојата нова улога во Бремен. Разговорите со одговорните, околината и идејата за игра на Вердер ме убедија. Тренерот ми даде многу добар вовед и покажа дека можам да му помогнам на тимот. Вердер Бремен е посебен клуб и сè уште се сеќавам на „Везерстадион“ од моето време во Лајпциг. Клубот и филозофијата ми одговараат, ова е вистинскиот чекор за мене“, изјави Кеита. Наби Кеита…

Read More

Англискиот Ливерпул на својата официјална веб-страница го објави купувањето на играчот од средниот ред на Брајтон, Алексис Мек Алистер. 24-годишниот аргентински фудбалер успешно го помина лекарскиот преглед и ги договори условите на личниот договор. „Чувството е неверојатно, тоа е остварување на сонот. Едвај чекам да ја започнам мојата игра за клубот. Сакав да се приклучам на тимот од првиот ден од подготвителната сезона, па добро е што се случи така. Со нетрпение очекувам да се сретнам со моите соиграчи. Оваа година беше фантастична за мене – освојување на Светското првенство, она што го постигнавме со Брајтон. Но, сега е време…

Read More

Интер Мајами вчера го потресе фудбалскиот свет со веста дека Лионел Меси треба да потпише за нив и покрај тоа што за него со бореа Барселона и шампионот на Саудиска Арабија Ал-Итихад. Сепак, американскиот тим, кој е во сопственост на Дејвид Бекам, нема намера да застане тука и сега е насочен кон уште една голема ѕвезда во европскиот фудбал – Анхел Ди Марија, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Соиграчот на Меси во националниот тим на „гаучосите“ стана и слободен играч откако не доби понуда за нов договор од Јувентус. Европа и понатаму е приоритет, а аргентинскиот крилен напаѓач има понуди…

Read More

Играчот од средниот ред и капитен на Вест Хем Деклан Рајс ќе го напушти тимот. Ова го соопшти претседателот на „чеканите“ Дејвид Саливан. „Мислам дека тоа беше последниот натпревар на Деклан за нашиот клуб. Му ветивме дека ќе може да си замине. Решил да замине. Не можете да му застанете на патот на човек кој направи толку многу за тимот оваа сезона“, изјави Саливан. Претходно беше објавено дека Вест Хем се согласил на понудата на Арсенал од 105 милиони, но клубот бара оваа сума да ја плати до летото 2024 година. Вест Хем е меѓу клубовите на списокот за следење…

Read More

Шампионот на Саудиска Арабија Ал-Итихад продаде повеќе од 56.000 билети за настапот на Карим Бензема на стадионот „Крал Абдула Спортс Сити“ во Џеда. Ова се случи само неколку часа откако беше објавен трансферот на минатогодишниот добитник на Златната топка. Билетите за настапот на францускиот напаѓач и поранешен капитен на Реал Мадрид на стадионот со капацитет од 62.000 луѓе почнуваат од само девет ријали (2,40 долари). Илјадници поддржувачи, облечени во клупските бои со жолто и црно, го поздравија Бензема при неговото пристигнување во градот во средата вечерта. Бензема (35) беше првото засилување за Ал-Итихад, кој ја освои својата прва титула од…

Read More

Астон Вила доставила официјална понуда до Виљареал за централниот бек Пау Торес, тврди „Кадена Сер“. Изворот не наведува кои се конкретните финансиски параметри на понудата, но тврди дека менаџерот на тимот од Бирмингем, Унаи Емери, кој во ноември го напушти Виљареал за да ја преземе Астон Вила, инсистира повторно да соработува со шпанскиот интернационалец. „Жолтата подморница“ заврши на петтото место во Ла Лига, што значи дека втора сезона по ред тимот нема да игра во Лигата на шампионите. Тоа неминовно ќе се одрази и на финансиите на клубот, кој според „Кадена Сер“ е подготвен да продаде некоја од своите ѕвезди.…

Read More