Келн и „Ланксес Арената“ секогаш нудат многу возбудувања на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони. По саботни полуфиналиња на „фајнал-фор“ турнирот во Келн, ракометна Европа денеска ќе добие нов ракометен владетел. Попладнево во „Ланксес Арената“ за трофејот во Лигата на шампионите ќе се надигруваат Магдебург и Киелце. Повторно се покажа дека во Келн не победуваат секогаш фаворитите и дека средбите на „Фајнл-форот“ се непредвидливи. Така, двете екипи на кои им се даваа помали шанси стигнаа до финалето ќе се борат за трофејот. Магдебург досега нема загубено финале во елитното натпреварување, има три титули, меѓутоа последната е во 2002 година.…
Author: riste
Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Каи Хаверц е блиску до преминување во Арсенал, според новинарот Флоријан Плетенберг. Т рансферот ќе изнесува 80 милиони евра. Баерн Минхен, како еден од претендентите за играчот, на крајот не упати понуда за Хаверц, бидејќи биле информирани колку напредувал Арсенал во преговорите. Претходно беше објавено дека Арсенал веќе му понудил на Хаверц договор со важност до 2028 година. Во сезоната 2022/2023 во англиската Премиер лига, Хаверц забележа 35 настапи, постигнувајќи седум гола и давајќи една асистенција. Челзи минатата сезона ја заврши на 12. место во Премиер лигата со 44 бодови од 38 натпревари, додека…
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе изјави дека ќе остане во ПСЖ и следната сезона и ќе одлучи за својата понатамошна кариера во наредната година. „Ќе останам во ПСЖ следната сезона и ќе одлучам за иднината дури во 2024 година. Многу работи може да се случат за една година, особено во клуб како ПСЖ“, изјави Мбапе. Претходно беше објавено дека играчот одбил да го обнови договорот со парискиот клуб до 2025 година. Во оваа насока се појавија шпекулации дека ПСЖ ќе се обиде да го продаде Мбапе ова лето за да не го загуби бесплатно по следната сезона. Во Лигата 1 сезона…
Манчестер Јунајтед подготви нова понуда за Мејсон Маунт и таа ќе пристигне во канцелариите на Челзи во наредните денови. Првата понуда, која беше за 40 милиони фунти, беше одбиена од лондончани. 24-годишниот фудбалер е под договор со сините до летото 2024 година и се очекува да го напушти клубот. Младиот играч на Челзи има 195 настапи за Челзи во сите натпреварувања. Во нив постигна 33 гола и 37 асистенции. Врвот на неговата кариера е освојувањето на Лигата на шампионите во 2021 година. Минатата сезона го мачеа повреди. Покрај трансферот на Маунт во Манчестер Јунајтед, се работи и на привлекување голман,…
Македонија загуби на вториот натпревар од квалификациите за ЕП во 2024 година и тоа на домашен терен од селекцијата на Украина со 2:3. Две различни полувремиња на нашата селекција, во првото играа, се надигруваа и ја контролираа играта, а во вториот дел како да играше сосема друга селекција која го загуби здивот во натрчувањето со противничката репрезентација. Почетокот на натпреварот беше со иницијатива на нашата репрезентација која се обидуваше преку крилните позиција да ја отвори одбраната на Украина. Сепак првите возбудувања се случија во 30.минута кога Матвиенко играше со рака во својот шестнаесетник, а судијата по асистенција на ВАР досуди…
Италијанските екипи Јувентус и Милан се заинтересирани за Кристијан Пулишиќ. Фудбалерот на Челзи е под договор со лондончани до јуни 2024 година и клубот со задоволство ќе се раздели со него ова лето за да добие пари од овој трансфер. Во секој случај, „сините“ ќе бидат во сериозна загуба, откако го привлекоа за 64 милиони евра од Борусија (Дортмунд) во 2019 година. „Росонерите“ веќе неколку месеци ја следат ситуацијата на американскиот интернационалец, но промените во управата може да се одразат на плановите на клубот за летната селекција. Јуве е подготвен да го вклучи Душан Влаховиќ во зделката. „Бјанконерите“ го ценат…
Наполи синоќа на својата веб-страница го објави назначувањето на Руди Гарсија со кратка порака која не откри колку е долг договорот на тренерот со клубот. Сепак, италијанските медиуми успеаја да откријат дека договорот на францускиот стручњак е на 2+1 година. Дополнително ја објавија и нето платата на тренерот која ќе изнесува 3 милиони евра по сезона. Станаа јасни и причините зошто претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис го избра Гарсија за наследник на Лучијано Спалети. Според „Скај Спортс“, тој му верувал на 59-годишниот поради неговото искуство во освојување титули (со Лил во Лига 1 во 2011 година), неговата работа со…
Македонија ја очекува тежок натпревар против Украина, а тоа го знаат нашите фудбалери. Капитенот Стефан Ристовски во име на фудбалерите ја пренесе атмосферата во нашата селекција и очекувањата од овој натпревар. „Сигурно ако ме прашувате Украина е број еден селекција од оние за кои ги сметаат за „НЕ фаворити“. Играат одличен фудбал, тој меч на Европското во Полска е различен од оној што ќе го играме утре. Тој меч колку што се сеќавам тогаш ние одигравме две различни полувремиња. Ние направивме грешки, кои Украина ги искористи. Ако сакаме да се надеваме на некаков пласман, мора да одиграме како што треба,…
Македонската фудбалска репрезентација утре треба да го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП во 2024 година. На Арената „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува селекцијата на Украина. Нашиот национален тим сака со победа и бодови да ги продолжи овие квалификации кои ги започна со домашна победа против Малта. Ова е многу важен натпревар со оглед на фактот што само три дена подоцна играме на гостински терен против Англија. Селекторот Благоја Милевски пред утрешниот натпревар зборуваше на официјалната прес-конференција. „Македонија утре сигурно ќе го даде максимумот како што го правиме тоа на секој меч. Тоа можеме да го очекуваме. Сите…
Екипата на Манчестер Сити, која пред само неколку дена освои историска тројна круна, започнува уште една одбрана на титулата во Премиер лигата со гостувањето кај шампионот од Чемпионшип Барнли, чиј менаџер е поранешниот капитен на „граѓаните“ Винсент Компани. Тимот на Пеп Гвардиола има за цел да стане првиот тим кој ја освоил титулата во Премиер лигата во четири последователни сезони. Големиот конкурент на „граѓаните“ за првото место минатата сезона – Арсенал, новиот обид за напад на врвот на англиската елита ќе го започне со гостување кај Нотингем Форест. Манчестер Јунајтед, исто така, има за цел да се врати во трката…
