Напаѓачот на Франција и Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, кој го постигна единствениот гол против Грција (1:0), го постигна својот 54-ти гол од почетокот на сезоната. Ова е рекордна бројка меѓу француските играчи. Напаѓачот на ПСЖ го собори рекордот пред речиси седумдесет години, откако претходното достигнување го постави Фонтен. Легендарниот напаѓач на Рем во сезоната 1957/1958 постигна 53 гола. Мбапе постигна 41 гол во дресот на ПСЖ, постигна 13 гола и за француската репрезентација. Вкупно Килијан Мбапе одигра 56 натпревари.
Author: riste
Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино се чини дека се откажа од идејата да бара нов голман ова лето. Аргентинскиот стручњак решил да ризикува и да му даде шанса на Кепа Аризабалага да биде број 1 на голот на лондончани во новата сезона, тврди „Ивнинг стандард“. Во последните денови многу се шпекулира дека Челзи е во потрага по нов голман, а последен се споменуваше Џорџ Мамардашвили од Валенсија. Привлекувањето на нов голман изгледа уште поитно откако стана јасно дека Едуард Менди е пред трансфер во правец на Саудиска Арабија. Сепак, Покетино не сака нов голман и има намера да се потпре…
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ја коментираше победата во натпреварот од 4. коло од квалификациите за ЕП – 2024 со репрезентацијата на Македонија (7:0). „Она што најмногу ме радуваше е тоа што секогаш кога ја губиме топката, желбата да ја вратиме навистина го даваше тонот на играта. Тогаш квалитетот на играта беше добар, а враќањето беше немилосрдно. Играчите имаа менталитет со кој мораа да работат. Во доцната фаза на ова чудовиште од сезона, постоеше секое оправдување, но тие не подлегнаа на тоа. Имаше момци кои се вратија од најважната недела во нивните кариери. Имавме момци кои поминаа две недели на одмор и можеа да му пристапат…
Англискиот напаѓач Хари Кејн постигна најмалку еден гол на 21 од неговите последни 22 големи меѓународни квалификациски натпревари (Европско и Светско првенство). Вкупно, напаѓачот на Тотенхем постигна 30 гола во овој период, објави „Opta Sports“. Дополнително, Хари Кејн погодува на 12. квалификациски натпревар за ЕП по ред. Хари Кејн го отвори резултатот во натпреварот од 4.коло од квалификациите од групата Ц за ЕП 2024 со репрезентацијата на Македонија, меч кој синоќа се одигра на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер. Во 29. минута од натпреварот тој постигна гол по асистенција на Лук Шоу, а во 73.минута од пенал постигна уште еден гол за конечните…
Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа го доживеа највисокиот пораз во историјата на гостувањето кај Англија. Загуби со 0:7 од домашната селекција, а дополнително разочара тоа што на овој натпревар не видовме ништо од нашите репрезентативци. По натпреварот на „Олд Трафорд“, селекторот Благоја Милевски говореше пред медиумите. „Пред да почнам со прес-конференцијата, сакам да ѝ се извинам на целата нација, во мое лично име и во името на играчите. Јас испраќам повик до играчите, јас одлучувам кој ќе игра, така што сакам да се извинам до целата македонска нација, посебно до оние кои дојдоа. Истовремено, голема благодарност и до нив затоа што допатуваа да не…
Англија убедливо ја победи Македонија во својот 4-ти натпревар од Квалификациите за ЕП 2024 година. Нашата репрезентација во третиот натпревар на Островот против Англија го доживеа првиот пораз со високи и убедливи 7:0. Натпреварот очекувано започна со целосна доминација на Англија и првите минути домашана селекција се обидуваше да дојде до предност но Македонија добро се бранеше се до 29.минута кога Рашфорд го проигра Шоу, а овој од левата страна нафрли по земја, на оваа топка натрча Хари Кејн и го соблада Димитриевски за водство на Англија од 1:0. Не се чекаше многу за вториот гол на Англија, по една…
Сопругата на голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико, Алба Силва објави добра вест за состојбата на фудбалерот – тој се разбуди од кома. „Па, ние сè уште сме тука, правиме мали чекори напред. Отпрвин почна да разликува светлина… Малку по малку, но од самиот почеток знаев дека ќе излезе… Но, ова е тежок процес, треба многу трпение“, изјави Алба. Во текот на викендот медицинските лица решија да му го отстранат седативот на 29-годишниот голман и конечно се исплатеше. Излегувајќи од вештачка кома, во која падна по несреќата на 28 мај, фудбалерот на ПСЖ успеа да ги отвори очите и да ги препознае своите…
Шпанскиот стручњак Андони Ираола потпиша двегодишен договор со Бурнмаут. Претходно Ираола три години раководеше со Рајо Ваљекано, договорот кој му важеше до крајот на минатата сезона. „Среќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Андони во клубот. Бидејќи летово му заврши договорот во Шпанија, сакавме да дејствуваме брзо. Тој беше многу баран кај другите клубови ширум континентот и неговиот стил на игра беше важен фактор во одлуката. Неговите достигнувања во Шпанија секако беа многу импресивни и сигурни сме дека тој е вистинската личност да го напише нашето следно поглавје. Идентификувавме голем број цели на трансфер пазарот кои, заедно со нашите јануарски засилувања, ќе го направат…
Рома го продолжи договорот со својот играч за врска Брајан Кристанте . Ова го соопшти прес-службата на римскиот клуб. „Многу сме задоволни што можеме да објавиме продолжување на договорот со Кристанте. Овој играч е се подобар од година во година и целосно го заслужува сето она што го постигна, вклучувајќи ги и трофеите што ги освои со Италија и Рома. Брајан отсекогаш ги ставал интересите на Рома над сè друго и покажува многу од клучните вредности што сакаме да им ги пренесеме на нашите млади играчи, како што се професионализмот и храброста“. Според изворот, новиот договор со 28-годишниот играч за врска ќе биде со…
Пари Сен Жермен има нов фаворит за тренер следната сезона со оглед на претстојното заминување на Кристоф Галтие, тврди „Телефут“. Како што е познато, до неодамна се мислеше дека Јулијан Нагелсман ќе го преземе францускиот шампион, но двете страни на крајот не постигнаа договор. Така, раководството на ПСЖ има нова приоритетна цел за тренерот на тимот, а тоа е Луис Енрике, кој останува слободен откако ја напушти функцијата селектор на Шпанија по завршувањето на СП 2022. Преговорите меѓу клубот и тренерот се очекува да се одржат во следната недела. Енрике во последните месеци беше поврзуван со Челзи, Тотенхем и Наполи,…
