Author: riste

Габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг со нетрпение очекува да ја продолжи кариерата во Барселона. Напаѓачот чека покана од Барселона, каде веќе успеа да помине една сезона, велат шпанските медиуми. Челзи, каде моментално игра Обамејанг, сака да го продаде играчот ова лето. Фудбалерот го бараат некои клубови во Саудиска Арабија, но самиот фудбалер се надева дека повторно ќе влезе во тимот на Барселона. Сега тој е во контакт со главниот тренер на каталонскиот клуб Чави. Обамејанг настапи на 15 натпревари во сезоната 2022/2023 во Премиер лигата, постигнувајќи еден гол. Обамејанг одигра 18 натпревари за Барселона и постигна 11 голови. Пред тоа, тој помина пет сезони во Арсенал: од 2017…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе се обиде да го убеди напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе да остане во парискиот клуб. Еден од младите париски навивачи побарал од Макрон да направи нешто за да го задржи Мбапе во ПСЖ, на што претседателот одговорил: „Ќе се обидам да го убедам на тоа“. Да потсетиме, претходно беше објавено дека Мбапе е подготвен да го напушти ПСЖ ова лето. За напаѓачот се заинтересирани Реал Мадрид и голем број англиски тимови. Договорот на Мбапе со парижаните истекува во јуни 2024 година.  Напаѓачот ја одби опцијата да го продолжи договорот за уште една сезона и може да стане слободен агент.…

Read More

Пари Сен Жермен би можел да го ангажира играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, објави „Марка“. Според изворот, доколку парижаните го продадат напаѓачот Килијан Мбапе во летниот преоден рок, тогаш на негово место може да биде потпишан Антоан Гризман. Во исто време, се забележува дека главниот тренер на Атлетико Диего Симеоне не сака да се раздели со Гризман, самиот играч исто така сака да остане во мадридскиот клуб. Правата на Гризман и припаѓаат на Барселона. Сега играчот игра за Атлетико Мадрид на позајмица. Претходно беше објавено дека Мбапе испратил официјален допис до ПСЖ, каде што рекол дека во никој…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Хрватска, Марио Пашалиќ ги сумираше резултатите од полуфиналето на Лигата на нации со Холандија (4:2 по продолженијата). Во регуларното време неговиот тим водеше со резултат 2:1, но му дозволи на противникот да го израмни резултатот во шестата минута од продолжението на вториот дел. „Ова е феноменално, уште една историска победа за нас. Веќе бевме горди што бевме на фајнл-форот. Ова е голем успех, но сакавме да постигнеме повеќе и успеавме. Уште еден чекор напред, а сега го чекаме финалето. Се разбира, сега го сакаме ова злато.  Настана мала паника кога го примивме тој гол со што противникот израмни на 2:2 во последните…

Read More

Селекторот на холандската репрезентација Роналд Куман го коментираше поразот на репрезентацијата во полуфиналето од Лигата на нации од Хрватска (2:4). „Бев многу задоволен од првото полувреме, но чувствував дека лошо го започнавме вториот дел. Хрватскиот среден ред ја презеде контролата врз играта и тоа ни ја отежна работата, особено по постигнатите голови. Тогаш можеше да се види дека хрватскиот тим долго време игра заедно. Направивме се што можевме. Ги притискавме секогаш кога можевме, но на моменти бевме лежерни. Имаа поголема контрола над топката. И ова беше разликата за мене во текот на целиот натпревар “, изјави Куман на официјалната веб-страница на УЕФА. Хрватската репрезентација во финалето на Лигата…

Read More

Лигата на нации го очекува својот нов шампион кој ќе ја замени Португалија, а тоа ќе се случи за неколку дена. Хрватска е првиот финалист во ова издание на Лигата на нации откако синоќа во одличен натпревар, кој траеше 120 минути, ја совлада Холандија во Ротердам со 4:2. Со играта во вториот дел и во продолжението, тимот предводен од селекторот Златко Далиќ покажа карактер. „Како само момците се бореа, се бодреа еден со друг..Победена е Холандија на нивни терен. Капа долу на сите. Хрватска обезбеди уште еден медал. Одработивме фантастични осум тренинзи, ништо не нè вознемируваше. Хрватска е пред сè и за неа сè поднесуваме. Оваа победа секако е една од…

Read More

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар, пред натпреварот на репрезентацијата на Словачка против Исланд потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен. На 1 јули му истекува договорот со миланскиот клуб и како слободен играч ќе се пресели на „Паркот на принцовите“. Според информациите, 28-годишниот дефанзивец потпишал четиригодишен договор со ПСЖ. „Веќе се чувствувам добро, но без игри не можете да го најдете вашиот ритам. Ако тренерот сака да ме пушти, ќе му помогнам на тимот бидејќи сум подготвен. Да видиме што ќе се случи во Париз, во ПСЖ, но најважно е да се чувствувам добро“, рече Шкрињар на…

Read More

Белгискиот напаѓач кој е член на Челзи, а настапуваше со позајмица во Интер, Ромелу Лукаку би можел да се пресели во Ал-Наср. Според некои медиуми, Лукаку отпатувал во Саудиска Арабија за да преговара со клубот. Напаѓачот доби понуда со плата од 25 милиони евра по сезона. Саудискиот тим нуди двегодишен договор. Се истакнува дека Лукаку веќе ја одржал првата рунда преговори со Ал-Наср. На Белгиецот му одговараат услови, но тој има договор со Челзи до 2026 година. Лондонскиот клуб планира да добие најмалку 50 милиони евра за трансферот на играчот. Ромелу Лукаку оваа сезона одигра 36 натпревари за Интер во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 голови и…

Read More

Играчот од средниот ред на Хрватска, Лука Модриќ зборуваше за престојната средба со Холандија во Лигата на нации. „Би било неверојатно да се освои трофеј со Хрватска. Ова би било остварување на сонот. Постигнавме неверојатни резултати на последните две Светски првенства во Русија и Катар, но освојувањето на трофејот би било уште еден голем успех. Клучот за нашиот успех е пред се високата класа, а потоа силната психологија. Натпреварите за хрватската репрезентација, за боите на нашите дресови, за љубовта кон татковината – сето тоа не турка напред“, изјави Модриќ за прес-службата на УЕФА. Лука Модриќ оваа сезона забележа 51 настап за Реал Мадрид, постигна шест…

Read More

Дефанзивецот на Баерн, Лукас Ернандез го известил клубот од Минхен за неговата желба да се пресели во ПСЖ. Ова го пренесува новинарот Флоријан Плетенберг во својот „Твитер“ профил. Ернандез сака да го напушти Баерн една година пред истекот на договорот. Раководството на Баерн е подготвено да го пушти играчот, но само доколку ПСЖ ја плати потребната сума. Клубот сака 60 милиони евра за Лукас и исто така вклучува бонус дел во зделката. ПСЖ треба наскоро да донесе одлука. Во 2019 година, Ернандез се пресели во Баерн Минхен од Атлетико Мадрид. Трансферот изнесуваше 80 милиони евра. Минатата сезона Лукас за Баерн одигра само 11 натпревари во сите натпреварувања…

Read More