Author: riste

NBA

Денвер Нагетс напиша историја во НБА лигата откако ја освоија својата прва титула во најквалитетната кошаркарска лига на планетата. Во крајно интересен и неизвесен натпревар број 5 од финалето против Мајами, тимот од Колорадо победи со 94:89 на домашен терен и ја затвори серијата со 4:1. Работите не изгледаа добро за Денвер, по водство на Мајами во поголемиот дел од натпреварот. Домаќините промашија 20 од првите 22 тројки, како и седум од првите 13 слободни фрлања. Гостите имаа предност од 10 поени на средината на втората четвртина, но Денвер потоа тргна во добра серија за да поведе од 7 поени…

Read More

Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ е решен да остане во Реал Мадрид и покрај понудата од Саудиска Арабија од околу 80 милиони евра плата по сезона, објави „Марка“. Понудата стигна од клубот Ал-Ахли Џеда. Сумата што ја понудија е седум пати поголема од она што го добива Модриќ во Реал Мадрид, каде што е еден од најплатените играчи. Сепак, 37-годишниот Хрват има намера да остане во клубот. Една од причините е желбата на играчот да го види „Нуево Бернабеу“, ажурирана верзија на стадионот кој моментално е во реконструкција. Модриќ сега добива многу понуди од арапски клубови. Саудиската влада спонзорира инвестиции во познати играчи со…

Read More

Бразилскиот напаѓач во екипата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор од следната сезона ќе го носи дресот со бројот седум. Претходно „седумката“ му припаѓаше на белгискиот играч за врска Еден Азар, кој летово со слободен трансфер го напушти мадридскиот клуб. Пред Белгиецот, со бројот седум настапуваше Кристијано Роналдо, кој сега ги брани боите на саудискиот Ал-Наср, а пред него и напаѓачот и легендата на клубот Раул. Досега Винисиус Жуниор играше со број 20. Винисиус Жуниор потекнува од школата на Фламенго. Тој му се приклучи на Реал Мадрид во летото 2018 година. Минатата сезона бразилскиот напаѓач одигра 33 натпревари во шампионатот на Шпанија, постигна 10 гола и…

Read More

Манчестер Сити го објави името на најдобриот играч на клубот за сезоната 2022/23. Според англискиот клуб, најдобар играч на сезоната е 22-годишниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд. Во 53 клупски настапи за Манчестер Сити, Халанд постигна 52 гола и даде 9 асистенции. Оваа сезона, Манчестер Сити ја освои шампионската тројна круна: клубот стана шампион на англиската Премиер лига, го освои ФА Купот и ја освои Лигата на шампионите. Фудбалерот кариерата ја започна во 2016 година во втората лига на Норвешка. Тоа беше клубот Брине, потоа се пресели во највисоката лига на земјата и играше за Молде во период од 2 години, сезоната 2018/2019 и…

Read More

Арсенал постигна договор со дефанзивецот Вилијам Салиба за продолжување на договорот. Клубот ќе потпише четиригодишен договор со својот фудбалер,а останува само да се комплетира документацијата, пишуваат медиумите во Англија. Многу клубови од врвните европски лиги беа во игра за дефанзивецот, а во последните денови се шпекулираше дека Арсенал планира да се збогува со Французинот, но „топчиите“ сепак успеаја да го задржат Салиба. Вилијам Салиба оваа сезона одигра 27 натпревари во Премиер лигата , постигна два гола и даде една асистенција. Арсенал ја заврши сезоната 2022/2023 на второто место во Премиер лигата. Пет бода ги делеа лондончани од првото место кое го зазеде Манчестер Сити (вкупно тимот…

Read More

Екипата на Еурофарм Пелистер донесе уште едно засилување во својата екипа и потпиша со ракометар од Данска. Нов член на македонскиот шампион е Андреас Јохан Нилсен, 25-годишен пивот кој доаѓа од данскиот ракометен шампионат. Пред да потпише со Еурофарм Пелистер, пивотот го носеше дресот на Морс, и Нордсјеланд, а има свои настапи и во младинските категории на данскиот национален тим. „Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека кон своето спортско семејство приклучи нов член. Нашата мала данска колонија ќе биде побогата за уште еден ракометар.  Андреас Јохан Нилсен потпиша договор на една сезона, со опција за продолжување за уште една ако…

Read More

Медиумите во Италија со интересни натписи во исчекување на финалето од Лигата на шампионите, во кое Италија е претставувана од Интер, кој ќе се соочи со англискиот Манчестер Сити. „Газета дело спорт“ ги нарекува играчите на Пеп Гвардиола „марсовци“. „Само вие“, писшува „Кориере дело спорт“ на насловната страница. „По две изгубени финалиња, Италија очекува Интер да ја донесе најголемата радост“, додава изданието. „Без страв“, пишува торинскиот „Тутоспорт“. „Големото финале е пред вас“ објави „Кориере дела сера“.

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, откри како се подготвува за финалето од Лигата на шампионите против Интер. „Секако, со нетрпение го очекувам овој натпревар. Во спротивно, не би играл фудбал. Во такви финалиња, секогаш е важно повеќе да се посакува победа отколку да се плашите да изгубите. Впрочем, ова не е испаѓање – ова е главното финале во светскиот клупски фудбал! Треба само да се обидете максимално да уживате и постојано да се потсетувате низ што сте поминале за да имате привилегија да играте таму. Да ми кажеа на 18 години дека ќе играм во три финалиња во Лигата на шампионите, ќе сметав…

Read More
NBA

Koшаркарите на Денвер Нагетс во големото финале на НБА лигата го добија вториот натпревар по ред против Мајами Хит на гостински терен и со победата од 95:108 имаат предност од 3:1 и се на чеокр до првата титула во историјата на клубот. Повторно историска ноќ имаше српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој продолжува да ги поместува границите во НБА лигата и постави нов рекорд. Но, овој пат центарот доби голема поддршка од Гордон, па на Мајами не му остана ништо освен да се ппомиран со пораз. Во еден момент Никола Јокиќ имаше мала незгода кога го повреди зглобот при еден дуел со Робинсон, но откако напави мала…

Read More

Вечерва се игра последниот натпревар во европската фудбалска сезона. Најголемиот натпревар во европскиот клупски фудбал за сезоната 2022/23 ќе се одигра во Истанбул каде се среќаваат Манчестер Сити и Интер. „Граѓаните“ се на чекор до трофејот од соништата, кој во моментов е единствената дел што му недостасува на клубот. Доколку успеат да го остварат, „небесно сините“ ќе стигнат до тројна круна, која досега во англискиот фудбал ја постигна само градскиот ривал Манчестер Јунајтед (1999 година). Интер веќе има освоено слична тројна круна, а тоа се случи во 2010 година, кога „нероаѕурите“ последен пат ја освоија Лигата на шампионите. Италијанската екипа…

Read More